Пред турнејата пак, најавен е негов концерт во Антички театар во Охрид, на осми август. Околу тоа дека музичарот е максимално ангажиран околу неговата кариера, зборува и веста дека на почетокот на месецов го објави својот албум на хрватски јазик, насловен ,,Најубави љубовни песни”.За електронскиот медиум Глас Славоније Хр, тој открива дека планирал да биде што почесто во Хрватска.
-Би сакал да направам концерт во Хрватска, но пред тоа морам да оставам доволно време за моите песни да заживеат, за публиката да посака да дојде. Овие 16 песни од албумот треба да го поминат тестот на времето и да си го најдат патот до срцето на слушателот.
Во наредниот период планирам да бидам што почесто во Хрватска поради промоцијата, бидејќи моите песни се како мои деца – Не е доволно само да се родат, туку треба да им се помогне и да проодат, раскажува Јаневски за хрватските медиуми.Тој е присутен на сцената повеќе од 30 години и познат е по љубовните балади кои станаа евергрини и се пеат со години. Пред неколку години ја изненади јавноста со преселбата од Скопје во Гевгелија, град за кој кажа дека му донел бавно животно темпо, но истовремено и мирен и среќен живот.