БОБИ СТЕФКОВСКИ: Вечерва имавме продуктивна средба со жителите од Раштак кои немаат вода за пиење
Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, а со цел изнаоѓање на соодветни решенија за истите.
Овој период се забележува проблем со недостаток на вода за пиење, поради несоодветно користење од страна на несовесни граѓани кои користат големи количини вода за наводнување.
Апелирам до граѓаните за рационално користење на водата која е наменета за пиење. Општина Гази Баба во соработка со ЈКП Гази Баба ќе ги превземе сите мерки за санкционирање на несовесните граѓани, а со цел заштита на сите граѓани на Раштак.