Победата на Швајцарија против Србија е причината поради која стотици луѓе вечерва излегоа низ улиците на Куманово да прославуваат.Еден од трите голови за Швајцарија го даде Шаќири, а капитен на оваа селекција е Гранит Џака.Овие двајца швајцарски репрезентативци се со албански корени, па токму затоа веројатно е голема радоста на дел од луѓето кои живеат во Македонија за победата над Србија.Во Куманово беа развеани повеќе албански знамиња и се скандираше во чест на победата на Швајцарија против Србија.Видео кое се појави на социјалните мрежи, покажува како полицијата се обидува да ги отстрани автомобилите од сообраќај, кои буквално застанале во место и не возат, напротив пуштиле гласна музика и преку прозорите маваат со знамиња.Откако полицискиот службеник му порача на возачот да се повлече, топлата најпрво со свирежи се обрати кон полицајците, а потоа и тргнаа кон нив, иако немало никакви физички контакти во таа ситуација.