МАКТЕЛ

     

Влијанието на фан заедниците врз поп културата: Како Македонија се вклучува во светските трендови?

      

                              Од „Ежот Соник“ (Sonik the Hedgehog), „Војна на ѕвездите“ (Star Wars), световите на „Марвел“ (Marvel) и „Ди-Си“ (DC), до „Воен чекан: 40.000“ (Warhammer 40k) и аниме – фан културата еволуираше во моќна сила која не само што ги обликува индивидуалните идентитети, туку ги редефинира индустриите, трендовите и културните пејзажи. Во меѓувреме, македонските фан заедници продолжуваат да растат, и покрај ограничените ресурси и настани

Автори: Гоше Николов и Христијан Крстевски

   

Кога во 2019 година беше претставен првичниот дизајн на мегапопуларниот еж „Соник“ за првпат адаптиран на филмското платно, трејлерот за долгоочекуваниот филм „Sonic the Hedgehog“ наиде на гласни реакции. Обожавателите беа огорчени од чудниот изглед на ликот, особено од неговите човечки заби и необични пропорции кои отстапуваа од иконскиот изглед на ежот во добропознатата видеоигра.

Негативните реакции беа огромни, што ја натера продукцијата да го одложи објавувањето на филмот и да го редизајнира Соник за повеќе да наликува на неговиот оригинален дизајн од игрите. Наместо во ноември 2019 година, филмот „светлото на денот“ го виде три месеци подоцна – во февруари 2020. Овој случај претставува само еден од многуте значајни моменти за влијанието на обожавателите врз обликувањето на креативните одлуки во забавната индустрија.

„И јас учествував во тој outrage [бес] на социјалните мрежи. Искрено, кога сите го видовме оригиналниот дизајн на Соник во првиот филм, беше ужасно и сите реагиравме. Беше очигледно дека сакаме да успее филмот, сакавме да платиме за да го гледаме и да биде добар, а не само да си ги дадеме парите. Беше зачудувачко што воопшто нè послушаа“, вели Софија Шахпаска. Таа има 23 години, работи како графички дизајнер и илустратор, а во слободно време собира видеоигри и фигури, како и додатоци за виртуелна реалност.

Споредба на првичниот дизајн на Соник објавен во првиот трејлер во 2019 (лево) и финалниот дизајн во филмот „Sonic the Hedgehog“ (десно) / фото: социјални мрежи

Софија е фан на „Соник“ уште од свои пет години, кога почнала да го гледа на телевизиските екрани и во видеоигрите. „Кога бев на премиерата на ‘Соник’ филмот кај нас, се запрепастив кога видов колку деца и тинејџери беа дојдени. Ми го стопли срцето. Сето тоа беше само заради тоа што на интернет се побунија некои вакви фанови како мене“, вели Софија. „Како инаку ќе привлечеш нови луѓе во франшизата ако не си ги слушаш тековните фанови што ти кажуваат? Така франшизата станува поголема“, додава таа.

Софија Шахпаска / фото: Х.К.
Фан културата еволуираше во движечка сила со огромни импликации за индустриите како оние за видеоигри и за филмови. На глобално ниво, само гејминг индустријата во 2023 година беше проценета на над 280 милијарди американски долари, надминувајќи ги филмската и музичката индустрија заедно.

Финансиското влијание на кампањите водени од фановите, исто така, не е за потценување. Еден од најзабележителните примери е кампањата #ReleaseTheSnyderCut, која беше проследена со преку еден милион твитови и предизвика огромен притисок врз „Ворнер Брос“ за да ја објави оригиналната верзија на „Лига на правдата“ (Justice League) на Зак Снајдер. Ова движење предводено од фановите резултираше со повторно објавување на филмот, што го чинеше студиото дополнителни 70 милиони долари.

На социјалните мрежи заедниците на обожаватели напредуваат и создаваат дигитален пејзаж каде дискусиите и содржините поврзани со популарните франшизи се мерат во стотици илјади. Заедницата на „Соник“ на Редит брои над 200.000 членови, додека хаштаговите поврзани со ежот на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) создадоа милиони интеракции. Овие примери го нагласуваат растечкото влијание на обожавателите, не само како консумери на содржините, туку како активни учесници во обликувањето на наративите на поп културата.

