27.8 C
Скопје
01/06/2025 12:35
МАКТЕЛ

     

(ВИДЕО) Истрага за Кочани: За и против пристапот со „долгорочен каузалитет“

      

Јавното обвинителство останува на стратегијата да бара не само директна, туку и индиректна одговорност за настанот кој се случи на 16 април 2025 година, одејќи наназад до 2012 година во потрага по дејствија кои може да се поврзат со штетната последица. Таквиот пристап досега резултира со голем број осомничени (59 лица и три фирми) и потенцијал случајот да се претвори во мегапредмет
Но, се погласни се и критичарите кои велат дека, на пример, ако некој земал мито пред 13 години за да „замижи“, невозможно е да се докаже дека тоа го сторил со умисла да загинат луѓе. Таквите гласови повикуваат да се гонат и тие лица, но за кривичните дела кои директно ги сториле. Во спротивно, стравуваат од огромен судски предмет кој ќе заглави во судовите

Недела е ден за одмор. Но, изминатава не беше таква за државниот јавен обвинител и министерот за внатрешни работи. Повод за прес-конференцијата беше проширувањето на истрагата за пожарот во Кочани за уште 19 лица. Со тоа, во тој момент, бројот на осомничени се искачи на вкупно 52-ца. Билансот, оттогаш се искачи уште еднаш – на 59.

Каузалитет

Има толку многу осомничени затоа што обвинителството ги гони и оние што се осомничени како директно одговорни за пожарот, но и оние кои, според обвинителството, придонеле за исходот.

Панче Тошковски и Љупчо Коцевски
Се истражува одговорноста и на сите институции и службени лица кои со своите незаконити дејствија и пропусти во континуитет довеле до тоа кабарето ПУЛС во Кочани од самиот почеток во подолг временски период па се до настанување на пожарот да продолжи да врши угостителска дејност без воопшто да исполнува законски услови за тоа и со нарушување на сите безбедносни правила по животот на лицата кои го посетувале објектот.  
изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на 13 април 2025.

   

Клучниот термин тука е каузалитет. Во суштина, тоа значи дека кривична одговорност се бара не само во дејствијата кои непосредно придонеле за пожарот, туку и во серија пропусти што заедно довеле до тоа објектот воопшто да работи.

Љупчо Коцевски, јавен обвинител на РСМ
Предмет на анализа е и таканаречениот кумулативен ефект на пропуштањатаАко повеќе различни лица во текот на долг временски период прават повторувачки пропусти, тие се дел од поширока причинска врска. Ова значи дека дури и ако едно индивидуално пропуштање не е директна причина за штетата, нивниот збирен ефект може да биде критичен. Континуирано игнорирање на ризикот во долг временски период може да создаде основа за правна или етичка одговорност. кажа Коцевски.

Ваквиот пристап можеби создава впечаток во јавноста дека институциите сериозно работат на расветлување на случајот, во сите негови аспекти. Но, кај дел од стручната јавноста наиде и наидува на резерва.

Златко Јакимовски, доктор по правни науки и адвокат
Проблемот со каузалитетот е тоа што однапред се создаде еден впечаток во јавноста дека секое каузално дејствие е скривено дејствие, виновно дејствие. А тоа, суштински, не е така. Затоа што, може определно дејствие да биде каузално, за да предизвика одредена последица, меѓутоа тоа самото по себе не значи дека е противправно, а второ дека истото е виновно или умислено. Конкретно, неспорно е дека пропусти има на сите страни, кај сите коишто учествувале наназад не само од 2012-та, туку од почетокот на нашата државност има пропусти во различни сегменти на општеството. Меѓутоа, битното прашање кое треба да се утврди, и тоа не само да се утврди туку и да се докаже, е умислата на оние учесници во дејствијата на пропуштање. Неспорно е дека некој којшто бил градежен инспектор или надзор на објектот кога се правела пренамена… неспорно е дека можеби пропуштил да преземе некое дејствие, меѓутоа во неговата умисла сигурно не била опфатена последицата којашто настапи на крајот. вели адвокатот Златко Јакимовски.

Државниот обвинител, кога говореше во неделата, рече дека ги има предвид критичките опсервации на стручната јавност. Во поддршка на својот пристап, пак, тој за аргумент искористи три пожари во други држави со речиси идентично сценарио како во Кочани. Кажа дека сличен бил пристапот на тамошните правосудни органи при трагедиите во клубот „Колектив“ во Букурешт, Романија во 2015 година, во „Кис“ во Санта Марија, Бразил во 2013-тата и „Стејшн“ во Вест Варвик, САД во 2003 година. Во сите случаи има голем број жртви, а директна причината е пиротехника во комбинација со лесно запаливи материјали.

