19.8 C
Скопје
30/05/2023 18:19
МАКТЕЛ

     

Боки 13 остана речиси без желудник; Хирургот: Пациентот е во ризична состојба, опериравме повеќе од четири часа

    

Повеќе од четири часа траела операцијата на Бојан Јовановски-Боки 13, кој остана речиси без желудник. Тој беше опериран од тим на специјалисти, меѓу кои беше и хирургот од болницата „Св. Наум Охридски“, Стојанче Јованов. Хирургот за „Макфакс“ посочува дека операцијата била премногу комплицирана и ризична.
„Отстранет е речиси целиот желудник. Многу мал дел од желудникот е оставен. Направена е ризична операција, пациентот сега е во ризична состојба, не во животозагрозувачка. Очекуваме да немаме компликации“, вели хирургот Јованов за „Макфакс“.
Боки 13 е во шок-соба, а неговото будење по анестезијата ќе биде бавно и тешко.
„Закрепнувањето не се знае колку ќе трае. Компликациите се тешки и смртоносни, во тоа е проблемот. Затоа бараме мир по вакви ситуации. Многу тешка и комплицирана операција“, додаде тој.

   

Хирургот Јованов посочува дека ова е последица на несоодветното лекување што го имал Боки 13, а чиј правен тим постојано праќаше аларм дека ќе биде подложен на операција доколку не добие прекин на казната за здравствената состојба да му се третира во согласност со препораките.
„И претходно не можеше да се лекува, а сега, пак, воопшто“, вели хирургот Јованов за „Макфакс“ прашан дали по операцијата, Боки 13 може да се лекува во затворот.
Операцијата на Боки 13 се изврши утринава.

 

Пред еден месец на Боки 13 му беше одбиено барањето од Кривичниот суд за прекин на казната. Истакна и жалба на решението за која однапред посочи дека очекува да биде одбиена по што и таква одлука беше донесена – тој да остане во затворот. До јавноста беа испратени и низа конзилијарни мислења, а во едно од нив потпишано од десетина доктори стоеше: „Во смисла на сериозноста, карактерот и интензитетот на болеста, кај пациентот се препорачува и се дава задолжително упатство за понатамошно лекување и третман, што би значело лекување исклучиво во домашни услови, веднаш и неодложно по завршување на болничкото лекување бидејќи пациентот со ваква здравствена состојба и опишаните ризици од неа, медицински е недозволено да се лекува во пенални услови“. Овој документ го добиле и во Кривичниот суд, но и во Управата за извршување санкции при одлучувањето по однос на прекинот на казна.

  

Во средината на февруари Боки 13 беше вратен во затворот. Адвокатите алармираа дека е во претканцерогена состојба и дека таа ќе се влоши. Тие доставија и хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје, каде што се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

    

Бидејќи немаше институционална реакција, а осудениот остана во затворот „Идризово“, Боки 13 побара реакција и од Амбасадата на САД. За тврдењата дека е цел на тортура, за наводите дека има криминално постапување од страна на Кривичниот суд, но и дека располага со сензитивни податоци за криминал што го правеле највисоките државни структури, ги известил Амбасадата на САД и амбасадорката Анџела Агелер. Неговиот адвокатски тим копија од писмото испрати и во јавноста, каде што наведува дека се бара од Амбасадата и од амбасадорката да го посетат Боки 13 во затворот.
На почетокот од март до јавноста беа доставени и медицински белешки со потписи и печати од разни доктори од итната медицинска помош по прегледи направени во затворот. Правниот тим на Боки 13 посочи: „11 лекари од брзата помош утврдија дека Боки 13 не може да се лекува во затворот“. Во нив, според нив, стои дека Боки 13 не може да ја добива препишаната терапија во тие услови, а таму ниту може да има хигиено-диететски режим, потребен за подобрување на неговата здравствена состојба.

