Владата на вонредна седница донесе одлука за прогласување на 7 дневна жалост на територија на целата држава. Од Влада, бараат секој да се придржува до одлуката, бидејќи казните за непочитување ќе бидат ригорозни.
„На владината седница се донесе одлука со која се задолжува Државниот пазарен инспекторат во наредните три дена да изврши вонреден инспекциски надзор врз угостителски објекти (кабаре, ноќен клуб, дискотека и дискотека на отворен простор), на територијата на Република Македонија и за наодите од надзорот веднаш да ја известат Владата, за да се утврди фактичката состојба дали истите работат според стандардите ги исполнуваат условите согласно законите и прописите на државата.Влада донесе заклучок за активирање на механизмот за барање на меѓународна помош.Воедно, владата ја информира јавноста дека во соработка со Министерството за внатрешни органи и другите институции надлежни за целосно расчистување на случајот се прибираат материјални докази и дека секој еден којшто е инволвиран во овој трагичен настан и свесно придонел за загрозување на човечките животи ќе биде изнесен пред органите на правдата и соодветно ќе одговара. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата на жртвите, во овој трагичен настан не постои збор кој може да ја ублажи болката за ненадомесливата загуба.Целиот здравствен и медицински тим во сите здравствени установи е на располагање и пружи здравствена нега и помош за брзо закрепнување на повредените“, се вели во соопштението на Владата.
Од Владата замолија да не се политизира случајот, за како што велат, институциите да можат навремено и соодветно да го расветлат случајот.