Одговорноста не беше ограничена само на оние што директно го предизвикале пожарот, туку и на оние што овозможиле опасни услови преку серија на административни и надзорни пропусти. Ова покажува дека правото признава долгорочен каузалитет, особено кога постои јасен образец на игнорирање на ризиците што резултира во катастрофа. изјави Коцевски во неделата.

Па, прво на интернет побаравме потврда за тоа што го кажа Коцевски. Испадна дека не е баш така.

Моментот пред започнување на пожарот во клубот „Стјешн“ во САД

По пожарот во „Стејшн“ во САД, обвинети и осудени се три лица – двајцата сопственици на клубот за убиство од небрежност на 200 лица и организаторот на концертот. Утврдена е индиректна одговорност за пропуст кај надзорните органи кои не забележале дека во клубот има запаливи сунѓери за звучна изолација, но тоа не резултирало и со нивен кривичен прогон.

Обиди да се спасат жртви при пожарот во клубот „Кис“, Бразил

По пожарот во „Кис“ во Бразил, пак, каде загинаа 242 лица, осудени се четворица – двајца сопствениците на клубот и двајца членови на бендот кој настапувал таа вечер. Судени се за убиство и за обид за убиство. Нема информации дека се гонети индиректни виновници.

Моментот пред започнување на пожарот во клубот „Колектив“ во Романија

По пожарот во „Колектив“ во Букурешт, каде загинаа 64 лица, отворени се два предмета. Во првиот, осудени се сопствениците на клубот, пиротехничарот, но и градоначалникот на областа и двајца пожарникари. Градоначалникот и пожарникарите се гонети за индиректна одговорност, бидејќи дозволиле клубот да работи без да ги исполнува соодветните услови. Вториот предмет се водел за министерот за здравство, дека доцна побарал трансфер на пациенти во странство што довело до многу починати меѓу повредените. Тој случајот, на крај, е отфрлен.

Бидејќи бројот на обвинети и осудени во сличните трагедии се брои на прсти, а во Кочани веќе се речиси 60, прашавме во обвинителството – со какви податоци тие располагаат, штом се повикаа на нив. Ни вратија дека податоците биле јавно достапни, но и дека:

Она што е веројатно специфично за случајот во Кочани, за разлика од сличните примери од други земји, е што почетниот момент на пропуст е повеќе години наназад, од самиот момент кога клубот започнува со работа и ниту една институција повеќе од 10 години не го прекинала тој каузален синџир. Фактот што долга низа години не бил извршен инспекциски надзор ниту некој постапил за очигледно непочитување на сите минимално технички и безбедносни правила и прописи, значително влијае на опфатот на лица кои имаат одговорност за своето постапување или непостапување.

Правниците кои имаат критички однос кон овој пристап не се против да се гонат сите што направиле пропусти. Напротив, вели Јакимовски, треба да се гонат, но секој за делото што го сторил.

Златко Јакимовски, доктор по правни науки и адвокат
Неспорно е дека треба да се бараат директни виновници. Дека во нивните пропуштања постојат определени исполнување на законските битија на некои други кривични дела. Тука проблемот е можеби што дел се застарени, дел се со многу поблага казна и така натаму. Меѓутоа, ние не видовме од јавниот обвинител да каже конкретно – за кое кривично дело, односно наведено е само тешки дела против безбедноста од 292 во врска со 288, за предизвикување на општа опасност, меѓутоа никаде не беше наведено и објаснето дали се работи за соизвршителски дејствија, помагачки дејствија, дали секој од обвинитетите преземал самостојно дејствие на извршување на кривичното дело, дали тие делувале со заедничка умисла и во таа ситуација притисокот за докажување на ваков предмет во судска постапка е исклучително голем.

Опфат

Следејќи ја логиката која ја наметна, Јавното обвинителство сомничи голем број лица што биле на позиција во различни институции од 2012 година до денот на пожарот – 16 март 2025 година.

Спровод на поранешните градоначалници на Кочани

На пример, сите градоначалници на Кочани во тој период и сите директори на Дирекцијата за заштита и спасување.

Но, во јавноста остана нејасно – зошто се опфатени сите министри за економија, освен последниот? Па и зошто воопшто се опфатени, ако уште од 2008 година, како што кажа и премиерот, ова министерство не е обврзано да ја проверува вистинитоста на апликациите за лиценци.

