18.8 C
Скопје
03/05/2025 20:41
МАКТЕЛ

     

Вистиномер: Фројдовската грешка на „српското сценарио“ во Северна Македонија

      

Трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава, која досега резултираше со 61 починато лице и околу 200 повредени, предизвика оправдан револт меѓу блиските на настраданите и граѓаните воопшто, кои започнаа со серија протести. Меѓутоа, веќе по првиот одржан мирен протест на скопскиот плоштад, со кој им се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани, на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, започна канонада од етикетирањата дека наводно се прават обиди за спроведување на „српско сценарио“ во Северна Македонија, по урнекот на споменатите студентски протести во Србија против власта на Вучиќ…Пишува: Стојан Синадинов

Власта во Србија и нејзините медиумски мегафони, соочени со низа афери, од кои онаа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад имаше најтрагични последици и беше тригер за неколкумесечните протести кои сè уште траат, изминатиов период спинуваа за наводно „македонско сценарио“ на обоена револуција која треба насилно и без избори да ја симне од власт актуелната политичка гарнитура со Александар Вучиќ на чело. „Вистиномер“ на почетокот на декември минатата година ја анализираше манипулативната замена на тези на српскиот лидер со која се експлоатира темата за наводното „македонското сценарио“, а всушност се работи за протежирање на геополитичката стратегија на тн. „српски свет“ во регионот. Тоа е  политичка идеја од средината на 19. век, со која Србија се стреми кон сесрпското обединување кое би ги вшмукало и другите нации од Западен Балкан. Српската власт го гради наративот кој е многу сличен на руската пропаганда: разни меѓународни фактори сакаат да ја сменат „суверенистичката“ власт за да ја распарчат и ограбат земјата…

Опозицијата во Србија се обидува да го повтори македонското сценарио, настаните во Нови Сад се копија на македонскиот модел. Македонците ги бојадисаа плоштадите поради некоја своја причина, овој народ денес за своја. Беа копирани и моделите од Белорусија и Хонг Конг. Тоа е учебнички пример за обоена револуција. Опозицијата не излезе со тоа, туку беа обучени и прецизно инструирани од оние што правеа обоени револуции низ целиот свет, тврди Александар Вулин, „ударната тупаница“ на Вучиќ и негов доверлив функционер, сметан и за своевиден „офицер за врска“ со Путинова Русија.

Како што протестите низ српските градови не стивнуваа, така и власта го ширеше спектарот на делување за да ги задуши протестите, накалемувајќи му регионален контекст, кој е секогаш добредојден кога сакате да „откривате“ непријатели од соседството. Затоа првично пласираното „македонско сценарио“ од страна на власта во Србија беше надградено со ширењето дезинформации дека инспираторите на протестите се од Хрватска, Босна и Херцеговина, но и од Црна Гора и Косово.

Има ли „српско сценарио“ во Северна Македонија?

   

Од друга страна, пак, трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ на 16 март годинава, која досега резултираше со 61 починато лице и околу 200 повредени, предизвика оправдан револт меѓу блиските на настраданите и граѓаните воопшто, кои започнаа со серија протести. Меѓутоа, веќе по првиот одржан мирен протест на скопскиот плоштад, со кој им се оддаде почит на загинатите во трагедијата во Кочани, на социјалните мрежи, но и во некои медиуми, започна канонада од етикетирањата дека наводно се прават обиди за спроведување на „српско сценарио“ во Северна Македонија, по урнекот на споменатите студентски протести во Србија против власта на Вучиќ. Од каде сега прелевање на „српско сценарио“ кај нас, кога студентските протести во Србија беа озлогласени како „македонско сценарио“? Можеме ли да препознаеме класична „Фројдовска грешка“ во провладините медиуми и профили на социјалните мрежи кои во протестите иницирани од револтот заради трагедијата во Кочани бараат „српско сценарио“, а истовремено студентските протести во Србија, меѓу другото, се обвинувани дека се реализираат според „македонско сценарио“?

Барањето на дел од демонстрантите кои гравитираат кон Граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ – поточно, студентите од „Црвена младина“ на партијата Левица – да биде објавена целата документација поврзана со работењето на клубот ,,Пулс” од неговото отворање до несреќата од Државен пазарен инспекторат, Министерство за eкономија, Државен градежен инспекторат, Министерство за внатрешни работи, Државен инспекторат за урбанизам, Локална самоуправа во Кочани, Локален градежен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување и Управа за јави приходи, веднаш беше оквалификувана како „српско сценарио“.