Поп културата е насекаде околу нас

За многумина, станувањето фан започнува рано во животот и честопати е поврзано со хероите од детството и саканите приказни, како во случајот со Софија. Низ светот, децата растат покрај омилените анимирани ликови, стрипови, видеоигри и филмови, кои ги обликуваат нивните интереси и им помагаат да се идентификуваат. Она што некогаш се сметаше за невообичаено, денес е „мејнстрим“.

„Сè околу нас веќе е поп култура, бидејќи станува сериозен „мејнстрим“ – и стрипот, и филмот и мангата како јапонска култура. Гејмингот е веќе најголема индустрија во светот и секој денеска сака да е гејмер“, вели младиот новинар Марио Спасевски, кој работи во гејминг полето и индустријата во Македонија. „Порано беше малку чудно да си гејмер, ќе те зезаат, ќе се шегуваат со тебе ако играш игри, а денес си фраерот во друштво ако играш игри. И повеќе ќе расте од тоа што е сега“, додава тој.

Марио е еден од водителите на поткастот „Дебели Гикови“ кој се стреми кон ширење на поп културата во земјава, покрај неговиот колега Огнен Златков. „Јас сум пораснат со поп култура. Туширање, седнување пред телевизор, пуштање ‘Нинџа желки’ – од мал сум ‘гик’ и сè околу мене, сè што ме опкружува ми е ‘гиковско’. А мислам дека Бетмен е франшизата што ме навлече кон тие работи. Како мал, се знаеше – Бетмен беше тој што цело време го имаше на телевизија“, вели Огнен.

Марио Спасевски (лево) и Огнен Златков (десно), водители на поткастот „Дебели Гикови“ / фото: Х.К.
Фан културата во Македонија – просперитетна локално, поврзана глобално

Додека глобалната фан култура цвета, македонските обожаватели имаат свои уникатни предизвици –  се соочуваат со ограничен пристап до ресурси и настани кои во поголемите земји се широко достапни. „Се држиме на стаклени нозе, коишто може да пукнат во секој момент. Ако се споредуваме со другите, а не треба да се споредуваме, бидејќи сме мал пазар, добро е што до некаде битните работи стигаат до нас, до Македонија.

Фала богу, веќе имаме сè на интернет, можеме лесно да пристапиме до сè“, вели Марио. „Ако зборуваме за физички работи – стрипови, добри книги и слично, може да се дојде лесно до нив, но сепак, изборот од каде што можат да се купат или набават е многу мал. Само во Скопје имаме едвај неколку продавници што на пола рака може да се избројат што продаваат работи како стрипови, фигури, манга и друго“, објаснува тој.

Ристо Манасиев е 2Д аниматор и дигитален илустратор, а вели дека главно хоби му е гејмингот и сè она што опфаќа „гик културата“, додека најголем фокус во секојдневието му одзема „Warhammer“. Според него, некои франшизи во Македонија имаат поголеми фан заедници од други.

„Зависи за која франшиза станува збор и кое хоби станува збор. Имаме хобија коишто се многу развиени и такви коишто допрва се развиваат. Стрип културата и стрип фан базата се поприлично стари. Датираат уште од раните 80-ти години. Гејмингот почна многу повеќе да се развива кон крај на 90-тите, средината на 2000-тите. Сега мислам дека има огромна база на фанови. На моја голема радост, заедницата на ‘Warhammer’ почна рапидно да расте и затоа сум многу среќен“, вели Ристо.

Ристо Манасиев / фото: Х.К.

Тој вели дека во земјава се создаваат автентични македонски фан заедници, иако некои обожаватели се приклучуваат кон странските фан групи. За многу македонски фанови, дигиталниот свет стана просторот каде се поврзуваат со глобалните заедници. Дискорд, Редит, Фејсбук и Инстаграм станаа места каде што заедниците на обожаватели меѓусебно си споделуваат содржини, дебатираат за теориите и се поврзуваат со другите кои ги споделуваат нивните страсти.

