30.8 C
Скопје
03/05/2025 15:19
МАКТЕЛ

     

БИТКА ПРОТИВ „ЗЕЛЕНАТА МАФИЈА” Екологисти-манипулатори со итроштина ја минираат изградбата на рудникот „Иловица-Штука“

      

Ќе ја бранеле струмичката котлина, младите сите ќе биле на нивите зошто тие (они) ја хранеле Македонија. И сега кога немаш информации викаш: Алал да им е. За грев се луѓето. Ќе ги трујат со цијанид. Мора да се бранат. Нема врска што со Закон е забранета употреба на цијанид и сулфурна киселина за експлоатација на минерални суровини. Важно е да се уплашат добрите и чесни граѓани кои немаат време да анализираат дали и зошто некој манипулира со нивните чувства, пишува колумнистот Виктор Грозданов.

Виктор Грозданов, кој себеси се претставува како некорумпиран колнумнист, во својата најнова колумна за порталот Нетпрес насловена „Инвестициски бум или еколошки вистински лаги“ пишува за невладините активисти кои се противат на изградбата на рудникот за злато и бакар „Иловица-Штука“, нарекувајќи ги „Зелена мафија“.
Тој пишува дека ова е почеток за економски бум и затоа нема место за манипулатори, кои, како што вели, заради театрални ефекти се служат со фрази од типот „ќе има војна ако треба“, а нивните ментори, посочува Грозданов, плаќаат новинари кои не разбираат дека таков израз е ширење паника и дека за јавна објава се лежи в затвор.

   

„Ш(т)о би рекле скопјани припаднициве на ‘Зелена Мафија’ многу паметни. Ќе ја бранеле струмичката котлина, младите сите ќе биле на нивите зошто тие (они) ја хранеле Македонија. И сега кога немаш информации викаш: Алал да им е. За грев се луѓето. Ќе ги трујат со цијанид. Мора да се бранат. Нема врска што со Закон е забранета употреба на цијанид и сулфурна киселина за експлоатација на минерални суровини. Важно е да се уплашат добрите и чесни граѓани кои немаат време да анализираат дали и зошто некој манипулира со нивните чувства. Таков ни е на пример извесен Мики Крстев. Не дека е многу важен овој лик, туку е експресија на иронијата која ја живееме. Примерот е вовед во една анализа која следи и во која ќе расчистуваме кој сѐ се нарекува еко-активист (борец против рудниците на смртта) и всушност го разградува вистинскиот НВО активизам, притоа вешто манипулирајќи со жителите на струмичката котлина за лични интереси. Мики бил спремен за ‘војна’. Струмица не ја давал на рударските инвеститори од западните земји. Оти тие лажеле, а тој наводно говорел само вистина.

И така, во интервју кај еден искусен новинар како Миленко Неделковски (единствен во Југославија го интервјуирал легендарниот Сена, учествува во Камел Трофи релија, нападнат со нож од секретарот на ФФМ на јужна трибина заради известувања за состојби во македонскиот фудбал, 19 сезони емисии со интервјуа) успева да сокрие еден многу важен факт. Овој Мики дури од Скопје да ни ги бранел жителите на струмичката котлина. Ајде што студирал Правен факултет во Штип туку се вработил и во јавното градско претпријатие Комунална хигиена во Скопје. Да, да, убаво читате, овој лик од Скопје, со решено егзистенцијално прашање им кажува на струмичани дека земјоделието ќе пропадне ако рударскиот комплекс Иловица-Штука се изгради. Им вели на струмичани, вие издржете таму долу на југоистокот, гледајте и плачете што секојдневно ви заминуваат децата во туѓина во потрага по подобар живот, а јас од тука од Скопје ќе стискам палци за вас.

Ако треба и во војна ќе одам. Итроштина која останува незабележена и од острото око на Миленко. Ни Струмица, ни котлина, ни Штука, важно тој си работи во Скопје и по налог на ‘Зелена мафија’ и другите од центарот за разнебитување на Македонија е екологист од пристојна дистанца, кој треба по секоја цена да спречи долгорочен економски развој за регионот каде е роден. Е затоа се чувствувам повикан, како општествено одговорен човек, да дадам свој влог во разобличувањето на една еколошка измама“, пишува Грозданов во колумната.Проблемот е поголем што заради страв од губиток на гласови и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фаќаат на јадицата кои им ја подметнуваат неколкумина извршители на еден ГРАНДЕ АНТИ НАТО план, додава тој.

„Каде се службите и што прават не знам. А, јавноста нека не се чуди зошто на средината на септември Македонија протера тројца руски дипломати и еден свештеник, кој до скоро живееше во Софија. И оттаму беше протеран. Нема случајности во животот. И да, да не заборавам со време да најавам. Посебен осврт ќе имам за улогата на министерката Каја Шукова, која мора да знае дека нештата се прават со сторување или несторување. А, најтешко се класифицираат кога се направени од незнаење и нестручност со потенцијал за огромни отштети. Во следните колумни има да објаснам за каков концепт на неедуцираност, ама финансиска заинтересираност, со стравична измама и поткупливост станува збор. Жал ми е за новинарите што се излажани и здраво разумните луѓе, ама за нивните колеги нема да имам никаква милост. Да ги изработат ликови како Крум Велков и остала … СРАМОТА!“, се вели во колумната.

