МАКТЕЛ

    

Вишото јавно обвинителство бара да не се повторува постапката за осудениот Џенис Мекиќ, кој го прегази Иван Билински кај Католичка

      

Вишото јавно обвинителство Скопје денеска поднесе жалба до Врховниот суд на решението на Апелациониот суд Скопје со кое се дозволува повторување на кривичната постапка спрема осудениот Џенис Мекиќ, претходно правосилно осуден во отсуство за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Се работи за сообраќајката во близина на Католичка црква во Скопје, кога на 15 ноември 2014 година, 20-годишниот Џенис Мекиќ управувајќи со џип со голема брзина го прегази 16-годишниот Иван Билински. Вишото јавно обвинителство Скопје, во законски предвидениот рок од 3 дена, се жали до Врховниот суд на Република Северна Македонија, поради сторени суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка и погрешно утврдена фактичка состојба. Во жалбата се наведува дека услов без кој не може на некое лице што е судено во отсуство да му се дозволи повторување на постапката, е доказ дека постои можност на лицето да му се суди во присуство, односно судот мора да има сигурни докази дека тоа лице, во моментот на поднесување на барањето за повторување на постапката е достапно. Во конкретниот случај, нема ниту еден доказ дека постојат услови на осудениот Џенис Мекиќ да му се суди во негово присуство.

Во решението со кое дозволува повторување на постапката, Кривичниот совет на Апелациониот суд Скопје единствено ја цитира одредбата од чл.456 ст.1 од ЗКП и прифаќа дека осудениот за пресудата дознал на 15.11.2024 година, кога поднел барање за уверение за неосудуваност, по што на 18.11.2024 година поднел барање за повторување на кривичната постапка. Тоа според судот значело дека, согласно одредбата од чл.456 ст.1 од ЗКП: “нема реално поминато една година од поднесувањето на барањето за повторување на кривичната постапка, а тоа е на ден 18.11.2024 година“. “Интенцијата на законодавецот кај оваа законска одредба предвидува барањето за повторување на кривичната постапка да биде поднесено во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата (секако, ако е исполнет првиот услов), а не, како што збунувачки се обидува да аргументира Апелациониот суд дека “нема реално поминато една година од поднесувањето на барањето за повторување на кривичната постапка“, наведува јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје во жалбата. Според обвинителството, судот треба при одлучувањето во врска со поднесеното барање за повторување на постапката да го има предвид фактот дека осудениот не доставил никаков доказ за тоа кога тој дознал за пресудата, односно доказ дека истата ја има примено. Ова беше наведено и во негативното мислење на Основното јавно обвинителство Скопје. Сепак, Апелациониот суд Скопје истото воопшто го немал предвид, бидејќи потврда од казнена евиденција издадена од Основниот кривичен суд Скопје сама по себе не може да послужи како доказ дека осудениот со поднесување на барањето дознал дека е правосилно осуден во отсуство.

   

