Фото: Pexels/Elina Sazonova
Правилото дека дамите секогаш имаат предност не важи во сите случаи, особено кога станува збор за бонтон во ресторанот, пишува „Пун куфер“.
Имено, мажот треба прв да влезе во ресторанот со цел да ја „истражи непознатата област“, односно да ја согледа ситуацијата во просторот. Треба да најде соодветна маса за него и неговата партнерка, а доколку е потребно – да ја резервира однапред. Дамите имаат приоритет при напуштање на ресторанот.
Кога станува збор за распоредот на седење, мажот треба да седи на страната на масата каде што лесно може да го види келнерот и да му даде знак да ја донесе сметката.
Доколку не ви се допаѓа нешто во врска со храната, повикајте го келнерот и учтиво, но без одлагање, објаснете му што е проблемот. Не чекајте предолго бидејќи ако ја „исчистите“ чинијата, ќе ви биде потешко да објасните дека храната не ви се допаѓа.
Ако ве збунува количината на прибор за јадење, нема да згрешите ако го изберете најоддалечениот од вашата чинија. Ножот се држи во десната, а виљушката во левата рака.
Кога ќе завршите со јадењето, оставете ги виљушката и ножот да стојат паралелно еден со друг. Ова ќе биде јасен сигнал до келнерот дека може да ви ги земе чинијата и приборот за јадење од масата.