9.9 C
Скопје
28/03/2025 04:32
МАКТЕЛ

    

ВМРО-ДПМНЕ, Митева: Граѓаните допрва ќе ги видат резултатите од релациите кои ги гради Владата на меѓународен план

      

На денешното емитување на емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа, гостуваше Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата. Митева изрази благодарност до Унгарија за организирање на втората меѓувладина седница во Будимпешта, нагласувајќи ja важноста на соработката помеѓу Македонија и Унгарија во областите како транспорт, образование и земјоделство. Таа посочи дека потпишаните договори за соработка се основа за градење на односи на доверба и размена на искуства, што ќе имаат позитивен ефект на животниот стандард на граѓаните. Митева најави продолжување на соработката, вклучувајќи работни посети и поддршка на бизнисите и локалната самоуправа преку унгарскиот кредит. Митева истакна дека првата меѓувладина седница помеѓу македонската и унгарската влада се одржала во Охрид, а втората во Будимпешта, по што изрази благодарност до унгарската влада за приемот и честа што ја укажа на Македонија и македонските граѓани. ,,Ова беше втора сега меѓувладина седница, втор владин самит кој што се одржа во Унгарија, во Будимпешта, и можам да кажам само едно големо благодарам до унгарската влада за приемот, за честа која што ја направи не на нас, туку на македонските граѓани и на државата“, изјави Митева.

Митева изјави дека соработката помеѓу министрите за време на меѓувладината седница вклучувала размени на искуства, и тоа ќе има позитивни ефекти на долг рок, особено во областите како транспорт, образование и земјоделство. ,,Благодарност за целокупната организација, како од технички аспект, така и од она што е суштина, за сите оние билатерални средби кои што ги имаа сите министри за меѓувладината седница, на која што се разменија искуства и до каде се министерствата во однос на она што на првата меѓувладина седница го договориле. Да зборуваат за перспективата, да имате вие една држава која што е членка на ЕУ и да биде навистина голем поддржувач и пријател на Македонија е од особена важност за нас. Мислам дека таквите релации кои што ги градиме како Влада допрва ќе ги покажуваат ефектите и не треба да размислуваме поинаку, туку да размислуваме дека ова е начинот на кој што се градат мостови и добри пријателства помеѓу Македонија и останатите држави. Ќе ја зголемиме соработката во делот на транспортот, да видиме дали може да се отворат нови авиолинии, да видиме дали може да ја зголемиме соработката во делот на образованието, да имаме меѓусебна размена на студентите, да видиме во земјоделството кои се најдобрите политики кои што можеме ние да ги примениме или да понудиме некое различно искуство. Во секој дел и во секој ресор има посебна тематика на која што надлежните министерства работат, а владите се тука да ги следат процесите“, нагласи Митева.

   

Митева истакна дека потпишаниот договор за соработка и размена помеѓу министерствата за надворешни работи е пример за изградба на односи на доверба и принципи, кои ќе продолжат да се развиваат, со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните. ,,Јас ќе ве потсетам дека имаше потпишување на договор за соработка и размена во делот на дипломатијата, помеѓу министерот за надворешни работи и трговија и министерот за надворешни работи на Унгарија. Сите тие се добри показатели за тоа каков е начинот на соработка и како ќе продолжиме како држава да функционираме, не само со Република Унгарија, туку и со останатите држави. Затоа што ние ќе градиме односи на доверба, односи на принципи, на размена на искуства и никогаш нема да размислуваме поинаку, туку само за тоа како да го подобриме животниот стандард на граѓаните“, изјави Митева. Митева додаде дека во месец мај, министерот за земјоделие ќе има работна посета со својот унгарски колега, а соработката со Унгарија ќе продолжи и со поддршка на бизнисите и локалните самоуправи преку унгарскиот кредит, што ќе има директен ефект за граѓаните. ,,Некаде во месец мај, министерот за земјоделие ќе има овде работна посета со министерот од Унгарија. Можам да кажам дека во делот на надворешната политика ќе имаме размена на искуства и знаење за нешто што ни недостасува или нешто што го уништија СДСМ и ДУИ. Ќе продолжиме да соработуваме, тука е и она што се однесува на унгарскиот кредит за поддршка на бизнисите и на локалната самоуправа. Тоа се некои работи кои што се видливи и кои што граѓаните ќе имаат ефект од нив. Така што, да, ќе продолжи соработката во многу блиска иднина и јас се надевам дека истата ќе се продлабочи“, заклучи Митева.

