Токму затоа од него се дистанцираат и партиските функционери на ВМРО-ДПМНЕ, и медиумите блиски до неговата партија.
Својата неспособност да се справи со предизвиците кои ги носи функцијата која ја извршува, градоначалникот Јовчески не може да ја покрие со бегање од граѓаните. Уште помалку, со присвојување на проекти реализирани од неговиот претходник.
Ако имаше барем малку доблест, Јовчески јавно ќе се извинеше за зголемените цени на водата и комуналните услуги, на паркингот и јавниот градски превоз. Ќе се извинеше и заради излажаните ученици, и заради партизацијата на администрацијата. Заради сето она што го вети, а не го исполни. Заради фактот дека со лага дојде на власт. Заради намерата со лага да го помине целиот мандат.
Градоначалниче Јовчески, Осмели се, охрабри се и конечно направи нешто добро за себе, за партијата која те кандидираше, за граѓаните на Прилеп – поднеси оставка! Итна и неотповиклива!