24.8 C
Скопје
02/05/2025 10:40
МАКТЕЛ

     

БЛАЖЕВСКА: Состанокот на ОБСЕ покажа дека дијалогот тешко се враќа откако нештата ќе отидат по ѓаволите

      

Не беше тешко да се претпостави дека шефот на дипломатија со најдолг стаж меѓу вчерашните учесници на Министерскиот совет на ОБСЕ, Сергеј Лавров, ќе се обиде да направи прес-пропаганден монолог, помалку поврзан со прашањата, а повеќе со рускиот интерес да се објасни неразбраната вистина.

Фактот што вчера никој не го поздрави од моментот кога влезе и се пробиваше низ пленарната сала до неговото столче, освен соседот од десно, (и рачно напишана порака „резервирано за НАТО“ за која реагираше Захарова), и фактот што некои претставници решија да не го слушаат неговото обраќање, очигледно го перпетуираше чувството на „слон во собата“.

   

Оттука, прес-конференцијата остана единствена формула за санирање на штетите и мала компензација за изгубеното внимание. Најавите за голем интерес за билатерални средби, според соопштенијата објавени на сајтот на руското МНР, се сведоа на три: со министрите за надворешни работи на Казахстан, Ерменија и на Унгарија. Дури и да биле 30 – небитно.

Едностраното тврдење, според кое Западот е виновен за сѐ, според тоа Русија за ништо, не е точка од која може да се тргне во решавање на конфликтите, и со ОБСЕ, и без ОБСЕ

Состанокот покажа дека дијалогот тешко се враќа откако нештата ќе отидат по ѓаволите. А до толку се отидени, што претставникот на Русија, која почна војна во Украина и предизвика огромен број цивилни жртви, денес му држи лекции за цивилни жртви во Газа.

Да тоа е многу релевантна тема, но од каква морална позиција Лавров говори за неа, додека ја негира руската војна во Украина и руската одговорност за страдањата на Украинците?

Нѐ недостигаа ни избрани рефрени за балканските состојби, дел за руското разбирање на македонските проблеми со името, со Бугарија и други „после битка – генерал“ приказни, кои немаат за цел да ја разбистрат, туку да ја заматат водата.

А тоа мора да биде поука за колективниот Запад – при неговата посредничка помош да не остава простор за асиметрични компромиси на штета на малите држави по што Русија бргу се самопрепорачува да ги лечи нивните рани, на еден манипулативен начин.

Едностраното тврдење, според кое Западот е виновен за сѐ, според тоа Русија за ништо, не е точка од која може да се тргне во решавање на конфликтите, и со ОБСЕ, и без ОБСЕ. Состанокот беше одлична можност да се разговара на овие теми, отворено, без суета, без калкулации „ако дојде тој, не доаѓам јас“, но епилогот покажа дека дефилирачката дипломатија сѐ уште е под нивото на нужната промислувачка дипломатија.

Што се однесува до напорите да опстои Организацијата, да се обезбеди присуство на сите и можност за дијалог, да се деблокираат клучни одлуки за нејзиното натамошно функционирање, Македонија направи сѐ. И повеќе од тоа.

Имаше и одлична организација, и врвно спроведени мерки за безбедност на делегациите, но го имаше и најважното – одговорниот однос на граѓаните, кои во изминатите три дена навистина дадоа личен придонес за севкупниот впечаток. Без нервоза и критики поради затворените улици, со висока свест за значењето на самитот, и со воздржување од употреба на возила, придонесоа во успехот Македонија да се покаже како одличен домаќин на состанокот.

Aко државата е ефикасна и брза кога во најдобро светло треба да се покаже пред светот три дена, мора да биде уште поефикасна за потребите на граѓаните дома 365 дена

Е сега, ако државата е ефикасна и брза кога во најдобро светло треба да се покаже пред светот три дена, мора да биде уште поефикасна за потребите на граѓаните дома 365 дена. Ако можеше за кратко време да се преадаптира салата „Борис Трајковски“, мора да има таква брзина и кога треба да се реагира за болници, училишта, градинки, разнишани мостови, оштетени пруги, патишта, свлечишта…

Големата „ергела“ од возила за потребите на состанокот треба да биде наше секојдневие, ама не за потребите на функционерите, туку за потребите на службите за Итна помош, противпожарните единици, ЦУК, за чистење и одржување на патиштата, за собирање смет, за спасување и други потреби.

Посветеноста кон инклузивен дијалог, во кој нема да биде исклучен никој, како што беше обидот да му се овозможи на Лавров да пристигне во Скопје, треба да е „добро утро“ во внатрешните политички односи на земјава.

Да беше така, немаше да се стигне до несогласување за уставните измени, а опозицијата да се жали дека била исклучена, неконсултирана и неинформирана за разговорите за решавање на проблемот со Бугарија. Или, опозицијата од медиумите да дознава дека в понеделник ќе има лидерска средба.

