Вчера во стримот на ИНФОМАКС, уредникот Ацо Митовски – Мечка откри пикантерии од 4 часовната лидерска средба во собрание која се одржа вчера.
На средбата, лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски побарал од премиерот амнестија за осудените за 27-ми април ако власта сака опозицијата да гласа за уставни измени.
На предлогот одговорил премиерот дека судството е независно од извршната власт додека пак лидерот на ВМРО ДПМНЕ не се произнел за тој предлог. Митовски најави повеќе пикантерии за лидерската средба на следната емисија во која ќе учествува и градоначалникот на Карпош.