„Во раните години кога навлегував во оние домени што ме интересираат – епска фантастика, научна фантастика, видеоигри, стрипови, игри со минијатури – во почетокот, затоа што интернетот уште не беше доволно развиен, немав толку контакт со истомисленици“, раскажува Ристо, додавајќи дека, со масовниот развој на интернетот, почнал да зпознава многу луѓе што ги делат истите интереси како него. „И тоа помогна многу во однос на размена на лични искуства коишто и тоа како допринесоа за поголем раст во однос на тоа како гледам на некои работи.

Јас себеси се сметам за ‘гик’ и сметам дека помогна во однос на мојот раст за она кое мене ми е интерес“, дециден е Ристо. „Постојат неколку групи на Фејсбук во Македонија што се занимаваат само со дискусија за новите игри што искачаат, зависно за која конзола станува збор, има таква група – за Нинтендо, Искбокс, Плејстејшн.

За ретроигрите има само една ама ретко се збори за ретроконзоли кај нас, интересот е повеќе кај модерните конзоли, интересот е таму меѓу новите генерации, иако  јас пробувам да бидам што поголем застапник за ретроконзолите и ретроигрите во Македонија колку што можам“, вели Софија Шахпаска.

Минијатурни фигури од „Warhammer“ на Ристо / фото: Х.К.

И Марио се согласува дека фан заедниците денес најчесто се обединуваат на социјалните мрежи.„Бидејќи за сите, небитно годишна граница, за млади и стари – сите овие работи се многу лесни и достапни за користење и многу им е лесно на сите заедници да направат група на Фејсбук или канал на Дискорд каде може да комуницираат цело време“, вели Марио.

„И цело време сите се активни, споделуваат слики, импресии, видеа, кажуваат нивни мислења. Дефинитивно, иако немаме некоја голема достапност на работите што може да се набават, фан заедниците стварно се зголемуваат од ден во ден и навистина имаме фан заедници за буквално сè во Македонија“, додава младиот новинар.

Подем на локални настани

И покрај предизвиците, локалните фан настани полека добиваат на внимание. Фестивали како „Сакура“, „Нихон Џи“, „Стрип Трип“, „А1 Гејм Фест“ и „Гејм Џем“ им даваат можност на обожавателите во Македонија да ги прослават своите страсти. Иако овие настани се сè уште релативно мали, сепак ја препознаваат и слават важноста на фан културата во земјава.

„Од вакви слични настани во регионот, јас сум бил на ‘Comic Con’ во Солун два пати. Во Белград, пак, секоја година се организира ‘Games Con’, како дел од оној што се организира во Германија“, вели водителот на поткастот „Дебели гикови“, Огнен.

Локалните и регионалните настани се од суштинско значење, велат соговорниците – не само за да се сретнат и дружат со другите, туку и за да ја покажат сопствената креативност, преку создавање на уметност, косплеј, видеа, па дури и свои наративи. „Гледам секогаш кога ќе се појавам на косплеј настан, да бидам што поенергична со луѓето и да бидам што повеќе во карактерот“, објаснува Софија.

Акциони фигури на Огнен / фото: Х.К.

Променети животи

Ваквите настани кои ги обединуваат обожавателите, покрај тоа што влијаеле врз перцепциите и идентитетите на соговорниците, на некои од нив им го промениле животот на најнеочекуван начин. Ристо својата сопруга ја запознал токму на еден ваков собир на фанови, а нивната љубов, освен со „реална“ венчавка во живо, ја крунисале со втора свадбена церемонија – виртуелна, во играта „Final Fantasy“, каде што поминале безброј часови заедно.

фото: исечок од виртуелната венчавка на Ристо и сопругата во видеоиграта „Final Fantasy“

И Софија потврдува дека колекционерството на видеоигри и фигури значително го променило нејзиниот живот. „Пробувам да не се поврзувам многу за предмети, туку за луѓето и местата, ама искрено јас како уметник кога работам од дома или од канцеларија, многу ми е важен просторот како ми е уреден, за да ме инспирира што повеќе, да креирам и да бидам своја.