  

Најново

Македонија одбележува пет години како дел од НАТО Алијансата

Sase Ivanovski

Трамп воведува царини од 25% за увезени автомобили, очекувајќи да собере 100 милијарди долари од даночните приходи

Sase Ivanovski

Главните опозициски партии за истрагата за „Пулс“: Селективна правда и политички прогон

Sase Ivanovski

Приведен насилникот кој во живо на „ТикТок“ крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Самит на „Коалицијата на подготвени“ за мир и безбедност на Украина

Sase Ivanovski

Дезинформација за бројот на малолетници загинати во пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

„Кој е следен?“ повикува на собир пред Собранието в сабота додека пратениците се на одмор

Sase Ivanovski

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Sase Ivanovski

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Sase Ivanovski

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Sase Ivanovski

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана, Средба Мисајловски – Хејбет: Македонско – турската одбранбена соработка пример за силно сојузништво, благодарност за медицинската поддршка во згрижувањето на повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ВЛАДА: Фотогалерија од пречекот на туристи од првиот лет на „Туркиш ерлајнс“ од Истанбул на аеродромот „Свети Апостол Павле“- Охрид

Sase Ivanovski

Потона туристичка подморница кај Хургада – најмалку шест лица загинаа

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Вевчанската компанија на семејството Мукоски наплатила 1,5 милион евра од ПУИК со дампинг-цени за одржување објекти!

Sase Ivanovski

Пленковиќ: Трамп сака да се претстави како миротворец, праведниот мир му е помалку важен

Sase Ivanovski

ТАВ Аеродроми и Владата го пречекаа првиот лет на Туркиш ерлајнс од Истанбул на охридскиот аеродром

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Палестинците на протест со порака до Хамас – „Вие сте терористи“

Sase Ivanovski

Филмови од „Киненова“ во Кисела Вода, приходите ќе одат за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Милановиќ: Декларацијата за воена соработка со Косово не е сојуз и нема правна тежина

Sase Ivanovski

„Протече“ ДНК на Путин? Се тврди дека е по потекло од Балканот

Sase Ivanovski

Русија тврди: Над 3.300 платеници од 70 земји се борат на страната на Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПРЕСВРТ – Давитковски: Само со професионалци, а не со партиски војници се ресетира гнилиот систем

Sase Ivanovski

Двајца од повредените во пожарот во Кочани се вратија дома од Белгија

Sase Ivanovski

Папата Франциск закрепнува, објавен датумот кога ќе се појави во јавноста

Sase Ivanovski

Измама со стари акумулатори во Штип, направена е штета од три и пол милиони евра

Sase Ivanovski

Мисајловски се заблагодари за турската медицинска поддршка со повредените во Кочани

Sase Ivanovski

ОН: Во Газа има храна за уште две недели

Sase Ivanovski

„Туркиш ерлајнс“ воведува четири лета неделно на релацијата Истанбул-Охрид

Sase Ivanovski

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Sase Ivanovski

Дачиќ: Испративме протестна нота до Интерпол во врска со барањето за налог за апсење на Додик и Стевандиќ

Sase Ivanovski

Одложен „историскиот митинг“ кој го најави Вучиќ

Sase Ivanovski

Крива Река затруена со олово, арсен и цијанид откако пукнала цевка во рудникот „Тораница“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Драма во Тузла: Полицајци и осомничени криминалци завршија во надојдена река

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Напад во Амстердам: Бодел со нож сè пред себе, полицијата го застрела

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка

Sase Ivanovski

ЕВРОПСКИТЕ ВОЕНИ СИЛИ ВО УКРАИНА НЕМА ДА ОДАТ ВО БИТКИ Според Макрон, ќе имаат пацифистички пристап