Христијан Мицкоски, премиер (18 март 2025 година)

„Токму тоа ви го кажувам, тука е пропустот со измените во законот во 2007-ма година дека правното лице е тоа коешто самото тврди дека ги исполнува условите. Да, тоа е проблемот. Никој не го проверува, законот не предвидува“,

изјави премиерот Христијан Мицкоски на 18 март 2025 година.

Сета документација требало да биде прибрана и врз основа на таа документација министерот дава лиценца. Во конретниот случај, за сите лиценци нема потполна и законита документација.
– Сакате да кажете дека…
Тоа е верижната реакција во изадавањето на лиценци затоа што министерот, не само еден туку сите министри, не ги почитувале законите, односно издале лиценци коишто не биле потполни и немале законска документација.
– Прашањето е – кој член од законот го прекршиле, каде вели дека треба тие да…
Конкретно, во однос на законска одредба не можам да ви цитирам, тоа е дел од истрагата. Не е само еден закон. Ви кажав, членови се повредени на повеќе закони.

Во истото интервју, Коцевски беше прашан – зошто тогаш не е осомничен и сегашниот министер?

Во конкретниот случај до министерот нема стигнато никаква документација за издавање на лиценци и затоа тој не може да биде одговорен во случајот, последниот зборувам министер што е сега на власт. Коцевски објасни дека во време на актуелниот министер не е барана лиценца за „Пулс“, па тој не може да биде одговорен. Но, како што покажува јавно објавениот регистар, во време на актуелниот министер бареле и добиле лиценца други ноќни клубови. Дел од тие лиценци сега се одземени, по контролите по пожарот во Кочани. Значи ли тоа дека нема кривична одговорност за незаслужени лиценци, се додека нема жртви?

Судење

Веќе кажавме, за пожарот досега се осомничени 59 лица – сите за исто кривично дело, во две постапки. Ако остане како што е – тоа ќе значи мегапредмет.

Од отворањето на судницата во Идризово

Дури и најголемата судница во земјава, во Идризово, веројатно нема да ги собере сите обвинети, заедно со нивните бранители и се разбира – обвинителите.

Вакви егзибиции, со толкав број на обвинети лица, не само што е опасна работа од аспект на правната предвидливост, правната сигурност, како и за барањето за законска одреденост на битието на кривичните дела. Значи, тоа е во директен судир со таа концепција, којашто ги штити правата на обвинетите. Понатаму, тоа е исклучително скапа работа која може да не чини многу пари, нас како држава, на крајот на оваа постапка, бидејќи не можете да завршите предмет со 60 обвинети.
вели Златко Јакимовски, адвокат.

За овој дел, се чини, во јавното обвинителство веќе има свест дека треба да се најде друго решение.

Љупчо Коцевски, гостување на ТВ Телма (15 април 2025 година)

Телма: Обвинителството ќе ја заврши работата можеби во три месеци, но потоа ќе поднесе обвинение и гломазен предмет, огромен предмет, со многу докази и дали ќе го пуштате да заглавува во судските лавиринти?

Така. Во однос на тие предмети веќе имаме искуство со предметот „Змиско око“ кој речиси 18 години се водеше. Се водеше на околу 70-тина обвинети. Навистина тежок гломазен, огромен предмет. Меѓутоа и таа околност ја имаа јавните обвинители во предвид. Ќе видиме, во однос на овој предмет, дали ќе остане целиот предмет со сите обвинети, имајќи предвид дека сега, еве, организиран криминал ќе има помалку и така, во овој дел, јавните обвинители размислуваат дали да бидат опфатени сите или согласно нивните надлежности или периодот. Ќе видиме. одговори државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

Во писмениот одговор, пак, од јавното обвинителство ни рекоа дека од прибраните докази ќе зависи кои од лицата под истрага, ќе бидат и обвинети. За двајцата директори на Државниот пазарен инспекторат работата како да е тргната во таа насока. И натаму се осомничени, но се чини, без цврста основа. И за нив и за останатите, на епилог нема да се чека долго. Не повеќе од два месеца.