Откако почнав да собирам конзоли и игри, некако животот ми е поисполнет, поради што и хобито го споделувам со мојот партнер, така што одиме на бројни авантури скоро секој викенд со собирање видеоигри, конзоли, фигури и така и се запознаваме со што повеќе луѓе, наоѓаш истомисленици и формираш нови пријателства“, вели Софија.

Изработката на оваа приказна е поддржана од Фондацијата Томсон како дел од проектот Култура и креативност за Западен Балкан (CC4WBs). Оваа приказна е создадена со финансиска поддршка на Европската Унија. Нејзината содржина е единствена одговорност на авторот и не мора да ги одразува ставовите на Европската унија.

  

Најново

Топ тема: Таравари е завршена работа за „Вреди“

Sase Ivanovski

24 Анализа – Преписките меѓу Вреди и Таравари уште повеќе ја разгореа политичката реторика

Sase Ivanovski

Николоски: Соработката со ДУИ би била политичко самоубиство за Таравари, се надевам дека тоа нема да го направи

Sase Ivanovski

Филипче од Неготино: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема капацитет и идеја за водење на државата

Sase Ivanovski

Филипче: Лажниот патриотизам на ЗНАМ заврши како приватен бизнис-проект

Sase Ivanovski

Поранешниот извршен директор на Google, Ерик Шмит: Тајван би можел да користи камикази чамци за да се заштити од кинеска инвазија

Sase Ivanovski

Чеченскиот воен лидер, Рамзан Кадиров вели дека сака да си даде отказ, но му е потребна дозвола од Путин

Sase Ivanovski

Носач на авиони на американската морнарица во борбата во Црвеното Море изгуби трет Супер Хорнет. Авионот вреден 60 милиони долари при слетувањето не успеал да застане на пистата…

Sase Ivanovski

На 11 мај (недела), во 11 часот на Школка во Градскиот парк, по шести пат ќе се одржи инклузивниот настан „Гуш и бац е љубов“

Sase Ivanovski

Почнува изградбата на гасниот интерконектор со Грција. Треба да биде готов во 2027 година

Sase Ivanovski

Купови ѓубре и канти полни со смет утрово стоеја пред противпожарните излезни скали на Државното обвинителство кое формираше обвинителски тим за и го истражува пожарот во Кочани во кој загинаа 62 млади луѓе токму поради неисполнување на противпожарните стандарди

Sase Ivanovski

Миловановиќ: Се додека некој има против Македонија неможе да напредува на патот кон ЕУ

Sase Ivanovski

Пендаровски: Срдечна средба со мојот пријател и пријателот на Македонија, претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Нов гасоводен интерконектор, дигиталната инфраструктура ќе биде мотор за напредок, над 10 милиони денари за промоција на земјоделството

Sase Ivanovski

Јаневска: Во соработка со швајцарската Хелветас и шведски Волво, развиваме нова образовна квалификација – специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила

Sase Ivanovski

Ковачки: Заврши времето на уцени и закани од ДУИ, потребно е да ги исчистат криминалците од своите редови и да се реформираат

Sase Ivanovski

Стаменкоска Трајкоска: Владејачкото мнозинство е стабилно, победник на локалните избори ќе биде ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Ковачки: Членови на Судски совет служат на луѓе кои жестоко се борат да ја задржат моќта во правосудството со цел да се спасат од постапките за криминал

Sase Ivanovski

Стојаноски: Ќе го понудиме целиот политички легитимитет на локалните избори, работиме на конкретен план и програма

Sase Ivanovski

Индија изврши напад врз Пакистан по масакрот во Кашмир, Пакистан тврдат дека собориле пет индиски авиони

Sase Ivanovski

Денеска почнува конклавата за избор на нов папа

Sase Ivanovski

Две грабнувања во Тетово, едната жртва била малолетник кој што бил претепан со тупаници и железна палка

Sase Ivanovski

Змиите во урбани средини се ретки и не се опасни, треба само да се заобиколат, советуваат биолозите

