27.8 C
Скопје
02/07/2025 07:17
МАКТЕЛ

   

Владиката Пимен го демантира поглаварот Стефан: Колку што знам, никој од нас не бара да смениме Устав и да не се нарекуваме Македонска црква

      

Оваа генерална оценка и другите ставови што владиката Пимен ги кажа во интервју за ТВ Сител, се во спротивност со неодамнешната оценка на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот г.г. Стефан, кој рече дека условите што ги поставува Цариградската патријаршија за да ѝ додели томос за автокефалност на Македонската правослвана црква се неприфатливи.

Според поглаварот Стефан, станува збор за три услови кои се однесуваат на името на нашата црква, отстапување на дијаспората и признавање на Украинската православна црква од страна на МПЦ-ОА.Владиката Пимен смета дека тоа не се прашања што не може да се надминат низ разговори.

   

„Да, тие три услови постојат уште од моментот кога почнавме да ги затоплуваме односите и веќе да имаме еден понепосреден однос со Цариградската патријаршија. Тие беа трите услови – околу употребата на името, околу решевањето на прашањето со дијаспората, но и сослужувањето со Украинската црква. Не се толку тешки тие работи, дека не можат да се надминат. Со разговори мислам дека можеме да дојдеме до надминување на сите тие три услови“вели митрополитот европски.Г. Пимен вели дека, колку што знае, од нашата црква не се бара да го промени сопствениот устав и да не се нарекува Македонска црква.

„И навистина не смееме да ја изгубиме таа придавка од нашето име. Ние секогаш ќе си бидеме Македонска православна црква, кој како сака нека не ословува. Значи не се бара од нас, бараме колку што сум информиран јас, да направиме промена на Устав и да го промениме ние нашето име, туку само во меѓусебните релации да го користиме, кога се обраќаме до Цариградскта патријаршија, да се обраќаме како Охридска архиепископија“,вели владиката.Дополнителни, вели тој, Охридска архиепископија носи историја и наследство од 11 века.Во однос на прашањето за дијаспората, тој вели дека за нас е неприфатливо некој да ги бара нашите имоти таму, но дообјаснува дека тоа Вселенската патријаршија и не го бара.

„Што значи отстапување на дијаспората? Вселенската патријаршија, можеби, се раководи од она што им го даде Украинската православна црква при признавањето. Но, тие се во поинаква ситуација. Украинската православна црква нема имоти надвор, затоа што немаат стара емиграција, многу и не се организирани по светот и можеби нив им оди во прилог некој друг да им даде објект, некој друг да ги прифати сите оние раселени лица коишто последниве години се раширени насекаде по светот и дека можеби е добро за нив некој да им го бере и тоа гајле, да им даде готов објект. Но, за нас е неприфатливо некој да ги побара нашите имоти, затоа што е едноставно невозможно сите оние вложувања на нашиот народ сите овие години наназад, скоро еден век како не има Македонците во дијаспората и како сме организирани со градење и преуредување на цркви, сето тоа да му се даде некому на тацна, тоа е незамисливо и неприфатливо. Ниту една црква не го дала тоа. И затоа беше тука како она дообјаснување што го даде архиепископот дека доколку сите други цркви би прифатиле да ја отстапиме на Цариградската патријаршија дијаспората, тогаш и ние би се вклучиле во тоа. Но, не е до толку страшно прашањето, затоа што не се бара отстапување на имотот, само да се најде некој начин како би им се признала нивната чест во православниот свет на прво место. И верувам дека ќе седнеме понатаму и ќе го решиме сето тоа и ќе се надмине“,рече митрополитот европски.

Прашан зошто МПЦ-ОА има толку ригиден став во однос на прашањето за признавање на Укринската правослвана црква, владиката Пимен вели дека не знае и оти и нему му е несфатливо зошто нашиот ства би бил таков.