   

Најново

Од Бигорски манастир со молба до верниците да бидат достоинствени и смирени

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се жали не го слушале советниците, или стигна потврда дека Филипче не е претседател ниту на советниците на Заев

Sase Ivanovski

Трипуновски: Треба да се набави домашна храна во државните стокови резерви

Sase Ivanovski

Нареднава недела топло време со температури до 37 степени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Во тие 5% за одбрана што ги бара САД ќе влезат и коридорите 10 и 8 кои ќе ги користи НАТО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Сигурен сум дека од Таравари е разочаран и самиот Таравари

Sase Ivanovski

Вардар и Пелистер денеска во Охрид играат за трофејот во Купот на Македонија

Sase Ivanovski

Инсулинот што се увезува е квалитетен но не е од најнова терапија оти по ништо не сме на врвот на светските ранг листи и се купува поефтино

Sase Ivanovski

Во израелски напад врз пункт за испорака на хуманитарна помош во Рафа загинаа 30 лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОБВИНИТЕЛИТЕ КОИ ЈА ВОДЕА ИСТРАГАТА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ СЕ ИЗБРАНИ ОД СДСМ И ДУИ, КАКО СЕГА НЕ ИМ ЧИНАТ?!

Sase Ivanovski

Фицо: Без право на вето на секоја членка нема да има Европска Унија

Sase Ivanovski

Во деловите каде прокиснува во Кочанската болница не се третираaт повредените од пожарот,толкувајте посмирено вели Клековски за РСЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Живковизмот е се уште жив во Бугарија, каде изчезнаа 200 000 Македонци кои ги имаше на пописот па ги снема?!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Жалам што Арсовска добива закани по живот, ја охрабрувам да пријави во МВР

Sase Ivanovski

Малолетник тешко повреден во сообраќајка во Кавадарци

Sase Ivanovski

ЈП „Водовод и канализација“: Преголема потрошувачка на вода во Чаир, мрежата пребрзо се празни

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МИЦКОСКИ: Нечовечки и нехумано е тоа што се злоупотребува трагедијата во Кочани за политички цели

Sase Ivanovski

Старото игралиште во Ново Лисиче ќе стане мултифункционално

Sase Ivanovski

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите во Париз

Sase Ivanovski

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини нема подолго задржување

Sase Ivanovski

Затворен е патот кон Теферич на Водно поради свлечиште

Sase Ivanovski

АРСОВСКА ГО ОБВИНУВА И ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО „Ганиу уништува докази, а ЈО ќе рече не нашле ништо“

Sase Ivanovski

Неколку села во скопско ќе останат без струја

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РЕНОВИРАНА ИНФЕНКТИВНАТА КЛИНИКА ПРИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР МАЈКА ТЕРЕЗА

Sase Ivanovski

„ОБВИНИТЕЛСТВОТО МЕ МАЛТРЕТИРА И МЕ СТАВА ВО ДОПОЛНИТЕЛНА ОПАСНОСТ“ Арсовска ќе однесе докази, оти не се плашела од Ганиу и од Меџити

Sase Ivanovski

192 ПОВРЕДЕНИ И ДВАЈЦА ЗАГИНАТИ ВО ХАОТИЧНОТО СЛАВЈЕ ВО ПАРИЗ Навивачите на ПСЖ приредија дивјачки неред

Sase Ivanovski

И партијата на Георгиевски се вмеша во именувањето на нов митрополит: Ѓоко нема ден монашки живот

Sase Ivanovski

Насилства низ Париз по победата на ПСЖ во Лигата на шампиони, Херцог го осуди вандализмот врз еврејските институции

Sase Ivanovski

ВИДЕО | ПСЖ го декласираше Интер за прва титула во Лигата на шампионите

Sase Ivanovski

Видео: Седум загинати и 30 повредени во железничка несреќа во Русија поради уривање на мост

Sase Ivanovski

Иса Селими и Александар Петровски балкански шампиони во карате

Sase Ivanovski

Илон Маск толку многу се дрогирал како советник на Трамп што добил проблеми со мочниот меур, објави Њујорк Тајмс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сашко Митовски: Време е за нов чекор напред, покажавме дека можеме многу!

Sase Ivanovski

Митовски ќе оди во трка за нов мандат за градоначалник на Крива Паланка

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја урниса секоја област во општеството, да си ја земеме државата назад

Sase Ivanovski

СИ ЏИНПИНГ СИ ПОСТАВИЛ РОК ЗА MOЖЕН НАПАД НА ТАЈВАН? Американски министер предупреди дека времето истекува

Sase Ivanovski

Филипче: Влезот во ЕУ значи обединување на сите Македонци!

