Според прогнозата на УХМР, викендов ќе преовладува стабилно време и дневната температура ќе биде во пораст. На почетокот на следната седмица во попладневните часови повторно ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
-Потоа се очекува постабилен и сè потопол период, информира УХМР.