Sase Ivanovski

Студенти што примаат семејна пензија останаа без право на субвенциониран оброк

Sase Ivanovski

Анти-ЕУ објава манипулира со стар говор на Урсула фон дер Лајен

Sase Ivanovski

ЕУ не е „фашистичка“

Sase Ivanovski

Авионот на Вучиќ откако слета во Баку, го продолжи летот кон Москва

Sase Ivanovski

Експерти од Шведска ги едуцираа македонските општини за селекција на отпад

Sase Ivanovski

ИРЛ: Пратениците немаат храброст да започнат надзорна расправа за Кочани, Тетово и автобуските несреќи

Sase Ivanovski

Николски за заемот од шест милијарди евра: Не знам како е пласирана информацијата, но делот дека толку ќе се задолжиме е погрешно пренесен

Sase Ivanovski

Мерц ќе разговара за нуклеарното одвраќање со Франција и Велика Британија

Sase Ivanovski

Индија ги отфрла тврдењата за соборени авиони како „дезинформација“

Sase Ivanovski

СДСМ: ЗНАМ и Максим го признаа историскиот скандал, СДСМ ќе објави целосни документи!

Sase Ivanovski

Германска поддршка за земјава во Берлинскиот процес

Sase Ivanovski

Bransys 17 години иновации и успеси, оваа година прославува во Лас Вегас на WasteExpo 2025

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Министерство за внатрешни работи: Претрес во Скопје, пронајдени четири килограми марихуана, кокаин, пиштол…

Sase Ivanovski

Под мотото Инженерството ја гради иднината – на 9-10 мај по петти пат ке се одржи меґународен конгрес Science@FEIT

Sase Ivanovski

Guns N’ Roses ја отворија турнејата со сет листа од 22 песни, а на следниот концерт додадоа 6 нови песни – што не чека во Белград на 18 јули

Sase Ivanovski

Фудбалерите на Шкендија се новите шампиони на Македонија

Sase Ivanovski

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност организираше еко-смарт настан во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје

Sase Ivanovski

181 студент остана без студентски оброк поради користење на семејна пензија, Јаневска најави дека проблемот ќе биде решен

Sase Ivanovski

Потпишан договорот за изградба на гасниот интерконектор со Грција

Sase Ivanovski

Разрешен специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан

Sase Ivanovski

Викторија Трајков: Предолго и неправедно сме во чекалната на ЕУ!

Sase Ivanovski

МОН: ниту еден студент нема да го изгуби правото на субвенциониран студентски оброк заради користење семејна пензија

Sase Ivanovski

ДОГОВОРЕНА ТЕСНА И ДИРЕКТНА СОРАБОТКА МЕЃУ ДАНОЧНИТЕ АДМИНИСТРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА И ТУРЦИЈА

Sase Ivanovski

Изјава на претседателката Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата со хрватскиот претседател

Sase Ivanovski

МЗШВ: На 54 здруженија доделени договори во вкупен износ од 10.094.050 денари, ги поддржуваме локалните манифестации

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска од Евроазискиот економски самит – Визијата на Владата е Македонија да прерасне во модерна, европска држава со стабилна економија, унапредени јавни услуги и повисок стандард за сите граѓани

Sase Ivanovski

ЗНАМ: Ја разбираме очајната состојба во која се наоѓа СДСМ, во својата безидејност, во својот слободен пад како партија на македонската политичка сцена, отвораат стари теми кои се отворени и затворени за јавноста пред повеќе од 9 месеци

Sase Ivanovski

Јаневска: демократското образование создава активни генерации кои се свесни за човековите права и одговорно се однесуваат

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 5 фирми покажуваат како се прават пари во Штип: Лани имале профит поголем од 16 милиони евра

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Овчари нема ниту за 2.000 евра месечно: Главата им е свртена кон тутунарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Во ГРУЗИЈА, мажите од, цело семејство клекнале на колена и побарале прошка затоа што член од нивното семејство прегазил човек од друго семејство

Sase Ivanovski

Кумановската „Рапид Билд“ ќе ги гради македонските 67 километри од гасоводот со Грција

Sase Ivanovski

За една година цените пораснале за 2,2 отсто, најмногу поскапеле кафето, соковите и маслото

