02/07/2025 06:15
МАКТЕЛ

   

(ВИДЕО) Малески: Македонија оди по жилет, не може „трабанти“ да водат политика

      

Доналд Трамп патува кон Белата куќа во Вашингтон. На почетокот од наредната година по втор пат ќе влезе во Овалната сала на претседателот на САД. Во досегашните избори републиканецот пред осум години ја победи Хилари Клинтон. Пред четири загуби од Џо Бајден. Во битката со Камала Харис тој го освои т.н „Народен глас“ – мнозинството од сите Американци, со пет милиони повеќе од својот ривал.

   

Доналд Трамп е американски милионер што завршил воена академија и дипломирал економија. Трамп е татко на пет деца од три сопруги. Последната, Меланија, има потекло од Словенија. Најави дека доаѓа „златно време“ за Америка. Поворното влегување на Трамп во Белата куќа, светските лидери го оценија како историски најголемиот кам-бек.

„Не би можел да кажам дали во светски рамки ова е најголемиот историски кам-бек. Во секој случај ова е еден од најголемите шокови коишто ги доживеа меѓународното општество на држави, затоа што точно се знаеше кој е Доналд Трамп. Се знаеше за неговиот авторитарен лик, за неговиот американски национализам, за неговите политики, а сепак Американците одлучија повторно да му дадат шанса.

Ги следам реакциите во светот. Прочитав еден текст во „Гардијан“, од местото во Шкотска каде што Трамп поседува голф игралишта, каде што соседите велат – Америка полуде. Следев исто и кај нас дебата, пропратена со анкети во кои се јавуваат граѓани и бев исто така прилично шокиран дека иако во Америка јавноста горе-долу се подели на Трамп и на Харис, кај нас во Македонија како да

90% од политичарите, аналитичарите и обичните граѓани се радуваат на фактот дека Трамп се враќа во политиката, вели проф. Малески и додава дека негов став е дека има една среќна околност, а тоа е дека ова е последен пат што Трамп ќе може да се кандидира и ќе треба да се издржат овие четири години кои следуваат.

„Големите сили сега се во процес на едно поинакво нивно позиционирање. Американската ера како единствена голема сила завршува и заради тоа ние сме во една прилично деликатна ситуација, како планета да кажам, да не се судрат тие големи сили и да не дојде до нуклерна катастрофа.

Колку успешно ќе се носи Трамп со ова ќе видиме. Но има еден парадокс кој го забележувам, а тоа е дека само еден ваков човек, како што е Трамп, на кому што воопшто не му е гајле за демократија, ниту за меѓународно право, може да одигра некаква позитивна улога и да ја замрзне војната, не да го реши конфликтот и да престанат воените дејствија“ ,вели Малески на прашањето дали со изборот на новиот американски претседател ќе може да се очекуваат нови гео-политички поместувања.

„Многу е веројатно дека битно ќе се променат односите помеѓу Америка и Европа во целина. Трамп овој пат ќе биде поподготвен да се соочи со европските водачи, во смисла дека уште повеќе ќе инсистира на својата политика, а тоа е Европа, европските држави да се грижат за својата

безбедност, а се зборува дури и за можност Америка да се повлече од НАТО, што би отворило огромни прашања на европскиот континент околу можноста европските држави, толку поделени, фрагментирани да се договорат за така важна работа како што е нов безбедносен поредок.

-Мислам дека апсолутно ќе изостане досегашната посветеност и фокусот на Вашингтон во однос на Европа и регионот. Самата девиза на Трамп – „Америка на прво место“ е повик на секој за себе, за разлика од демократите коишто го негуваа мултиратерализмот, соработката со другите држави, во градење на единство, единство на евро-атлантскиот свет, Трамп нема такви идеи, нема такви амбиции.

– Неговата цел е како да направи од Америка побогато општество и како да ги израмни сметките со оние сојузници коишто живеат на сметка на Америка кога е во прашање нивната безбедност. Така што веќе тој спрема високи тарифи, ќе се обиде да се огради од Европа и од европските индустриски сили, потези во економијата кои сигурно ќе се рефлектираат и во политиката, во смисла на оддалечување помеѓу Америка и Европа“, потенцира Малески.

Што ќе значи за Балканот, за Македонија, победата на Трамп0

„Гледам кај нас се отвори оваа дебата, па се промовира тезата дека новата власт се сретнала со некакви потенцијални идни кандидати за во администрацијата на Трамп преку кои ќе влијаеме за доброто на Македонија. Тоа според мене е прилично плитка анализа.

Анализата е дека сега европско-американските односи ќе се нарушат и мене ми е просто запрепастувачки кога слушам некои мои помлади колеги коишто не ја разбираат таа ситуација и положбата во којашто ќе се најде Македонија, доколку се промени овој американски став, а имено доколку Европа биде принудена да почне да дебатира за својата безбедност и за своја автономија виза ви овие непредвидливи потези коишто се спомнуваат е крајно непредвидливо што ќе се случи.

Горе-долу ако сегашното поведение на еден човек го цениме по неговото претходно поведение, тогаш треба сериозно да се загрижиме. Јас мислам дека уште порадикално ќе настапи Доналд Трамп, сега откога ја запозна подобро таа сфера на високата политика од која целиот живот бил исклучен како бизнисмен.

