МАКТЕЛ

     

Владиниот агент Џонова: Одлуката на Стразбур за аболицијата ќе биде објавена на 16 февруари

      

Дека за две недели, поточно на 16 февруари, ќе биде објавена одлуката на Судот за човекови права во Стразбур, за аболицијата на екс претседателот Ѓорге Иванов, за „Фокус“ потврди и Даница Џонова, владин агент од Бирото за застапување на Р.Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права. -За дел од предметите за кои се интересирате има најава за објава на 16 февруари, на интернет страницата на Судот за човекови права во Стразбур, ни изјави Џонова.

 

   

Според процедурата, и двете странки во постапката, и подносителите на тужбите и Бирото за застапување, неколку дена предвреме се известуваат за датумот на објавување на одлуката, а клучната информација ќе ја дознаат на денот на објавувањето. Европскиот суд тогаш ќе даде одговор дали предметите на СЈО ќе преживеат и судењата кои се во тек, ќе продолжат без пречка, или сѐ ќе падне во вода, односно ќе запрат и ќе се поништат повеќето предмети, а обвинетите и осудените ќе бидат прогласени за жртви, на кои државата дури ќе треба да им плати и обесштетување. Или, накратко кажано, Судот во Стразбур ќе треба да пресече дали „космодиск аболицијата“ на експретседателот Ѓорге Иванов сѐ уште важи, иако изгледаше шашаво.

КАКО ПОЧНА СЕ Во ноември 2017 година, адвокатот Влатко Илиевски ја поднесе првата апликација до Судот во Стразбур, а потоа следуваа уште осум, кои се однесуваат на вкупно 10 оштетени. Првата е на име на поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, а по десетина дена пристигнала и она на Едмонд Темелко, ексградоначалникот на албанската општина Пустец. Истиот месец, на ист датум се поднесени уште две, на Никола Груевски и една заедничка на Тони Јакимовски и Гордана Јанкулоска. Следната година, во февруари 2018, пристигнува и заедничката апликација на Јанкулоска и Миле Јанакиески, а по три месеци се изготвува и на Киро Тодоровски. Летото 2018 година во Стразбур пристига и апликација од поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, а годината завршува со апликациите на Јанакиески и Кирил Божиновски.

За сите нив е заедничко барањето кривичниот прогон да запре со образложение дека помилувањето кое го добиле од поранешниот претседател не можело да се повлече. Министерството за правда пак не сакаше да се спогоди со апликантите и тврдеше дека аболицијата е незаконска и неуставна, иако е акт на претседател на држава. Инаку, сѐ започна на 12 април 2016 година, кога тогашниот претседател Иванов се огласи во јавноста со информацијата дека аболирал вкупно 56 лица, меѓу кои Никола Груевски, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска…, повикувајќи се на членот 11 од Законот за помилување.

Уште не ги дочита помилуваните, а веќе на нозе се крена стручната јавност, која потсети дека овој член е избришан од правниот поредок и дека не може да воскресне! Членот 11 беше „жив“ сѐ до 2009 година, кога беа донесени законски измени со кои беше избришан. Измените на Законот беа направени по барање на тогашната влада раководена од ВМРО-ДПМНЕ, која тврдеше дека членот 11 му овозможувал на претседателот да се меша во судската власт, бидејќи на тој начин Бранко Црвенковски го спаси Зоран Заев од кривичен прогон, а за време на аферата „Големото уво“ во 2001 Борис Трајковски ја аболираше Доста Димовска. Идејата беше претседателите во иднина да не го користат овој член за спасување на свои партиски приврзаници или друг вид соработници.

Членот 11 седум години беше „мртов“, дури и заборавен, но неочекувано на сцената се појави Уставниот суд за да му го подготви теренот на Иванов и од нигде-никаде ги укина измените на Законот од 2009 година. Само еден месец подоцна, Иванов и неговите политички партнери протолкуваа дека Уставниот суд со оваа одлука го воскреснал членот 11 и старото законско решение е вратено во сила. По еден месец голем притисок на домашната и меѓународната јавност, претседателот Иванов повторно се јави во јавноста за да соопшти дека ја повлекува дадената аболиција. За многумина денес изгледа дека овој потег бил мудро предвиден. Дополнувањето на Законот, со член 11-а беше изгласано на 19 мај 2016 година по скратена постапка, на барање на пратениците Илија Димовски и Талат Џафери, со образложение Иванов да може ја поништи аболицијата во рок од 30 дена.

ДЕЛ ОД СЛУЧАИТЕ ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ ЌЕ ПРЕЖИВЕАТ Во случај Стразбур да одлучи во полза на екс функционерите, сепак дел од предметите на СЈО ќе преживеат. Па така, на пример, бегалецот Груевски добил седум решенија потпишани од Иванов, кои половично ќе му завршат работа доколу Стразбур одлучи во негова полза. Но ова не значи дека Груевски во таков случај веднаш би се вратил во земјава, бидејќи ќе треба да влезе зад решетки и да одлежи ефективна казна од две години за набавката на луксузниот мерцедес од 590.000 евра, односно за случајот „Тенк“. Овој случај не е опфатен со аболицијата.