„На овој начин, лице кое е осудено во отсуство може и додека е во странство (недостапно на органите на прогон) да дознае за пресудата со која е судено во отсуство, да поднесе барање за повторување на постапката, судот да му го дозволи тоа, како што е направено во случајов и повторно да биде недостапно. Во такви околности, во зависност од предвидените рокови за застареност на кривично гонење, дозволувањето за повторување на постапката може да резултира само со нов почеток на кривичната постапка, констатирање на настапена застареност и завршување на постапката без кривична одговорност, што секако не била интенција на законодавецот кога го предвидел институтот Повторување на постапката на лице судено во отсуство, во смисла на чл.456 ст.1 од ЗКП“, навел јавниот обвинител. Исто така, според јавниот обвинител, Врховниот суд на Република Северна Македонија при одлучување по оваа жалба, неопходно е да го има предвид целиот тек и динамика на постапките кои се воделе пред Основниот кривичен суд Скопје и пред Апелациониот суд Скопје, кои покажуваат дека интенцијата на осудениот со барањето за повторување на кривичната постапка е одбегнување на издржување на затворска казна за дело во кое животот го изгуби млада личност. Обвинителот во жалбата го аргументира и делот дека осудениот без ниеден доказ во прилог навел дека ќе биде достапен на истата адреса на која претходно не бил достапен во текот на кривичната постапка. Оттука, за јавниот обвинител неспорно е дека единствено кон што се цели со поднесеното барање за повторување на предметната кривична постапка и што се дозволува со донесеното решение на Апелациониот суд Скопје е одбегнување осудениот да ја издржи казната затвор за сериозно кривично дело со смртни последици. Крајно, однесувањето на осудениот кој првично беше достапен на органите на прогон, знаеше какво кривично дело извршил и без трошка каење за стореното, со години беше недостапен на органите на прогон, па потоа во моментот кога знае дека поради роковите на застареност ќе се спаси од издржување на казна затвор се појави со барање за повторување на кривичната постапка со неиздржани аргументи, не оди во насока на исполнување на она на што пред се инсистира законодавецот, а тоа е остварување на правдата, наведе обвинителот во жалбата со која од Врховниот суд побара решението на Апелациониот суд Скопје да го преиначи и да го одбие барањето за повторување на кривичната постапка спрема осудениот.

  

Најново

УКРАЛ 7.000 ЕВРА ОД ПОМОШНА ПРОСТОРИЈА Приведен е 54-годишен жител на Гостивар

Sase Ivanovski

СИТЕ ПАЦИЕНТИ НА ТОКСИКОЛОГИЈА СЕ СТАБИЛНИ Имаат повреди од вдишување отровни гасови и чад

Sase Ivanovski

ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ БИЛЕ ПРЕГЛЕДАНИ 19 ПОВРЕДЕНИ Лекувањето за нив е бесплатно и според сите светски протоколи

Sase Ivanovski

СЕ ПРОВЕРУВААТ СИТЕ ЛИЦЕНЦИ ИЗДАДЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВАТА Досега се одземени 97 од 643 проверени градежни и урбанистички лиценци

Sase Ivanovski

Долг е списокот на корумпирани што замижувале пред „шупата“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА СЕ РАЗБЕРЕ КАКО ДОБРА АЛАТКА Марија Кумбароска Ванбeсин во поткастот „Бизнис-клуб“

Sase Ivanovski

ОСЛОБОДЕТЕ ГИ ЗАЛОЖНИЦИТЕ ИЛИ ИЗРАЕЛ ЌЕ ПРИСВОИ ДЕЛОВИ ОД ГАЗА Кац упати остра закана кон Хамас

Sase Ivanovski

РУСКИОТ НАПАД ВРЗ ЗАПОРОЖЈЕ, ЈАСНА ПОРАКА ОД ПУТИН? Нуклеарната централа е од стратешко значење за Москва

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ДЕТАЛИ ЗА ОБЈЕКТОТ ВО КОЈ БИЛА СМЕСТЕНА ДИСКОТЕКАТА, НЕШТО НЕ БИЛО СПОРНО СЕ ДО 2012 ГОДИНА ПОСОЧО МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski

Лина Ќостарова Унковска: „Да им дадеме простор на тагувањето и на болката – кому колку е потребно. Ова е време на страдање, но и на очовечување на човекот, на оснажување на човечноста во себе

Sase Ivanovski

Приведен крадец во Гостивар, дел од украденото пронајдено и вратено на сопственикот

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти денеска ќе бидат пуштени дома, нема повеќе упатувања во странство

Sase Ivanovski

Финансиска полиција: Активно сме вклучени во акцијата за проверка на кабареата, дискотеките и ноќните клубови

Sase Ivanovski

„Призма“: Благи казни за фалш кабаре-лиценци и за неодговорни инспектори

Sase Ivanovski

УНИЦЕФ: Најмалку 200 деца се убиени во Газа oткако Израел ја обнови војната оваа недела

