Ова повеќе го доживувам како некаков спотер. Повторно дефокусирање од клучните прашања со кои електоратот треба да одбере и одлучи кој ќе добие шанса, кој треба да оди и да се преиспита, да собере, да погледне какви резултати донеле одредените политики и влијание, вели универзитетската професорка и актуелна пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска во вечерашната дебата во „Вин-Вин“ на Телма ТВ.„Посебно овде станува збор и за СДСМ, дури мислам дека е поголема тежината на одговорноста на ДУИ“, смета Василевска.
Како граѓанка, истакна Василевска, „ми пречи ДУИ да кажува дали Арбен Таравари има легитимитет или нема“.
„На власта не и пречеше, особено на ДУИ да го стават Арбен Таравари во власта и да преговараат со него да влезе во власта. Но, сега им пречи и тие кажуваат за внатрепартиска ситуација во една друга партија“, реагира Василевска.
Таа во овој случај гледа една двојна игра која, според неа кажува нешто друго, дека ДУИ ги изневери очекувањата на албанскиот електорат, на македонски граѓани со албанско етничко потекло.
„За сметка на тоа, имаме, не милионери, туку милијардери кои што се директно под контрола од врвот на картелот на ДУИ. За тоа не зборуваме само ние како опозиција, туку зборува и меѓународната јавност. Американската амбасада ги најави листите и тие ќе дојдат. Дали ќе дојдат сега, за шест месеци или година дена, никој не може да премолчи толку многу криминал, затоа што тој криминал навлегува и во другите сфери на општеството. И да бил контролиран или меѓународно оркестриран, заштитен од одредени причини, тоа не може долго да трае. Затоа што тоа е историски циклус“, истакна Василевска.