ајмалку 64 лицa загина во вчерашните поплави во источниот и јужниот дел на Шпанија. Според локалните медиуми, неколку лица се сметаат за исчезнати, додека врнежите го нарушија железничкиот сообраќај и предизвикаа објава на црвен аларм за обилни дождови, бидејќи се очекува неповолното време да продолжи.
Властите информираа дека се пронајдени дел од телата откако поплавите вчера носеа автомобили по уличките на селата и го прекинаа железничкиот сообраќај во голем дел од источниот и јужниот дел на земјата, јави шпанската агенција ЕФЕ. Воз со голема брзина со речиси 300 патници излезе од шините во близина на Малага, а железничките власти соопштија дека никој не е повреден. Поплавите исто така го прекинаа железничкиот сообраќај на релациите меѓу Валенсија и Мадрид, како и други приградски линии низ погодените региони. Прочитај до крај на www.slobodenpecat.mk.