За предметот „Титаник“, или за изборните нерегуларности на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски се гони за три кривични дела, но и да помине аболицијата со сигурност би продолжило да му се суди барем за едно дело кое не е опфатено со решенијата. Исто така поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ не би се спасил ниту за „Талир“ и „Талир 2“, за кои немаше аболиција. Сепак, Груевски би куртулил од случајот „Насилството во Центар“, за кое беше осуден на една и пол година затвор. Позитивна одлука на Стразбур не би ја спасило ниту Јанкулоска за случајот „Тенк“, за кој одлежува 4-годишна затворска казна, бидејќи кога Иванов ја раздаваше аболицијата, овој предмет сѐ уште не постоеше. Затворската казна би продолжил да ја издржува и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, бидејќи и овој предмет не беше опфатен со аболицијата.

   

Најново

Министерство за внатрешни работи: Заменик министерот за внатрешни работи Исени оствари средба со турскиот амбасадор Н.Е.Фатих Улусој

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Kривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување

Sase Ivanovski

ЈП Комунална хигиена-Скопје: ДЕМАНТ НА ИЗЈАВА НА ДЕЈАН МИТЕСКИ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, партија која ја распродаваше државата како на попуст во трговски центар, зборува за надворешна политика

Sase Ivanovski

Средба Жаклина Пешевска, со полковничката Антониела Станковска-Будимир: Заложби на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите во унапредување на жените во одбраната

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителот Марковски за пресудата од 12 години: Денешниот ден за Обвинителството е поголема победа, Обвинителството го задржува правото на жалба и да бара повисока казна

Sase Ivanovski

Јермак: Отсуството на Путин во Истанбул ќе биде „последен сигнал“ дека Москва не сака завршување на војната

Sase Ivanovski

Девојката со Путин не му е ќерка, креирана е со вештачка интелигенција

Sase Ivanovski

Ерол Ризаов: Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

Sase Ivanovski

Приведена скопјанка осомничена за измама при продажба на стан

Sase Ivanovski

Во Индија 14 лица починаа откако испиле отровен пијалок

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Влада составена само за лични интереси е логично да се распаѓа

Sase Ivanovski

Кошта на средба со Вучиќ: Топката е на ваш терен

Sase Ivanovski

СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика – Владата не знае каде тера

Sase Ivanovski

Јаневска: Премиерот ќе одлучи дали ќе бидам министерка за здравство

Sase Ivanovski

Косовското собрание ниту во 15-тиот обид не успеа да избере претседател и потпретседатели

Sase Ivanovski

Нема да има реконструкција, туку само смена на министри, велат од Владата

Sase Ivanovski

Отстранета дивоградба на улица Киро Крстевски – Платник, просторот ќе се намени за граѓаните

Sase Ivanovski

Јаневска: Лажните дипломи се јавна тајна, но тешко се докажува криминалното дело

Sase Ivanovski

Приведен велешанец кој возел пијан и нападнал полицаец

Sase Ivanovski

Србија им објави војна на фалсификаторите на мед

Sase Ivanovski

Фрчкоски за кривичната пријава: Срамен притисок врз критичарите на власта

Sase Ivanovski

Шведски дипломат осомничен за шпионажа е уапсен во Стокхолм

Sase Ivanovski

Владата со суперапликација ќе ги доближува услугите до граѓаните

Sase Ivanovski

Жерновски: Ниедна политичка партија не напушта Влада која е успешна – АА не е било која партија, туку главниот senior partner

Sase Ivanovski

Четири бугарски минерални води аплицираат за поголема европска заштита

Sase Ivanovski

Семејството на Фросина повикува утре на протест по пресудата за Васил Јованов

Sase Ivanovski

Индиски возачи управуваат со македонската градежна механизација

Sase Ivanovski

Политичкиот егоизам предизвикува блокада на Косово

Sase Ivanovski

(ФОТО) Градското собрание Хилверсум во Холандија

Sase Ivanovski

Дојава за бомба во авион на „Рајанер“ – драма на аеродром во Белгија, откажани сите летови

Sase Ivanovski

Демировски тврди дека градоначалникот на Шутка избегал од Македонија?!

Sase Ivanovski

ВЕЛИЈА РАМКОВСКИ ПРИЗНА ДЕКА ЗГРЕШИЛ СО ГРУЕВСКИ!