Sase Ivanovski

Мицкоски се сретна со Милановиќ – потврдена поддршката за европската иднина на Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аргумент плус – Разговор со Гордан Калајџиев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Саботажа сезона 11 бр. 58

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Влатко Стефановски: Ако не е добро за цел свет, не е добро ни за дома

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски – ПЕТ НОВИ АВТОПАТИ ДО 2029: Македонија ќе биде европски центар за карго транспорт – НИКОЛОСКИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 360 СТЕПЕНИ: Ќе успее ли мисијата на Рамсар да го спаси Преспанското Езеро

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема: Мицковски на маса со Таравари, излезната врата од Илинденска се отвара?

Sase Ivanovski

ЧУВАЈТЕ ГО ПОРЕДОКОТ И ВРАТЕТЕ ЈА ДОВЕРБАТА КАЈ НАРОДОТ Мицкоски им се обрати на полицајците

Sase Ivanovski

СИЛНО ПРИЈАТЕЛСТВО И СИЛНА ПОДДРШКА Сиљановска Давкова го пречека хрватскиот колега Милановиќ во Скопје

Sase Ivanovski

ЗА 3 ГОДИНИ ВЛОЖЕНИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ШТИП Поддршката и развојот ќе продолжат, уверува Перински

Sase Ivanovski

ЗАТВОРЕНИК ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР ГИ НАТЕПАЛ ПОЛИЦАЈЦИТЕ Едниот го расекол со стаклен предмет

Sase Ivanovski

ШТО БАРА ЛИДЕРОТ НА СДСМ ВО ДРУШТВО СО УЖИВАТЕЛИ НА ДРОГА? Манасиевски објави слики од Филипче и Андон Стојков

Sase Ivanovski

ЕКС-ДИРЕКТОР НА СТРУМИЧКИ „КОМУНАЛЕЦ“ ЈА ИЗДАВАЛ КАПЕЛАТА НА ГРОБИШТАТА Претпријатието заработило 30.000 евра преку двоен договор со фирма

Sase Ivanovski

ДАРКО ЈАНЕВСКИ Е НОВ ДИРЕКТОР НА МИА Пандорка Арсовска Гацова е избрана за член на Управниот одбор

Sase Ivanovski

НА СВОЈА РАКА ВРАБОТИЛ 127 ЛИЦА, ИМ ИСПЛАТИЛ 350.000 ЕВРА Пријава за екс-директор на Здравствениот дом во Куманово

Sase Ivanovski

ЗГРОЗЕНИ СМЕ, ЃУБРЕТО ВО ФУДБАЛОТ МОРА ДА СЕ ИСЧИСТИ Засрамени сме од сцените во Гевгелија, реагира ФФМ

Sase Ivanovski

АСОМ ДОНИРАШЕ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Солидарноста е клучна за надминување на последиците

Sase Ivanovski

СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЗА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ ОД КОЧАНИ 200 засегнати семејства ќе добијат 250.000 евр

Sase Ivanovski

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Sase Ivanovski

ПОМОШ ЗА РАБОТНИЦИТЕ НА ПРОПАДНАТИОТ БЕЛГИСКИ „ВАН ХОЛ“ Европскиот парламент одобри 8 милиони евра

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКИ КАМИОНИ СО ХРАНА НЕОПРАВДАНО СЕ ЗАДРЖУВААТ НА КОСОВСКАТА ГРАНИЦА Азески и неговиот косовски колега Рафуна ќе се обидат да го решат проблемот

Sase Ivanovski

ИЗВРШИТЕЛИТЕ ОД ГРАЃАНИТЕ НАПЛАТИЛЕ 47 МИЛИОНИ ЕВРА Но, најголеми должници се компаниите

Sase Ivanovski

Орце Ѓорѓиевски: Нека е честит Денот на полицијата на Република Македонија – нашите ХЕРОИ!

Sase Ivanovski

Во 1981 година Xerox корпорацијата ја претстави Xerox Star 8010, работна станица која го вклучува првиот комерцијално достапен компјутерски глушец

Sase Ivanovski
Вчитувам....