Ова не би било ништо невообичаено ако не се знае дека и ова барање е по српско сценарио. Исто барање имаа и нивните „колеги“ од Србија по трагедијата во Нови Сад. Српските опозиционери во ликот на студентите бараа да се објави документација за падот на настрешницата. Иако претседателот Вучиќ го објави поголемиот дел, освен тој што е поврзан со истрагата, студентите излегуваа со нови и нови барања, со изговор дека тоа не е доволно. Се разбира дека целта не им беше никаква настрешница туку политички притисок. Истото сценарио се спроведува и кај нас, се разбира по српски ноти. Со објавувањето на документите за пожарот во Кочани ќе се компромитира целата истрага и се разбира дека ова барање нема никој да им го исполни. И она најважното, објавување на документи во фаза на истрага е кривично дело. Приведените и осомничените, со душа чекаат да излезат вакви документи во јавностпишуваше порталот „Република“ на 25.03.2025.

Ваквите (дис)квалификации на протестите по трагедијата во кочанската дискотека дека се инспирирани и се реализираат според наводно „српско сценарио“ секако дека лесно паѓаат во вода.

Што бараат припадниците на Граѓанската иницијатива „Кој е следен“?

Граѓанската иницијатива „Кој е следен“ – која по првичниот протест за оддавање почит на жртвите од кочанската дискотека ги прошири барањата повторно да бидат разгледани случаите со голем број жртви од несреќите како тетовската модуларна болница, случајот Онкологија, автобуската несреќата на „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, подобрување на услугите и условите на работење на угостителските објекти…

Корупцијата во институциите доведе до перманентна неказнивост, при што одговорноста за криминални дела често се избегнува. Оваа состојба не е само резултат на корумпираните елити, туку и на институционалниот систем кој не функционира во служба на граѓаните, нагласуваат од Иницијативата „Кој е следен?“.

Граѓанската иницијатива на 09.04. 2025 поднесе барање до Владата за спроведување на електронски систем за внесување на записници од инспекциските надзори врз локалите каде секој ќе има пристап.

Целта на е-инспекторатот е сите ние да знаеме во местата што ги посетуваме, дали сме безбедни или не сме безбедни, за во иднина да спречиме поголема трагедија. Во однос на другите барања, поднесуваме барања до Министерството за правда и до Собрание за реформи во правосудниот систем. Таму ќе го издвојам, на пример, нашето барање за промена на начинот за полагање на правосудниот испит. За сите кои не знаат, Министерството за правда формира комисија за полагање на правосудниот испит. Ние бараме тоа да се смени, бидејќи сметаме дека имаме конфликт на интересипојасни претставникот од иницијативата, Умер Мухамеди.

На протестниот марш низ улиците на Скопје на 10.04.2025 неколку стотини граѓани ги отфрлија обвинувањата дека се „платеници“, туку дека се „економисти, правници, ИТ инженери, психолози, доктори, учители, урбанисти, архитекти“… нагласувајќи дека „не сме тука за да срушиме држава, тука сме за да си ја вратиме“.

Како што изјави претставничката на граѓанската иницијатива Анастасија Митревска, денешниот протест (10 април н.з.) е за сите барања на иницијативата изнесени во јавноста, а дел од нив и поднесени до Владата, но како што рече, властите повеќе посветуваат внимание за тоа кој ги организира протестите, отколку да се фокусираат на барањатаизвести порталот „360 степени“.

Протест се одржа и во Кочани (12.04.2025), каде што со едноминутен молк пред Полициската станица граѓаните го искажаа незадоволството од ненавременото постапување за да се спречи немилиот настан, а потоа пред Основниот суд и Основното јавно обвинителство побараа информации за досегашната истражна постапка. „Бараме отчетност за сработеното“, беше единствената гласна порака што ја извикуваа пред Обвинителството.

На седницата на Советот на Општина Кочани (14.04.2025), пак, на која независниот кандидат Венко Крстевски е избран за в.д. градоначалник на Кочани, советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани, Кристина Атанасова Арсова,  чие дете е повредено во пожарот во дискотеката „Пулс“,  низ солзи си поднесе оставка од функцијата.

Страшно недостојно и понижувачки е ова. Им се извинувам на сите граѓани кои дадоа глас за мене како дел од советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, не успеав да реализирам многу работи бидејќи не беа приоритет за градоначалникот и раководството на Општинскиот комитет. Залетани од новите функции, се грижеа само за своите интереси. Сите идеали на овој свет не се вредни колку што е солзата на едно дете!, рече таа.

Во меѓувреме, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски делумно потврди дека дел од лицата што протестирале за трагедијата во Кочани добиле кривични пријави и нагласи дека ќе бидат поднесени кривични пријави за сите за кои постојат основи на сомнение дека е сторено одредено кривично дело.