При инклузивен дијалог, во кој ќе бидат разговарани и надминати непрележаните детски болести на предизборните национализми и натпревари со етнички или верски симболи, земјата-претседавач со ОБСЕ уште посилно ќе покажеше дека дома го има моделот што носи стабилност, безбедност и мир. И дека многу земји, меѓу кои и од ЕУ, можат да учат од нас.

Мислењата и ставовите изнесени во колумните се на авторите и не нужно ги рефлектираат позициите и уредувачката политика на БИРН Македонија

  

Најново

Тетовската болница му бара 30 илјади евра на доктор за лекарска грешка со катетар, што не е докажано кој ја направил

Sase Ivanovski

Во кочанската болница на рехабилитација се триесетина повредени во пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Трамп го преименуваше Денот на победата и најави и дополнителен празник за славење на победите на САД

Sase Ivanovski

(ФОТО) Ватикан: Се инсталира оџакот на Сикстинската капела за престојниот избор на нов папа

Sase Ivanovski

Маж од Кумановско возел со 1,78 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Словенија е единствената земја-членка на ЕУ што го слави Денот на трудот два дена!

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ќе ја обнови водоводната мрежа на улица во Долно Лисиче

Sase Ivanovski

Се пиело и возело на Први мај: Казнети 132 возачи под дejcтво на алкoxoл

Sase Ivanovski

Во јуни ќе се знае кој ќе добие субвенции за струја

Sase Ivanovski

Македонија уназадува во слободата на медиуми, пад од шест места од лани

Sase Ivanovski

Трамп нареди укинување на финансирањето на државните медиуми

Sase Ivanovski

Избрани зетот и невестата за Галичка свадба

Sase Ivanovski

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Sase Ivanovski

САД и Украина потпишаа договор за минерали кој го зацврстува вложувањето во одбраната на Киев од Русија

Sase Ivanovski

Шведски новинар е осуден во Турција поради навреда кон Ердоган

Sase Ivanovski

Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

ССНМ: Колективните договори се основа за подобрување на работничките права во медиумите

Sase Ivanovski

Шест месеци од трагедијата на железничката во Нови Сад

Sase Ivanovski

Финансиските злоупотреби при изградбата на Тетовскиот театар: Предметот стигна до Врховен суд

Sase Ivanovski

Студентите плаќаат, но не ги избираат своите претставници во Студентското собрание на Универзитетот во Тетово

Sase Ivanovski

Треба ли власта да му се лути на Бујар Османи?

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Денес ги славиме оние кои работат вредно, посветено и пожртвувано

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во Скопје беше прославен Меѓународниот ден на џезот, дел од светско движење на УНЕСКО

Sase Ivanovski

Солидарност со семејствата на загинатите од Кочани преку фотоактивизам

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Sase Ivanovski

Митева: Владина делегација учествуваше на националниот ден на светската изложба ЕКСПО 2025 во Јапонија

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во делчевско, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Демократски Сојуз: Одржани првите политички консултации помеѓу министерствата за надворешни работи на Република Северна Македонија и Република Азербејџан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Филипче е воодушевен од Заев и дали и тој мисли како него дека македонскиот јазик е ист со бугарскиот?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Лицемерна глума на ССМ дека ги бранат работниците, додека прават договори со СДС

Sase Ivanovski

ВЛАДА: СДСМ ја лаже јавноста, сметки од услугите од бифињата кои ги плаќаат вработените, ги прикажува за трошоци за ручеци на министри

Sase Ivanovski

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Левица да каже како од левичарска партија се стекна со имот вреден 1 милион евра за 400 000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се гладни не за правда, туку за враќање на криминалниот луксуз

Sase Ivanovski

Бачев го честита 1 Мај: Тажно е со работниците, 30 години бандитите од власта стануваат најголеми капиталисти а работниците остануваат на улица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претрес во Дебар, пронајдени пиштол и муниција

Sase Ivanovski

ЦИВИЛ: Работничките права се човекови права – борбата продолжува!

Sase Ivanovski

„Луксузот ваш е од трудот наш!“, порачаа Синдикалците по повод првомајскиот протест за работнички права

Sase Ivanovski

ГРУЕВСКИ: НЕ САМО ТРГОВЦИТЕ И ДИЛЕРИТЕ, УПОТРЕБАТА НА ДРОГА ТРЕБА ДА Е КРИВИЧНО ДЕЛО И ЗА ОНИЕ КОИ ЈА УПОТРЕБУВААТ-КОНЗУМЕРИТЕ/УЖИВАТЕЛИТЕ

Sase Ivanovski

Криминалец, тоа ти е господин човек, невин човек, тоа ти е жива несреќа…

Sase Ivanovski

Денес е 33 годишнината на македонскиот денар

Sase Ivanovski

Jamón Iberico de Bellota е меѓу најценетите јадења во Шпанија…

Sase Ivanovski

ТОП 5 најскапи медови на светот…

Sase Ivanovski

Како работник со скратено работно време, определено со решение од Комисијата за оценка за работната способност, може да премине на полно работно време?