Sase Ivanovski

Општина Гостивар доделува 1 милион денари за трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Приведен криумчар, пронајдени мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Митева: Владата во целост ги покрива трошоците, финансиска поддршка за сите семејства

Sase Ivanovski

МОН: 100 психолози вклучени во зајакнатата психосоцијална поддршка на учениците

Sase Ivanovski

ФБИ агент кој што бил дел од правниот прогон на Руди Џулиани, е уапсен од страна на административец назначен од Трамп

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Информација за учество на возило од Армијата во сообраќајна несреќа

Sase Ivanovski

Израелската армија на 19 март објави дека започнала „прецизна“ копнена операција во централниот и јужниот дел на Газа за проширување на тампон зоната што ги дели северот и југот

Sase Ivanovski

Каде се лекуваат македонските пациенти…

Sase Ivanovski

Во кои случаи Македонија го активираше механизмот за цивична заштита на ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инциденти и апсења на протестите во Турција за поддршка на Имамоглу

Sase Ivanovski

Непрописно одлагање градежен отпад од Општина Центар

Sase Ivanovski

Митева: ДПИ до сега има записник од 82 контроли, голем број на издадени решенија за забрана за вршење на дејноста

Sase Ivanovski

Советот на Општина Чаир усвои 1 милион денари за семејствата на жртвите од трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени тројца дилери од Валандово и Богданци, пронајдена дрога

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николоски: Министерството за транспорт со обемни контроли на лиценците, проверени над 640 лиценци

Sase Ivanovski

Нетанјаху обвинет дека побарал од поранешниот шеф на Шин Бет да изврши „нелегитимни дела“

Sase Ivanovski

Изготвени решенијата за данок на имот, уплатата се врши онлајн или физички

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против фирма од Струмица и управителот за даночно затајување

Sase Ivanovski

Ајатолахот Хамнеи му се закани на САД дека ќе добие „тешка шлаканица“ доколку го нападне Иран

Sase Ivanovski

ХАМАС ИСПУКА РАКЕТИ КОН ТЕЛ АВИВ Израел започна копнена операција во Газа

Sase Ivanovski

Нема потреба никој да собира пари, лекувањето 99 отсто е бесплатно, вели Таравари

Sase Ivanovski

Одреден 30 дневен притвор за Бектеши и 12 лица за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани транспортирани во Шведска

Sase Ivanovski

Орбан ја блокира заедничката изјава на ЕУ за Украина:„Нема да дозволиме унгарските семејства да ја платат цената на војната“

Sase Ivanovski

Таравари: Десет пациенти ќе бидат пуштени од болница

Sase Ivanovski

Министерството за дигитална трансформација апелира на одговорност, професионалност и заштита на медиумите и медиумските работници

Sase Ivanovski

Сопругата на Бектеши: Уапсен е за оттргнување на вниманието, тој не бил причина за пожарот, сакаат да ја префрлат вината

Sase Ivanovski

Сите луѓе на Кочани кои требало да знаат за дивата дискотека

Sase Ivanovski

ТИЈАНА ОТКРИВА ВО КАКВА СОСТОЈБА Е ПАНЧО: Бил надвор од животна опасност

Sase Ivanovski

АКО ПОСТОИ АЛБАНЕЦ КОЈ СЕ РАДУВА НА ОВАА ТРАГЕДИЈА, ТОЈ НЕ Е АЛБАНЕЦ, ТОЈ НЕ Е ЧОВЕК: Уредникот на ТВ 21 тврди дека огнометот е провокација

Sase Ivanovski

ХИДРАНТИ НЕМА, ЦРЕВАТА НИ ГИ КРАДАТ, ПА МОРА ДА ГИ ЧУВАМЕ ЗАКЛУЧЕНИ: Не дај боже во зграда да избие пожар, пола ден ќе се бара каде е клучот