„Можеби сето она што се случува во светот во моментот, сочувствување можеби со Руската црква. Инаку, и мене ми е несфатливо зошто би имале толку ригиден став. Признавањето на Украинската православна црква доаѓа од истиот извор од којшто дојде и признавањето на нашата црква. Тогаш зошто ние би правеле комисии кои би ја испитувале можноста, правилноста дали е тоа валидна одлука“,  вели владиката.Поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан / Фото: АрхиваИнаку, на почетокот на разговорот тој, одговарајќи на прашање, се осврна на статусот кој сега го има МПЦ-ОА во православниот свет по томосот што го доби од Српската православна црква.

„Препорката од Вселенската патријаршија тогаш беше Српската православна црква да изготви едно писмо кое ќе е препорака, по нивниот пример, сите да го прифатат нашиот автокефален статус и постоењето како независна автокефална Македонска православна црква во православниот свет. Српската црква таа препорака за прифаќање во православниот свет ја нарече и томос и ние го имаме веќе тој томос според кој се декларираме како автокефална Македонска православна црква, користејќи го и името Македонска православна црква, но и името Охридска архиепископиј“,вели отец Пимен.

Сепак, според него, во православниот свет вековна традиција е конечното признавање да дојде од Веселенската патријаршија. Тој верува дека „ние никогаш нема целосно да ги затвориме вратите“ и дека ќе останеме посветени на разрешувањето на, како што ги нарече, оние ситни прашања меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија, „коишто некому изгледаат дека се крупни чекори, чекори на сопнување кои не оддалечуваат од конечната цел“.

„Но, јас барем колку што сум запознаен, Синодот (на МПЦ-ОА) работи во скратен состав, можеби ми фали некоја информација, не сум навремено известен, но наскоро ќе имаме пленарна седница на Синодот, верувам дека ако има некои нови ситуации ќе бидеме известени околу сето тоа“,вели тој.Прашан зошто изјавата на архиепископот Стефан дошла токму во овој момент, владиката Пимен рече дека можеби има некој момент за кој не е известен, затоа што не се вратил во Македонија.

„Повторно ќе речам, зошто изјавата била во овој момент? Можеби има некој момент за кој не сум информиран затоа што не сум се вратил во Македонија да се сретнам со моите колеги да поразговараме околу тоа прашање, но да веруваме дека нема нови услови и дека ќе најдеме сили меѓу нас да се договориме и да останеме посветени на оној пат да дојдеме до конечно признавање од Вселенската патријаршија“,вели митрополитот европски.

   

Најново

Делови од Гази Баба и Кисела Вода денеска без струја

Sase Ivanovski

Предавникот од Вашингтон

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Гевгелија остана четири саати без струја, граничниот премин неколку саати работел на агрегат

Sase Ivanovski

Муцунски на настан на Атлантскиот совет: Потребна е забрзана интеграција

Sase Ivanovski

ПАЃААТ КАМАТИТЕ НА КРЕДИТИТЕ, РАСТАТ НА ДЕПОЗИТИТЕ – еве ги најновите движења на каматните стапки за фирмите и граѓаните

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПОМЛАДИОТ БРАТ ПАДНА ОД МОТОР, ПОСТАРИОТ ТРИУМФИРАШЕ Маркез ја освои Големата награда на Холандија

Sase Ivanovski

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Sase Ivanovski

Агелер: Три децении покажавме како изгледа вистинско пријателство и вистинско партнерство

Sase Ivanovski

Мојсоска: Не спие обвинителството само во Чаир – ОЈО Струга е во длабок сон

Sase Ivanovski

Николоски за ТВ Франс 24: Работиме паралелно на развој на двата паневропски коридори 8 и 10, бараме силна подршка од европските земји

Sase Ivanovski

Телефонски разговор Макрон-Путин по речиси три години

Sase Ivanovski

ММФ: Економскиот раст на БиХ забавува, а инфлацијата повторно расте

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Гарсија блесна и против Јувентус, Реал Мадрид обезбеди четвртфинале на Светското клупско првенство

Sase Ivanovski

Истражување: Секој 10-ти Црногорец давал мито во последната година

Sase Ivanovski

Муртезани: Изјавата на еврокомесарката Марта Кос ја отсликува европската перцепција за идентитетот

Sase Ivanovski

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski
Вчитувам....