На средината од март преку ново соопштение од правниот тим се алармира дека поради линчот и тортурата, здравјето на Боки 13 му е во алармантна состојба. Тие прашаа: „Кому му одговара да умре?“ Потсетија и на претходните ставови дека третманот што го има Боки 13 го носи само кон операција, која може да има и смртен исход, а за која докторите им посочиле дека не може да гарантираат за успешноста.
Истиот ден Кривичниот суд за „Макфакс“ посочи дека ја одбил жалбата на Боки 13, со која бараше прекин на казната поради влошената здравствена состојба.

На средината на март првпат во јавноста се обрати мајката на Боки 13, Јасминка Јовановска. Посочи дека Боки 13 е во лоша здравствена состојба поради тоа што е цел на изживување, малтретирање и тортура. Најави дека за ваквите последици врз неговото здравје одговорност ќе бара од инволвирани лица.
„Како мајка и родител, на ниедна мајка и родител не им го посакувам ова пеколно и злосторничко однесување кон чие било дете, затоа упатувам апел до јавноста за човечност и разумност во овие чувствителни моменти“, напиша таа, а на писмото се потпиша и нејзиниот сопруг Миле Јовановски.

Адвокатот Туфегџиќ испрати и ново барање до Кривичниот суд за прекин на казната на Боки 13. Адвокатот посочи дека Кривичниот суд и Управата за санкции знаеле за последиците што Боки 13 може да ги има ако не се почитуваат лекарските мислења кога донеле одлука да не дадат прекин на казната.
Боки 13 одново беше хоспитализиран во болницата „Св. Наум Охридски“ на 17 март. Од правниот тим беше известено дека ќе биде опериран бидејќи тоа веќе е неизбежно, а хирурзите што ќе го извршат оперативниот зафат се оградуваат од ризикот и одговорноста, а сето тоа поради нејзината сложеност.

  

Најново

Советничката на Петков под истрага за оддавање на тајни информации на власта во Скопје

Sase Ivanovski

При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови, за една недела ќе може да се аплицира, вели Меџити

Sase Ivanovski

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Sase Ivanovski

AETM: Успешно реализирана еко-акција на Водно со заедницата за е-трговија

Sase Ivanovski

За претседателот на Судскиот совет критиките се непријатни, но не отстапува од тврдењето дека се работи законски и без корупција

Sase Ivanovski

Спасовски учествуваше на регионалната конференција на МАРРИ „Успешни заедно! Регионални согледувања и пристапи за спречување и борба против трговијата со луѓе“

Sase Ivanovski

Вратите на Хубо Маркет се повторно отворени

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Арсовска: Господата од СДСМ и Мицковистите функционираат одлично

Sase Ivanovski

Нема договор за повлекување на специјалните единици од Звечан, се огласи МВР на Косово

Sase Ivanovski

Џафери: Иницијативата за една изборна единица заглавена во Комисијата за политички систем

Sase Ivanovski

ЕУ преиспитува дали Унгарија е способна да претседава следната година

Sase Ivanovski

Решена мистеријата зошто позелене водата во Венеција

Sase Ivanovski

Основните јавни обвинителства во државава добиваат 18 нови јавни обвинители

Sase Ivanovski

Шефот на „Вагнер“ бесен: Зошто по ѓаволите пуштате дронови да летаат кон Москва?

Sase Ivanovski

Седум деца од Македонија во мрежата на трговците со луѓе

Sase Ivanovski

Спасовски: Ја цениме поддршката на САД, кои се гаранција за стабилност на регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сојуз на глуви: Татко претседател, ќерка генерален секретар, старосватица секретарка, кум…

Sase Ivanovski

ФОКУС: Биљана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Sase Ivanovski

Американскиот КФОР пристигна во Лепосавиќ на Косово како засилување на италијанскиот контингент

Sase Ivanovski

Излезе од затвор собранискиот чувар Алими, кој ги даде клучевите за отворање на вратите на Собранието

Sase Ivanovski

Штом стигнат амандманите за измена на Уставот во Собрание, не може да се додаваат нови