Sase Ivanovski

РЕШЕНИЕ ЗА ЗАОСТАНАТИТЕ ПЛАТИ ВО ИНСПЕКТОРАТОТ ЗА УПОТРЕБА НА ЈАЗИЦИТЕ Институцијата ќе биде под министерството за правда

Sase Ivanovski

Еднократна финансиска помош за пензионерите од Гази Баба со пониски пензии

Sase Ivanovski

Тошковски за ,,Фокус”: Можно е да има проширување на истрагата за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Македонската репрезентација во џиу џица со седум медали на меѓународниот турнир во Јахорина

Sase Ivanovski

ЈП Водовод и канализација: Постигнато е нивото на редовно водоснабдување, но поради преголема потрошувачка во Чаир мрежата се празни пребрзо

Sase Ivanovski

Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител: Замолуваме да не биде изгубено од вид она што е над сè: единството на нашата Света МПЦ-ОА

Sase Ivanovski

Јаневска: Модернизација на студиските програми и повеќе пракса во компании ќе ги задржи студентите на нашите универзитети

Sase Ivanovski

Филипче: Ако Мицкоски продолжи вака, нема ни Господ нема да му помогне

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Мајка-мечка со две мечиња на патот Маврово-Дебар

Sase Ivanovski

Кратовчанец ја натепал сопругата, ѝ се заканувал и со нож

Sase Ivanovski

Насилник ги нападнал поранешната девојка и нејзин колега во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

Филипче од Крива Паланка: Митовски доби поддршка за уште еден градоначалнички мандат

Sase Ivanovski

Општина Аеродром ги забрани асфалтните и бетонските бази на нејзина територија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТРАЈАНОВ: Акцијата за апсење на убијците од Беланоца и Барон е голем успех на институциите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Арсовска поднесе пријавa во ОЈО: Постапете пред да ги уништат доказите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) За руинираниот двор и плато пред објектот на македонската Влада – Александар Видиновски и пратеникот Бојан Стојаноски

Sase Ivanovski

СЗО побара забрана за ароматизираните тутунски производи

Sase Ivanovski

Германија блокирана: Грешка во апликацијата „Гугл Мапс“ предизвика тотален хаос на автопатите

Sase Ivanovski

Томас Вајц за БТВ: „Не гледам проблем за македонскиот идентитет и јазик“

Sase Ivanovski

Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Sase Ivanovski

Жена на 33 години загина, а шест други лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

Русија ја опомена сојузничката Србија за снабдување на Украина со оружје

Sase Ivanovski

Во куќа во Гевгелија пронајден починат 38-годишен маж

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите со порака до полицијата: ” Бараме правда за секое дете што загина, тоа беше масовно убиство, не ги штитете убијците!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Дали МВР постапува по наводите за дивоградбите во Чаир и за вчерашното дивеење на Ганиу?

Sase Ivanovski

ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПО 30.000 ДЕНАРИ ЗА СЕКОЕ ОБУЧЕНО ЛИЦЕ Грант за самовработување ќе добијат 1.703 невработени лица

Sase Ivanovski

Пет можни сценарија за крајот на војната Русија-Украина според американската банка ЏП Морган Чејс

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Исмаил: Британската агенција која ќе го кредитира договорот за заем има сериозни корупциски скандали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА: СДСМ ги признава грешките и учи од нив, ВМРО ДПМНЕ и нејзините сателити ќе направат се да го саботираат влезот во ЕУ за да може на раат да крадат!

Sase Ivanovski

Опасен е патот кон Теферич – Сопиште повикува да се користат алтернативните

Sase Ivanovski

Шукова: Началник на СВР Штип е заштитен од Коцевски и Мицкоски во истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ПРЕТЕПАН СРЕДНОШКОЛЕЦ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА ВО ТЕТОВО Го нападнала група малолетници во школски двор

Sase Ivanovski

Мицкоски од Будимпешта: Ние не сме само претставници на различни нации и држави, туку носители на заеднички идеали

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ ги постави темелите на државата и ќе си ја вратиме државата назад!

Sase Ivanovski

Без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово поради поврзување на главниот магистрален водовод

Sase Ivanovski

Маск бил издрогиран поголемиот дел од времето додека работел со Трамп

Sase Ivanovski

Видео: Мене ќе ме утепаат- Арсовска за заканите. Ова ли е држава?

Sase Ivanovski

Гостиварец ја нападнал и силувал вонбрачната сопруга

Sase Ivanovski

Сервисиран и вратен еден „ер трактор“ за гасење пожари

Sase Ivanovski

Хаос кај Бит Пазар: Насилно им влегле дома и тепале цело семејство

Sase Ivanovski

Филипче: Зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши!

Sase Ivanovski

Пијан насилник од скопско ги тепал и давел партнерката и нејзината мајка

Sase Ivanovski

Приврзаниците на Партениј протестираа пред резиденцијата на архиепископот во Скопје

Sase Ivanovski
Вчитувам....