Sase Ivanovski

Нови снимки од дрон од северна Газа покажуваат цели населби претворени во урнатини по 500 дена војна

Sase Ivanovski

Тирана брзо се менува, со модерни згради кои го мешаат новиот архитектонски дизајн со локалниот стил…

Sase Ivanovski

Д-р Љубе: Само да прашам не врви појќе

Sase Ivanovski

Започна долгоочекуваниот Текнофест 2025 Во Турската Република Северен Кипар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ова е најлудиот ресторан во Белград

Sase Ivanovski

Снимателите Трајче Илиевски и Јован Лесански зборуваат за менталното здравје на медиумските работници во Македонија кои се под ризик поради хроничен стрес и притисок

Sase Ivanovski

Се наполнија границите, а и излетничките места низ државата. Матка , едно од најубавите места за релаксација од градската гужва и уживање во чистиот воздух,денеска преполна со граѓани кои решиле празникот да го одбележат токму овде

Sase Ivanovski

Муцунски: Со звукот на „Тешкото“, боите на македонското знаме и елементи од македонската традиција и култура, ми беше посебна чест, да се обратам на свеченото одбележување на нашиот Национален ден, во рамки на годинешното ЕКСПО 2025 во Осака, Јапонија

Sase Ivanovski

360°season: Граѓаните веќе немаат право да знаат и да се жалат кога градат соседи

Sase Ivanovski

„Само Интервју” со Панче Тошковски

Sase Ivanovski

Работата на македонско-бугарската историска комисија е најдобро да биде замрзната | Ѓорѓиев

Sase Ivanovski

Топ тема: Механизмите на собранието за разрешување на претседателката на ДКСК се лимитирани

Sase Ivanovski

ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА СЕМЕЈСТВАТА ВО КОЧАНИ: Треба ли да одговараат оние кои пуштиле малолетници?

Sase Ivanovski

СО СТЕВЧО БЕЗ ПАРДОН: Дали сите го местат или е правично осуден на затворска казна?

Sase Ivanovski

ОРЦЕ ОТКРИВА КАКО ЌЕ ГО ВОДИ СКОПЈЕ: Има ли конфликт со Перински за тоа кој ќе биде кандидат?

Sase Ivanovski

(ЦЕЛО ИНТЕРВЈУ) Првите 100 дена на Претседателот Трамп: Интервју во Овалната соба

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Пандов, директор на управа за извршување санкции

Sase Ivanovski

Топ Тема Интервју со потпретседателот на ДУИ Бујар Османи 28.04.2025

Sase Ivanovski

Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал ќе ја затворел

Sase Ivanovski

Мециновиќ: Лошо е што за вас ова е ‘несреќа’, а всушност е крах на системот кој ни уби сограѓани

Sase Ivanovski

Се повеќе несреќи на работното место – најмногу страдаат градежниците, вината најчесто е кај газдите

Sase Ivanovski

ЕКСКЛУЗИВНО: Кој ги манипулира родителите на загинатите од Кочани?

Sase Ivanovski

Петрушевски: Не може истите луѓе што го упропастија судството, да го реформираат, членовите од Судскиот совет треба да си дадат оставка

Sase Ivanovski

СДСМ е со работниците за 1 мај и секој друг ден

Sase Ivanovski

Лишен од слобода полициски службеник во Струмица поради предизвикување општа опасност

Sase Ivanovski

Приведени двајца возачи во тетовско, управувале возила со брзина над 170 км на час на места каде е дозволено 80 односно 100 км на час

Sase Ivanovski

По повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, министерот за одбрана Владо Мисајловски упатува честитка до сите вработени во Министерството за одбрана и сите воени и цивилни лица во Армијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Економијата се стабилизира и расте, индустриското производство во март 2025 е зголемено за 5,2 % во однос на март 2024 година

Sase Ivanovski

Сарамандов: Гевгелија станува урбана и модерна општина

Sase Ivanovski

Филипче: Трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша

Sase Ivanovski

Гаши: На Меѓународниот ден на трудот, упатувам честитки до сите работници во нашата држава кои со својата секојдневна посветеност и труд се столб на нашето општество и економија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка, тој води партија синоним на предавства, неспособност и криминал

Sase Ivanovski

Герасимовски: 1 Мај нè потсетува на важните вредности – трудот, солидарноста и социјалната правда

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија

Sase Ivanovski

Средба на Муртезани со претставници на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA)

Sase Ivanovski

Тешко повреден малолетник откако бил прегазен додека се возел на мотор

Sase Ivanovski
Вчитувам....