Sase Ivanovski

Изградба на пречистителна станица во Скопје: Пари досега само за „раздвижување“

Sase Ivanovski

По трагедијата во Кочани, Бугарија ќе ги проверува сите ноќни клубови во Бугарија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Цел Истанбул на нозе поради апсењето на Градоначалникот

Sase Ivanovski

(Видео) Голем пожар во трафостаница во Лондон, илјадници домови останаа без струја

Sase Ivanovski

СРБИТЕ МАСОВНО ДАРУВААТ КРВ ЗА ПОВРЕДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ КОИ СЕ ЛЕЧАТ ВО НИШ И БЕЛГРАД

Sase Ivanovski

ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ СПРОВЕДУВА ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ОТСТРАНУВАЊЕ НА ДИВИТЕ ДЕПОНИИ ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Sase Ivanovski

Уапсен државјанин на Турција – криумчарел мигранти од Египет

Sase Ivanovski

Угостителите во Карпош да си ги подготват документите, инспекторите тргнаа во контрола

Sase Ivanovski

Сергеј Шојгу во Северна Кореја на средба со Ким Јонг Ун

Sase Ivanovski

Истрага за 27 физички и 3 правни лица за пожарот во „Пулс“ – Кочани

Sase Ivanovski

Притвор од 30 дена за 13 осомничени за трагедијата од Кочани – меѓу нив Бектеши, Трајковски, Максути

Sase Ivanovski

Зошто Европа и светот молчат за студентските протести во Србија?

Sase Ivanovski

Во САД егзекутирани двајца осуденици на смрт, едниот убил 8-годишно девојче

Sase Ivanovski

Грците ќе го проверуваат патот на субвенциите од 1986 година до денес!

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Хитроу затворен, пожар во трафостаница го остави лондонскиот аеродром во мрак

Sase Ivanovski

Тимот за интервенции во кризи на Комората на психолози на состанок со пожарникарите во Кочани кои учествувале во гасење на пожарот

Sase Ivanovski

Блумберг: НАТО ќе побара од Европа и Канада да ги зголемат воените капацитети за 30 отсто

Sase Ivanovski

ВМА-Белград: Ако има потреба, стоиме на располагање за дополнително сместување на повредени од Кочани

Sase Ivanovski

Преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ евакуирани 38 повредени од пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

Додик: Или нов договор или да се разделиме

Sase Ivanovski

Експлозија во складиште за нафта во Русија по напад на украински беспилотни летала

Sase Ivanovski

Израел го смени шефот на тајната служба кој ги истражуваше корупциските скандали на Нетанјаху

Sase Ivanovski

Најмалку 85 лица загинаа во синоќешните напади во Газа

Sase Ivanovski

Хуманитарен концерт „Без зборови“ на Филхармонијата на 27 март

Sase Ivanovski

Половина од село Сопиште без вода поради дефект

Sase Ivanovski

РУСИЈА НАЗНАЧИ ПРЕГОВАРАЧИ ЗА УКРАИНА Еве кои луѓе ќе зборуваат во името на Путин

Sase Ivanovski

СТАБИЛНО И СОНЧЕВО, НО НАУТРО СТУДЕНО Еве какво ќе биде времето денеска

Sase Ivanovski

Кочани ќе биде лидер на отпорот како што е лидер во тагата

Sase Ivanovski

Најмалку 20 луѓе загинаа, а 6.500 се повредени во прославата на „огнениот фестивал“ во Иран

Sase Ivanovski

Сум наоѓал брашно наместо прашок во противпожарни апарати, вели Стојчевски од Здружението на инженери за заштита

Sase Ivanovski

Тортевски: Сега на најскап начин плаќаме за нашето „имам човек“ и „знаеш ли кој сум јас?“

Sase Ivanovski

Меџити ветува правда за Кочани, но и за „Беса транс“, модуларната болница и Ласкарци

Sase Ivanovski

Кина егзекутираше четворица Канаѓани, што предизвика огромен меѓународен гнев

Sase Ivanovski
Вчитувам....