„Сите се сеќаваме дека 25 години спорот меѓу Македонија и Грција го третираа Американците како билатерален спор. Сите нивни амбасадори велеа – тоа е билатерално прашање кое вие треба да го решите. Во моментот кога под притисок на руското влијание на Балканот, Америка мораше да одговори со збивање на своите редови на Балканот, одеднаш се активира американската дипломатија.

– Изврши притисок на двете земји, најде сојузници во двајца храбри млади политичари, Заев и Ципрас, кои ги поведоа своите партии во таа американска насока и така се издејствува „Преспанскиот договор“.

Без тој американски интерес во моментот, кој не постоеше претходно, а се појави во моменти кога почна она што веќе наликува на нова „Студена војна“, во секој случај на еден многу сериозен ривалитет помеѓу големите сили – Русија и САД, проблемот ќе си останеше и до денеска, рече Малески одговарајќи на констатацијата дека во 2018 година Трамп при потпишувањето на „Преспанскиот договор“ рече дека тоа е најголемото достигнување во историјата на Балканот после „Дејтонскиот договор“.

Погрешна надворешна политика може да не одведе до губење на државата

„Кога бев млад асистент прочитав една книга која многу ме замисли. Во неа пишуваше вака: Ако човештвото биде уништено тоа нема да биде заради епидемија како во минатото, или за глад, туку ќе биде од надворешна политика. Тоа ме замисли многу и ме привлече кон оваа дисциплина.

Сега кога дојдовме на работ на конфликти во Украина и можноста да се оствари она апокалиптично сценарио за уништување на планетата Земја, разбирам колку е важна меѓународната политика. -Ова што го имам кажано за Македонија држи, затоа што големи сили можат да прават и големи грешки. Кина и културна револуција имаше, правеа што сакаат, можеа да се оттргнат од светот и пак да се вратат кога сакаат.

Малите држави одат по острица на жилет. Не смеат да ги згрешат проценките за тоа што се случува во меѓународната политика, оти можат да се најдат во ситуација во која што се нашол Макијавели кога како министер за надворешни работи на малата Фиренца имал основна задача да предвиди кој ќе победи во меѓународната политика, на која сила да му се приклонат за да не се соочат со пропаст на државата, па пред портите на заокот да им се појави непријател наместо пријател.

Говорејќи за македонско – бугарскиот спор, евентуалното американско посредништво и јазолот помеѓу двете земји, Малески смета дека тоа се лажни надежи и што ќе се случи ако дојде некој од надвор каде точно ќе пресече. „Да не пресече многу блиску до твојот врат. Што ако пресече на погрешно место? Ние не можеме да знаеме што ќе се случува на релација САД – Европа, а камоли некој да се интересира за македонско – бугарските оддноси. Тука работите се горе – долу чисти.

Јас како ја читам меѓународната политика – Бугарија, бидејќи е послаба во меѓународните односи од Грција, мораше да попушти под притисокот на Вашингтон и на Брисел и да го тргне ветото. Ние тука не реагираме и не го разбираме ова. И со „Францускиот предлог“ да речат – Не на оваа држава доволно и беше чекање, таа мора да се движи во процесот на преговори, а разликите што ги има со својот сосед Бугарија треба да се решат низ еден паралелен процес.

Тоа би требало да се прогласи за успех кај нас. Но не, ние сакаме гаранции…ама уште еднаш да не биде. Амбасадорот на Холандија рече – што ви е Вам, па почнете ги преговорите, терајте разговори со Бугарија да видите да се разберете како луѓе околу минатото и на крајот со тие пари во тој процес направете од Македонија Швајцарија и кажете не сакаме да влеземе, бидејќи Бугарите не уценуваат со историјата. Не!

Ова се е ставено во служба на политичкото наддавање, да се заграби власта и да се задржи што е можно повеќе. Заедно со тие „трабанти“ од мојата професија, коишто слабо читаат, слабо знаат, не се просветуваат, туку гледаат само кај се движи политичкиот ветер, од каде дува, дали во прилог на нивната политичка опција, партија или не и тука доаѓаат со своја поддршка, вели Малески. Целото интервју со Проф. Денко Малески, дадено за магазинот „Трилинг“ погледнете го во видеото

   

Најново

Предавникот од Вашингтон

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Гевгелија остана четири саати без струја, граничниот премин неколку саати работел на агрегат

Sase Ivanovski

Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

Sase Ivanovski

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ, РАСТАТ НА ДЕПОЗИТИТЕ – еве ги најновите движења на каматните стапки за фирмите и граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОМЛАДИОТ БРАТ ПАДНА ОД МОТОР, ПОСТАРИОТ ТРИУМФИРАШЕ Маркез ја освои Големата награда на Холандија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Sase Ivanovski

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

Sase Ivanovski

Мојсоска: Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок сон

Sase Ivanovski

Николоски за ТВ Франс 24: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји

Sase Ivanovski

Телефонски разговор Макрон-Путин по речиси три години

Sase Ivanovski

ММФ: Економскиот раст на БиХ забавува, а инфлацијата повторно расте

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гарсија блесна и против Јувентус, Реал Мадрид обезбеди четвртфинале на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Истражување: Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната година

Sase Ivanovski

Муртезани: Изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја отсликува европската перцепција за идентитетот

Sase Ivanovski

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski
Вчитувам....