Sase Ivanovski

Јанчева од СДСМ ѝ ја побара на градоначалничката Арсовска финансиската картичка на Градот

Sase Ivanovski

Универзитетот во Тетово го поништи конкурсот за избор на ректор, ќе распишат нов за да немало надворешни притисоци

Sase Ivanovski

СКАНДАЛОЗНО: АПЕЛАЦИЈА МУ ЈА НАМАЛИ КАЗНАТА ЗАТВОР НА МЕДИСКИОТ САТРАП МАРЈАН ДОКАЗ ОД 3 НА 2 ГОДИНИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДАНЕЛА РАСПАЛИ ПО СОВЕТНИЦИТЕ: Уличари,по 500 евра паушал зимате за да попувате место да работите

Sase Ivanovski

Битиќи: Цените на зеленчукот се намалија за 40 отсто по замрзнувањето, затоа ги одмрзнуваме

Sase Ivanovski

Три девојчиња годинава биле цел на сексуална експлоатација, изјави министерката Тренчевска

Sase Ivanovski

Студент на Економскиот факултет во Крагуевац се заканил дека на пладне сите ќе ги убие

Sase Ivanovski

Борел: Русија нема да преговара додека не победи во Украина

Sase Ivanovski

Вашингтон побара средба меѓу американскиот и кинескиот министер за одбрана, Кина не прифати

Sase Ivanovski

Дадилката на Коста К.: Беше добро и послушно дете. Ништо во неговото однесување не навестуваше вакво злосторство

Sase Ivanovski

Лајчак се обидува да договори средба меѓу Курти и Вучиќ, засега безуспешно

Sase Ivanovski

Вучиќ: Државите на Квинта итно да спроведат мерки кои ќе ја гарантираат безбедноста на Србите

Sase Ivanovski

Украина негира вмешаност во нападот со дронови врз Москва

Sase Ivanovski

Лога го потпиша Упатството за внесување етничка припадност во матичните книги

Sase Ivanovski

Нападот на Москва го изврши Украина, објави руското Министерство за одбрана

Sase Ivanovski

Борел го осуди насилството на Косово

Sase Ivanovski

Москва нападната со дронови, соборени од руската противвоздушна одбрана

Sase Ivanovski

Полска забрани влез на руски и белоруски камиони во земјата

Sase Ivanovski

Агелер: Зимата повторно ќе се врати, итно да се зголемат енергетските ресурси

Sase Ivanovski

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се обвинуваат меѓусебно за долговите на Град Скопје

Sase Ivanovski

Пендиков се врати во Охрид да даде изјава пред истражителите, ќе присуствува и на утрешното судење

Sase Ivanovski

Битиќи: Нема услови да се зголемат цените на производите по одмрзнувањето, но ќе реагираме ако има потреба

Sase Ivanovski

Премиерот Ковачевски на Безбедносниот форум на Глобсек 2023 во Братислава

Sase Ivanovski

Вучиќ до НАТО: Ако албанскиот окупатор пука, тогаш ситуацијата ќе биде сосема поинаква

Sase Ivanovski

КФОР ги повика Приштина и Белград да преземат одговорност за состојбата во северно Косово

Sase Ivanovski

Иницијативата за измени на Уставот на проверка во Министерството за правда

Sase Ivanovski

Специјалниот известувач на ЕУ Крамон порача Приштина да не праќа полиција во северно Косово

Sase Ivanovski

МВР во координација со Амбасадата на САД спроведе тактичка вежба „Лебед 2023”

Sase Ivanovski

Николај Денков доби мандат да формира Влада во Бугарија

Sase Ivanovski

ЛУДА ИДЕЈА: ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ДА СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОТЕСНА ОД ШТО Е?!