Во продолжение, прочитајте ја колумната на Виктор Грозданов во целост:
Во наредниов период од неколку недели како што Ви ветив драги читатели ќе посветам внимание на тема непосредно врзана со моето образование како дипломиран инженер за екстрактивна металургија проткаено со професионалното минато, а тоа се медиумите. Мора да се обратам на здраво разумните луѓе во оваа Македонија дека сме под силен налет на специјален центар од источна словенска култура (ни се претставуваат како браќа), кој сака по секоја цена да ја разнебити оваа држава, која маченички сме ја стекнале и тоа само во еден правец. За финансии е глупаво да зборуваме зошто пари не се проблем кај нас: ќе се украдат, ќе снема, па ќе дојдат, па сиромаштија, па просветлување итн.

Но, се удира врз најмилото и најсуштинското. Врз нашите деца и врз нашата определба Македонија. Едноставно да нема никој од нас кои со милениуми сме присутни. Да ја продадат и разнебитат оваа убавина Македонија и да Ве изманипулираат сите вас со нивните полтрони и еколошки „Вистински Лаги“ дека се живее од воздух.
Ова е напад врз целата интелектуална сила без разлика дали станува збор за политичари, писатели, глумци, уметници, новинари или вистински научници и патриоти.

Мојата девиза е: Секое дете е злато за Македонија.
Запомнете убаво. За разлика од мене нивната девиза е: Да се спроведе „Бела Чума“ и да се продаде Македонија на „новите“.
И сега да објасниме што е разликата помеѓу мене и нив. Јас сум дипломирал на тема: „Избор на оптимална пиро-хидрометалуршка постапка за валоризација на никел од секундарни суровини“. А, сега подготвувам магистерска на тема: „Еколошка и економска придобивка за добивање на Злато од…“. Сето ова на моќниот Технолошко-Металуршки Факултет Скопје. Без овој факултет нема држава.

Ова го кажувам во следнава насока. Најголемите екологисти произлегуваат од оние кои знаат како се загадува. А, тоа сме ние металурзите. Што би се рекло по старински подобро прашај паталец наместо гаталец.Е сега, Македонија има проблем со гаталци. Овие гаталци немаат основни познавања за цивилизацијата, а се претставуваат екологисти и земјоделци. Еве јас ќе кажам две работи кои се многу важни, а гаталциве викаат „секоја чест“ мајстори:

Џингис Кан во неговите походи убил една петтина од тогашното население и ги сменил климатските услови. Ова е чиста вистина. И овие нашиве гаталци сигурно си велат, па алал да им е тогаш и на Леополд, Хитлер и нормално Сталин.
Го гледале оној легендарен филм со Арнолд Шварценегер и Џејми Ли Кертис со наслов „Вистински Лаги“ каде „Шварци“ е како демек компјутерски дистрибутер, а тој да ти работи за ЦИА. И овие велат и ние така. Демек екологисти и ќе си правиме филмови за НКВД, КГБ, ГРУ, ВАГНЕР……
Овие гаталци на пример немаат капацитет да разберат идеја која можат да ја дадат само металурзи со следно објаснување. Ние металурзите им честитаме на екологистите од Велес што го сопреа работењето на Топилницата, која е поставена наспроти сите научни истражувања и го загадуваше целиот град . Топилница мора да има повторно кај Велес, ама од другата страна и да се обрати особено внимание на отпадните води кон река Вардар. Грција ќе не благословува.
Ова значи само едно. Милијарди за Македонија.Ама некој не сака ваков развој. И затоа има создадено екологисти кои сите нормални би ги нарекле „Зелена Мафија“.

  

Најново

Албанезе ќе продолжи да биде премиер на Австралија

Sase Ivanovski

Тешка несреќа во Кавадарци – моторџија се излизгал на крстосница, тешко е повреден

Sase Ivanovski

50-годишен скопјанец е тешко повреден, го прегазил возач на „Голф“

Sase Ivanovski

Почна да се гради новиот автопат Тетово-Гостивар, ќе нè чини 90 милиони евра за 17,5 километри

Sase Ivanovski

Ѓорческа без финале на турнирот во двојки во Грузија

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект што го нарекуваше „тежок криминал“

Sase Ivanovski

Епилог од масовната тепачка меѓу навивачите во Сплит: Двајца тешко повредени, во болница и полицаец

Sase Ivanovski

Бакингемската палата се огласи по изјавата на принцот Хари дека сака помирување

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со заменик-шефот на јапонската дипломатија

Sase Ivanovski

Вучиќ е примен на ВМА во Белград, откако му се слоши и ја прекина посетата на Америка

Sase Ivanovski

Жената која се разнесе со бомба пред банка во Солун била Грузијка со „дебело“ полициско досие