Sase Ivanovski

Реформите остануваат клучни за конкурентноста на европската економија, порача Димитриеска-Кочоска од Брисел

Sase Ivanovski

Познатиот американски бизнисмен Крис Павловски со македонско потекло кој важи и за многу близок човек на Трамп, негира дека тој ја органзиирал и ја платил посетата на македонската делегација во Вашингтон за инаугурацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Владата на Полска му забрани на претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик да влегува во таа земја и да транзитира низ неа, објави сараевскиот портал Politiki.ba

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Обвинителот бара Јованов да остане во притвор, адвокатот се противи, обвинетиот пак „нема никакво барање“

Sase Ivanovski

Кина ја укина забраната за испораки на авиони „Боинг“ по трговскиот договор со САД

Sase Ivanovski

РКЕ: Од 1 јуни македонските трговци со електрична енергија ќе можат да снабдуваат 1.000 потрошувачи од Косово

Sase Ivanovski

Сообраќајка на патот Берово – Виница, сообраќајот во прекин

Sase Ivanovski

Меџити кон Таравари: Ти не ја напушти владата, туку ја предаде, не се враќаш кај народот, туку кај „црната листа“

Sase Ivanovski

Трамп: ЕУ е полоша од Кина

Sase Ivanovski

Касами: Не се исклучува можноста министерското место во здравсто да биде на ВМРО-ДПМНЕ, а Влен да добие друг ресор

Sase Ivanovski

Македонски концепт: Таравари го претвори здравството во сектор „паркинг“ и ги предаде Албанците

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

(Видео) „Тече од сите страни во училиште во Битола под водство на Тони Коњановсен“: Илиевска со знаме на Шведска излезе на говорница

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Апел до граѓаните да внимаваат на лажни е-пораки – фишинг линкови

Sase Ivanovski

Пешевска: Комисијата за еднакви можности е силна алатка за заштита и унапредување на женските права

Sase Ivanovski

(Видео) „Скандинавскиот асфалт на Коњановсен се распадна 20 дена по асфалтирањето“, вели советникот Иван Чулакоски

Sase Ivanovski

12 години затворска казна за Васил Јованов кој ја прегази Фросина Кулакова

Sase Ivanovski

Одземена лиценцата на Агенцијата што кобната ноќ ја обезбедуваше дискотеката „Пулс“ во Кочани

Sase Ivanovski

Кривична пријава за Фрчковски, осомничен е за злоупотреба на буџетски пари во САД

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Таткото на Фросина Кулакова, Тодор, револтиран од висината на казната, ја напушти судницата

Sase Ivanovski

Колку Македонци работат за Крис Павловски?

Sase Ivanovski

Манасиевски: Филипче да ја покаже потврдата од Министерството за здравство од ОАЕ за студирање медицина, ако воопшто ја има

Sase Ivanovski

Герасимовски: Отворен Јавен повик за „Нож и виљушка на европска чинија“, да се поврземе со светот

Sase Ivanovski

Реакција на ОО СДСМ Прилеп на вчерашното пуштање во употреба на новата детска градинка „Бајка“

Sase Ivanovski

Акциска контрола на Регионалниот центар за гранични работи Запад, пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво

Sase Ivanovski

Децата со типичен и атипичен развој обединети повторно во игра и дружење на „Гуш и бац е љубов“ во Градскиот парк

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Единствени кои се евакуираат се Филипче и Заев со стекнатиот капитал во Дубаи, а тоне само рејтингот на СДС

Sase Ivanovski

Брисел: Муртезани и Суперти со заедничка заложба за напредок на реформите и отворање на првиот Кластер

Sase Ivanovski

(ФОТО) 5 – та еколошка акција “Генералка викенд” во Куманово

Sase Ivanovski

Петрушевски до Бочварски: Предложениот закон за Кочани од СДС е гол популизам и политичко глодарство

Sase Ivanovski

(ФОТО) 10 – годишнина од трагичниот настан во Диво насеље

Sase Ivanovski

Фудбалски клуб Вардар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на ОАЕ, Абдула Али Атек Обаид Алсубуси

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Мицкоски од Самитот на Македонија 2025 – стабилизација на државата и зголемување на економскиот раст, нова владина суперапликација за дигитални услуги, се работи на едносменска работа во училиштата

Sase Ivanovski

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Мехмед II наречен „Освојувачот“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Австралија, Питер Џорџ Трасвел

Sase Ivanovski

Герасимовски: На спорното земјиште на ул. „Киро Крстевски-Платник“ ќе никне простор по мерка на граѓаните

Sase Ivanovski

Основни поими за кокошката

Sase Ivanovski

ТАРАВАРИ ГИ ПРЕДАДЕ АЛБАНЦИТЕ

Sase Ivanovski

Општина Карпош интензивно работи на пролетно генерално чистење на собирните и станбените улици како и блоковското парковско зеленило низ урбаните заедници

Sase Ivanovski

Сармата е едно од најпознатите македонски традиционални јадења

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се заплетка во сопствените лаги, Филипче да каже дали има удел во бизнисите на Заев во Дубаи?

Sase Ivanovski

СДСМ: Таравари ја напушти Владата, сите гледаат дека Мицкоски ја води државата во провалија

Sase Ivanovski

Книга за вистината за прогонувањето на Македонците во Бугарија и копретседателот на „ОМО Илинден“ Пирин, Стојков во „Матица македонска“

Sase Ivanovski

Кој е Аврам Писевски според кого е крстено основното училиште во скопско Бардовци?

Sase Ivanovski
Вчитувам....