Sase Ivanovski

Денеска избори за нов ректор на УКИМ: Во трка се шест кандидати

Sase Ivanovski

Костадинов: Одлуките што треба да се донесат ќе дефинираат два блока – проевропски и изолациски

Sase Ivanovski

Протест во Белград поради случувањата во Косово

Sase Ivanovski

БИЉАЛИ: И по 33 години партијата ВМРО не престанува со штетна националиситчка политика. Од одбивањето да прифатат министри албанци во првата влада, хистеризирањето со името на државата, преку протестите за настава на мајчин јазик, за територијалната поделба на државата, за Преспанскиот договор, за Договорот со Бугарија, и конечно за Коридорот 8

Sase Ivanovski

Изјавите на Агелар и Марфи сугерира дека дошло време да се тргне лончето од ринглата, за да не претече млекцето на Мицко, па сите да се попариме

Sase Ivanovski

Алтернатива: Косово има право на суверенитет на целата територија, но не по цена на загрозување на безбедноста

Sase Ivanovski

На 5 јуни пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Sase Ivanovski

Вежба на МВР и САД утре ќе го блокира Скопје

Sase Ivanovski

КВИНТАТА ДА СИ ГО ВРАЗУМИ СВОЕТО ЧЕДО! Вучиќ со остри критики по судирот во Звечан

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ ПРИФАЌА ЛИДЕРСКА СРЕДБА, НО НЕ И УСТАВНИ ИЗМЕНИ „80 отсто од народот е против бугарскиот диктат“

Sase Ivanovski

Косовската претседателка: Српските илегални структури ја нападнаа полицијата, КФОР и новинарите

Sase Ivanovski

„Рамо до рамо до победа“ во Долнени, Велес и Ресен: Изборот е интеграција или изолација, Мицкоски да каже што одлучил: ЕУ или Левица

Sase Ivanovski

Лукаревска на трибината „Резултати што прават разлика“: Изградбата на коридорите ќе донесат 8.000 нови работни места и раст од 2 % на БДП годишно

Sase Ivanovski

Отворен нов центар за лица со попреченост во Општина Врапчиште, с. Градец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛУДО ВИДЕО ОД РУСИЈА: МЕЧКА БРКА ГРУПА ЛУЃЕ НА КРОВ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Курти има само една желба – да го доведе целиот регион до крвопролевање

Sase Ivanovski

Меѓународната заедница ги осуди нападите врз КФОР: Насилството во Косово мора веднаш да запре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕКОЈ САКА ДА НАПРАВИ ВОЈНА НА КОСОВО: Припадниците на КФОР не можат да ги извлечат повредените колеги од обрачот

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пожар во стан во Аеродром: На терен се противпожарните екипи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) И ДА ВРНЕ И ДА ВЕЕ, АМЕРИКАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МОРА ДА ОДИ НА ПАТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПАЛЧО: НА БРАНКО МУ ПРЕДЛОЖИВ СДСМ ДА ЈА ФИНАНСИРАМЕ ОД ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДА ГИ ОТКАЧИМЕ ОЛИГАРСИТЕ, ТОЈ ОДБИ

Sase Ivanovski

Вучиќ: И покрај гаранциите, КФОР не ги заштити Србите ниту го спречи насилното преземање на власта

Sase Ivanovski

Канал 5 дознава: Во преамбулата на Уставот ќе се впишат и Ерменците

Sase Ivanovski

Повредени десетици демонстранти и припадници на КФОР во протестите на Србите во северно Косово

Sase Ivanovski

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО ИЗЕДОА СТАПОТ ВО КОСОВО: 11 италијански војници се повредени во Косово, тројца потешко!

Sase Ivanovski

Вкупно се повредени 41 припадник на КФОР, тројца потешко ранети – Вучиќ: Не КФОР, туку припадник на РОСА со калашников пукал кон демонстрантите

Sase Ivanovski

Вкупно 53 повредени, а едно лице се бори за живот по судирот на Србите со косовската полиција и КФОР

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕСКАЛИРА СИТУАЦИЈАТА НА КОСОВО, ИМА ПОВРЕДЕНИ ВОЈНИЦИ НА КФОР

Sase Ivanovski
Вчитувам....