Маж е уапсен бидејќи ја отворил вратата за итни случаи на летот на „Азијана ерлајнс“ додека слетувал во Јужна Кореја, пишува Би-би-си.
Сите 194 патници го преживеаја летот, кој слета безбедно, но со отворена врата на меѓународниот аеродром Даегу.Дел од патниците имале проблеми со дишењето и биле пренесени во болница, јавуваат локалните медиуми.
Човекот, на околу триесет години, бил уапсен при слетувањето, јавија јужнокорејските медиуми.Летот OZ8124 полета од островот Џеју во петокот наутро по локално време.
Вратата на авионот била отворена при крајот на летот, објавија јужнокорејските медиуми.Видеото од патниците споделено на социјалните мрежи ја покажува празнината во страната на авионот и ветровите што ги зафаќаат редовите на седнатите патници.Неколку деца на училишна возраст биле во авионот на пат кон спортски настан за викенд, објавија локалните медиуми.Родителот на еден од учениците изјави: „Децата се тресеа, плачеа и беа исплашени“.
„Азијана ерлајнс“ соопшти дека полицијата почнала целосна истрага.
Asiana Airlines A321 lands safely at Daegu Airport in South Korea after the emergency exit door was opened by a passenger on approach. 9 people taken to hospital with breathing difficulties. pic.twitter.com/Jzed4PMDvc
— Breaking Aviation News & Videos (@aviationbrk) May 26, 2023