Во конкретниот случај не би можел да специфицирам, но генерално, секаде каде што постојат докази дека е сторено одредено кривично дело од страна на кој било, без оглед дали седи на одредено столче во рамки на одредена институција или без оглед дали се однесува незаконито на улица, МВР ќе постапи. Заради тоа што еднаш засекогаш во оваа држава мора сите да се сложиме дали ќе ги почитуваме правилата на игра или нема да ги почитуваме. Ако сакаме да имаме држава мора да ги почитуваме правилата на играрече Тошковски на заедничката прес конференција со Јавниот обвинител Љупчо Коцевски.

  

Најново

ВМРО става вето на државата!?

Sase Ivanovski

Нови летови за Барселона и Лион од Скопскиот аеродром

Sase Ivanovski

Тројно убиство во фризерски салон во Шведска, шестмина уапсени

Sase Ivanovski

Касами ќе бара втор мандат за Тетово: Кои се кандидатите за градоначалник на ВЛЕН?

Sase Ivanovski

Во Неготино повеќе луѓе умираат, отколку што се раѓаат, а бројни домови останаа со затворени врати поради преселба во странство!

Sase Ivanovski

Ахмети да не се крие зад националистичката реторика, порачаа од Влада

Sase Ivanovski

Вучиќ имал силна болка во градите и висок притисок

Sase Ivanovski

Таравари се ракуваше со Мицкоски, но не со поранешните политички партнери

Sase Ivanovski

Телото на убиената жена предадено на обдукција – се прибираат докази

Sase Ivanovski

Скопјанец ја убил сопругата и тргнал да бега – фатен е на Табановце

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) (НЕ)СЛОБОДА НА МЕДИУМИТЕ-Георгиевски,Опетческа,Беловски,Гоговски-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Бобан Стефковски: ГАЗИ БАБА ДОБИВА 9 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ВЛАДАТА

Sase Ivanovski

Александар Николоски: Денеска почнуваме нов проект,изградба на автопатoт Тетово-Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Шекеринска во серијалот „Скала на кариерата“: Мојата работа е како мусака

Sase Ivanovski

Велјановски: Политички монтираната интерпелација не помина, Тошковски продолжува бескомпромисно да се бори против криминалот и корупцијата

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕАко Филипче се претставува како нова опција, тогаш зошто промовира ист модел како оној на Заев и го посочува како некој од кого “треба да учи“ ?

Sase Ivanovski

Одлука за Законот за јазиците по изборите – Османи се сомнева дека ќе се укине

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Јавниот долг е намален за 4,7 процентни поени, сега е 57,7 отсто од БДП владата предводена од ВМРО -ДПМНЕ продолжува со развојни политики со цел подобар стандард на граѓаните

Sase Ivanovski

Татко и син од Аеродром заедно ја тепале невенчаната сопруга на синот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костадиновски : На 19 јуни ќе се одржи Подготвителната седница за Законот за јазиците

Sase Ivanovski

Филков: Кога медиумите се слободни, граѓаните се информирани, а правдата е погласна

Sase Ivanovski

УРНЕБЕСНО: Судија се повреди во ПЛ, Варди мораше да ја превземе свирката…

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во угостителски објект во Штип, приведено едно лице, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Акциска контрола во угостителски објект покрај патот Тетово-Гостивар, приведени пет странски државјанки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Забрчанец и Груби – симболи на медиумското подземје и корумпираната пропаганда на поразената власт

Sase Ivanovski

СДСМ: Лицемерие, ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект на СДСМ, за кој велеа дека е „историски кримнал“

Sase Ivanovski

(ФОЕТО) Мицкоски: Започна изградбата на автопатот Тетово- Гостивар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Кога Филипче вели дека треба да се учи од Заев, дали мисли на давањето бизниси на свои роднини?

Sase Ivanovski

Жестока тепачка меѓу фанови на Димано и Хајдук! Уапсен навивач успеа да и побегне на полицијата…

Sase Ivanovski

Албанезе ќе продолжи да биде премиер на Австралија

Sase Ivanovski

Тешка несреќа во Кавадарци – моторџија се излизгал на крстосница, тешко е повреден

Sase Ivanovski

50-годишен скопјанец е тешко повреден, го прегазил возач на „Голф“

Sase Ivanovski

Почна да се гради новиот автопат Тетово-Гостивар, ќе нè чини 90 милиони евра за 17,5 километри

Sase Ivanovski

Ѓорческа без финале на турнирот во двојки во Грузија

Sase Ivanovski

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ става камен-темелник на проект што го нарекуваше „тежок криминал“

Sase Ivanovski

Епилог од масовната тепачка меѓу навивачите во Сплит: Двајца тешко повредени, во болница и полицаец

Sase Ivanovski

Бакингемската палата се огласи по изјавата на принцот Хари дека сака помирување

Sase Ivanovski

Муцунски се сретна со заменик-шефот на јапонската дипломатија

Sase Ivanovski

Вучиќ е примен на ВМА во Белград, откако му се слоши и ја прекина посетата на Америка

