Валентина Стефанова, директорката на О.У. Панко Брашнаров во Велес, се обрати до редакцијата на Либертас со дообјаснување на начинот на кој првачињата биле повикувани во училиштето на првиот училишен ден годинава. Иако во својот говор за почетокот на школската година таа изјави дека звукот на камбаната го обележал почетокот на годината и ги повикал учениците сега инсистираше да дообјасни дека всушност станува збор за училишно ѕвонче.
-Панко Брашнаров е најстаро училиште во Велес. Порано учениците биле поканувани со училишното ѕвоно кое е на кровот на училиштето. Не е никако црковна камбана, иако терминот “камбана” го користат велешани колоквијално за ѕвоното. Сега пред неколу години ја реновиравме фасадата и се трудевме да ја заштитиме автентичноста на зградата. На почетокот беше интонирана химната а потоа традиционално го одбележавме почетокот со училишното ѕвоно – изјави таа.