Sase Ivanovski

Украинки, Србинки и Албанки уапсени во кафеана меѓу Тетово и Гостивар, МВР вели дека „го злоупотребиле туристичкиот престој“

Sase Ivanovski

Кавадарци: Крадец фатен во продавница со рацете во касата

Sase Ivanovski

Браќа ограбиле коцкарница во Бутел, однеле 24.000 евра здружени со вработен во казиното

Sase Ivanovski

Апасиев го прашува Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Sase Ivanovski

И во десеттиот обид, Косовскиот парламент не успеа да избере претседател

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека опозицијата ги организирала семејствата на загинатите во Кочани да протестираат во Скопје на денот на интерпелацијата

Sase Ivanovski

АВМУ: Слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци

Sase Ivanovski

Даштевски, Габер-Дамјановска и Лидија Неделкова во трката за судија во Стразбур, познати се и другите кандидати

Sase Ivanovski

Насилници тепале обезбедувач во Драчево, не сакал да пушти малолетно момче во казино

Sase Ivanovski

Бомба експлодира рано утрово во Солун, загина жена која сакала да ја постави на банкомат

Sase Ivanovski

Трилинг – Кога се очекува на дневен ред да се стави точката за Законот за употреба на јазиците?

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski

Министерство на внатрешни работи: Кривична пријава против полициски службеници од сообраќајна патрола во Скопје за „попречување на правдата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Димитар Атанасовски: Од дете на протерани предци од егејот до успешен живот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Најемотивното интервју во животот на Елена Ристеска

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Елена Ристеска: Не сакав да видам маж по разводот, но сега мислам поинаку

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Нешто Конкретно-Елена Ристеска: Ако фатам помлад дечко ќе речат види ја бабава!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) „Коцкањето ме уништи – ама моето признание можеби ќе спаси некој друг- Гоце Пејковски

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Паркот Сарај полн за првомајскиот пикник

Sase Ivanovski

Се подобрува состојбата на Панчо, но тој останува осомничен за пиротехниката во „Пулс“

Sase Ivanovski

АУЕ-ФОН уште еднаш потврдува дека за образованието нема и не смее да има препреки

Sase Ivanovski

Камбовски: Не може да зборуваме за независно судство, кога финансирањето е преку Владата

Sase Ivanovski

Истражувачкото новинарство и етичко известување во фокусот на дводневната обука на ЗНМ

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска ја посетив Општина Кавадарци и извршив увид во реализацијата на повеќе значајни инфраструктурни проекти

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) КАКО ЕКСПРЕСНО СЕ ЗАТРУПА ПЕПЕЛТА ВО РЕК БИТОЛА

Sase Ivanovski

(ВИДЕОРЕПОРТАЖА) ПРИЗМА: Македонија паднала за 6 места на индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“

Sase Ivanovski

Ахмети: Го цениме смелиот чекор на Таравари, тој многу порано сфати дека оваа влада е антиалбанска

Sase Ivanovski

Караџов за Николоски: Раскажува македонски приказни за лека ноќ

Sase Ivanovski

ЕК за најавата за заминувањето на Вучиќ во Москва: Односите со Русија не можат да бидат нормални додека трае војната

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина, Русија одбила прекин на огнот

Sase Ivanovski

РОМСКИОТ ЛИДЕР ДЕМИРОВСКИ СО ПОДДРШКА ЗА ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ: Во право си премиере, Ромите се продадени во Шутка!

Sase Ivanovski

ВРЕДИ: 2. мај историски датум, прогласена Слободна зона во Слупчане по конфликтот во 2001

Sase Ivanovski

Поминаа три месеци од одлуката на новата американска администрација за замрзнување на активностите поврзани со американската странска помош

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: ЗГРЕШИВ ШТО МУ ПОМОГНАВ НА КУРТО ДУДУШ ДА СТАНЕ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ШУТКА, ТАА ГРЕШКА ЌЕ ЈА ИСПРАВАМ

Sase Ivanovski

ПИЈАН ВОЗАЧ БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈА, ТИЕ ГО БРКАЛЕ НИЗ СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НИКОЈ НЕ САКА ВО ИМЕ НА ВЛАДАТА ДА СТАВА СМАЈЛИЊА И ЛОШКОВЦИ НА НОВИНАРСКИТЕ И МЕДИУМСКИТЕ ИЗВЕСТУВАЊА, НО РАСПИШАН Е НОВ ТЕНДЕР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПО СМРТТА НА ФРОСИНА ИМА ПОВЕЌЕ СООБРАЌАЈКИ

Sase Ivanovski

До кога?

Sase Ivanovski

Индискиот премиер ѝ даде оперативна слобода на армијата да одговори на нападот во Кашмир

Sase Ivanovski

Уште колку долго ќе можеме да седиме на две столчиња?

Sase Ivanovski

Муцунски: Средба со претседателот на Јапонската надворешна трговска организација, Сусуму Катаока

Sase Ivanovski
Вчитувам....