Sase Ivanovski

Жената која се разнесе со бомба пред банка во Солун била Грузијка со „дебело“ полициско досие

Sase Ivanovski

Украинки, Србинки и Албанки уапсени во кафеана меѓу Тетово и Гостивар, МВР вели дека „го злоупотребиле туристичкиот престој“

Sase Ivanovski

Кавадарци: Крадец фатен во продавница со рацете во касата

Sase Ivanovski

Браќа ограбиле коцкарница во Бутел, однеле 24.000 евра здружени со вработен во казиното

Sase Ivanovski

Апасиев го прашува Муцунски: Ќе има ли македонска државна делегација за 80 години од победата над фашизмот во Москва?

Sase Ivanovski

И во десеттиот обид, Косовскиот парламент не успеа да избере претседател

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека опозицијата ги организирала семејствата на загинатите во Кочани да протестираат во Скопје на денот на интерпелацијата

Sase Ivanovski

АВМУ: Слободата на медиумите значи право на новинарите да истражуваат и информираат без какви било притисоци

Sase Ivanovski

Даштевски, Габер-Дамјановска и Лидија Неделкова во трката за судија во Стразбур, познати се и другите кандидати

Sase Ivanovski

Насилници тепале обезбедувач во Драчево, не сакал да пушти малолетно момче во казино

Sase Ivanovski

Бомба експлодира рано утрово во Солун, загина жена која сакала да ја постави на банкомат

Sase Ivanovski

Трилинг – Кога се очекува на дневен ред да се стави точката за Законот за употреба на јазиците?

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Притвор за осомничен кој подметнал пожар на два имотa на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Sase Ivanovski

„Вашингтон пост“: Трамп планира илјадници отпуштања во ЦИА и други разузнавачки агенции

Sase Ivanovski

Обвинителството бара притвор за зетот на Зоки Фаци – ги запалил викендичката и станот на поранешната сопруга

Sase Ivanovski

Две години од масакрот во „Рибникар“, сите српски телевизии ја прекинаа програмата во 8:40

Sase Ivanovski

На Вучиќ ненадејно му се слошило, ја прекинал посетата на САД и се враќа во Белград

Sase Ivanovski

Изборот на нов папа нема да трае долго, проценува Ватикан

Sase Ivanovski

Хрватска: Половина од пратениците во Саборот се кандидираат за градоначалници и жупани

Sase Ivanovski

ЕУ: Новинарите се чувари на демократијата

Sase Ivanovski

Трамп како Гадафи и Садам Хусеин – со голема парада ќе слави јубилеј на војската, на неговиот роденден

Sase Ivanovski

УНИ банка ќе бира нов извршен директор, Хаџидинев заминува во централата во Бугарија

Sase Ivanovski

Сончев и летен ден, температурата ќе се искачи до 30 степени

Sase Ivanovski

Политиканти.мк Епизода 21 / Сезона 03

Sase Ivanovski

НАТКАСТ со Љупчо Цветановски – ЕП. 18 – гостува Љупчо Пренџов

Sase Ivanovski

Кавадарци на таргет од големите супермаркети. Веро, Рамстор, Тинекс и Кам…

Sase Ivanovski

КИСЕЛА ВОДА ИМА ШАМПИОН НА МАКЕДОНИЈА ВО ОДБОЈКА!

Sase Ivanovski

Симпсонови знаат… Македонија засекогаш☀️❤️👌

Sase Ivanovski

Распишан конкурс за краток стрип на фестивалот „Стрип трип“, со рок до 25 мај

Sase Ivanovski

Трамп го назначи Мајк Волц од позицијата советник за национална безбедност на функцијата амбасадор во ОН

Sase Ivanovski

Македонија со пад од 6 места на Индексот за слобода на медиумите

Sase Ivanovski

Парадата на победата во Москва како барометар за кондицијата на проруските наративи

Sase Ivanovski

Германските разузнавачи ја означија крајнодесничарската партија АФД како екстремистичка

Sase Ivanovski

ЗНМ: Македонија „падна“ за шест места во „Репортери без граници“, време е за реформи

Sase Ivanovski

УЈП: Граѓаните да си ги проверат годишните даночни пријави за 2024

Sase Ivanovski

САД се повлекуваат од формалните мировни преговори за Украина

Sase Ivanovski

Принцот Хари ја загуби правната битка за полициската заштита во Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Најниско ниво на јавен и државен долг во последните пет години, поднесени 900 апликации од општините за проекти, инфраструктурни инвестиции во Кавадарци

Sase Ivanovski

Ковачки: Правдата не смее да се уценува со улица – Ахмети бега од вистината и се крие зад партиски знамиња

Sase Ivanovski
Вчитувам....