Ukrainian military announces a world record long-distance kill via a sniper rifle at 3.8 kilometres (2.36 miles or 4,155 yards), made with a Ukrainian-made Volodar Obriyu rifle, a multi-caliber anti-material sniper rifle. The bullet used was a newly-developed .50 caliber round… pic.twitter.com/6DMYE3gJM6
— The STRATCOM Bureau (@OSPSF) November 19, 2023
Инаку, канадски снајперист од специјалните сили го држи рекордот од 2017 година, откако беше потврдено дека извршил убиство со снајпер од далечина од 3540 метри во Ирак. Пред него, титулата ја имаше британскиот снајперист Крег Харисон, кој уби талибански борец во Авганистан во 2009 година, погодувајќи од далечина од 2475 метри.
„Снајперистот на СБУ постави светски рекорд. Уби руски војник од неверојатна далечина“, соопшти прес-службата на СБУ. Тие додадоа дека истрелот го надминал претходниот светски рекорд за приближно 260 метри.„Снајперистите на SBU ги менуваат правилата на светскиот снајпер, демонстрирајќи ја способноста за ефективно работење на фантастични растојанија“, истакнаа тие.Во меѓувреме, украинските медиуми споделија снимка на која наводно е прикажан истрелот за соборување на рекордот.