Кушевски посочи дека моментално не ја знае точната сума на долгот кон добавувачот, но нагласи дека се преземаат мерки за надминување на ситуацијата.Веќе неколку дена сметката на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) е блокирана поради долг кон добавувачот на нафта за автобусите, потврди директорот на претпријатието, Драги Кушевски, пред почетокот на вонредната седница на Советот на Град Скопје.– Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените – рече Кушевски, додавајќи дека и покрај финансиските проблеми, претпријатието продолжува со својата работа.
Кушевски посочи дека моментално не ја знае точната сума на долгот кон добавувачот, но нагласи дека се преземаат мерки за надминување на ситуацијата.Оваа блокада нема да има импликации врз тендерот за набавка на гориво и платите на вработените – рече Кушевски.На денешната вонредна седница, советниците во Град Скопје расправаат за предлогот за зголемување на цената за изминат километар за приватните автобуски превозници, што дополнително го отвори прашањето за финансиската состојба на ЈСП.