Освен Охрид и Охридското Езеро, весникот препорачува и посета на Скопје со сите свои знаменитости како Старата скопска чаришја и нејзините улички и Камениот мост.
„Совршен начин да се помине едно попладне во Скопје е да се истражува раздвижената Стара чаршија, движејќи се низ калдрмата на ова неверојатно место“ е цитиран посетител на Скопје, кој исто така препорачува туристите да пробаат и по една ракија со локалните жители во местото каде што никогаш не е здодевно.Како главна точка на посетата на главниот град весникот го издвојува кањонот Матка, за кој пишуваат дека погледот што може да се види таму е неверојатнен.
„Дом на неколку манастири и пештери, езерото Матка е прекрасна локација која го одзема здивот, која сигурно ќе биде попопуларна бидејќи расте во светски размери. Се верува дека пештерата Врело е една од најдлабоките во Европа, ако не и во светот, а езерото е совршено за сите видови на водени спортови. Другите посетители можат да уживаат во прекрасни погледи, ресторани и патувања со брод на оваа скриена игра на дестинација“ пишува во „Експрес“.