Бујар Османи – министер за надворешни работи
Во оваа општина во сите настани сум бил присутен бидејќи тука е родното место на нашиот пријател, Адбилаќим Адеми. Нашата држава има стабилност, но има други држави кои се неподготвени, порано бевме важевме како нестабилна земја, со можност да го нарушиме мирот и соседството што некој го користеше ова како што сака. Сега оваа пролет на конфликти не функционира, бидејќи веќе не сме резервна земја за криза, сега дури и сепаратистите разбраа дека причината зошто во оваа земја повеќе нема конфликти, туку има стабилност е токму Али Ахмети. Оваа кампања сега се концентрира само на една точка, а тоа е Европската Унија. Оваа година Северна Македонија мора да ја помине точката од која нема враќање, уставните измени се клучниот момент за Северна Македонија затоа потребно е да покажеме внимателност и единство, да го завршиме проектот „Заедно за Европа“. Сакам да го цитирам лидерот Ахмети, кој рече дека државата во ЕУ ја водат Албанците и Македонците, но би рекол дека сега сме зајакнати од НАТО и ЕУ. Ние веќе го имаме НАТО и ќе ја имаме и ЕУ, појасни Османи.