Sase Ivanovski

Уставниот суд оформи 22 нови предмети во февруари

Sase Ivanovski

ЗАГИНАА ЧЕТВОРИЦАТА ИСЧЕЗНАТИ АМЕРИКАНЦИ ВО ЛИТВАНИЈА Генсекот на НАТО вели дека ова е застрашувачка вест

Sase Ivanovski

НАТО СЀ УШТЕ ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТИТЕ АМЕРИКАНСКИ ВОЈНИЦИ Руте прерано ги прогласи за мртви

Sase Ivanovski

ПАЛЕВСКИ УПОРНО БАРА ЕДНА СНИМКА ОД РЕНОТО, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ТАКВА Тврди дека ноќта пред убиството на Панче возилото е во Скопје

Sase Ivanovski

МАКЕДОНСКОТО РУДАРСТВО ВО СЛОБОДЕН ПАД ДОДЕКА СВЕТОТ СЕ БОРИ ЗА МИНЕРАЛИ Македонија ризикува да го изгуби сопствениот потенцијал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЗЛЕЗЕ ТРЕЈЛЕРОТ НА „РЃА“ Ова е филмот за време на чие снимање Алек Болдвин ја уби снимателката

Sase Ivanovski

Дописникот на Би-Би-Си Марк Ловен протеран од Турција

Sase Ivanovski

Панел-дискусија: Бројот на вработени да не биде услов за регистрирање на онлајн медиумите

Sase Ivanovski

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

Sase Ivanovski

Министерство за образование и наука, Јаневска: Во 50 училишта ќе се постават фотоволтаични системи, МОН обезбеди неповратен грант од 1,1 милион евра

Sase Ivanovski

Таравари: Денес девет пациенти ќе бидат пуштени на домашно лекување, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија, а ВМРО-ДПМНЕ е да има истрага за се наместо од несреќата да се печалат политички поени

Sase Ivanovski

(ФОТО) Министерство за одбрана: Одбележување на Денот на Генералштабот на Армијата

Sase Ivanovski

СДСМ: (Документи) Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка

Sase Ivanovski

Штипска апелација одлучува дали поранешните градоначалници на Кочани ќе останат во куќен притвор

Sase Ivanovski

Приведени двајца разбојници кои се обиделе да извршат кражба во фирма во Неготинско

Sase Ivanovski

Колку е јака или слаба Европа без САД да биде гарант на мир во Украина

Sase Ivanovski

Кенеди Џуниор планира да отпушти 10.000 здравствени работници

Sase Ivanovski

Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна сопатничка, едниот од возачите избегал

Sase Ivanovski

„МОРА ДА ГО ПРИФАТИШ ОНА ШТО ГО ЗНАЕШ УШТЕ ОД ПОЧЕТОКОТ“ Бен Афлек конечно проговори за разводот од Џенифер Лопез

Sase Ivanovski

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА ЌЕ КУРТУЛИ? Дванаесет членки на ЕУ се спремни да го финансираат медиумот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Недостасуваат околу 40 инспектори за соодветно работење на општините

Sase Ivanovski

Јована е последната српска пејачка која настапи во Пулс – Се огласи по трагедијата

Sase Ivanovski

Приведен насилникот од Радовиш кој тепаше жена во живо на „ТикТок“

Sase Ivanovski

Додик се огласи од Израел по распишаната потерница: Следната недела ќе се вратам во БиХ

Sase Ivanovski

Вучиќ: Со Орбан ќе направиме нешто големо во одбраната

Sase Ivanovski

Кос: Црна Гора и Албанија со најголем напредок во евроинтеграциите

Sase Ivanovski

Курти измамен од руските „пранкери“, мислеше дека разговара со претседателот на Латвија

Sase Ivanovski

Ќе ја растури ли Таравари Вреди пред локалните избори?

Sase Ivanovski

Илон Маск ќе ја води истрагата за еден од најголемите безбедносни скандали во американската историја

Sase Ivanovski

Видеолотарија го слави успехот на Јана Атанасовска, македонката која ја пишува историјата за нашата земја во алпско скијање

Sase Ivanovski

Фон дер Лајен во Париз: Зајакнувањето на Украина е почетна точка, на Европа и треба долгорочен план

Sase Ivanovski

(ВИДЕОИНТЕРВЈУ) Скерлев: Ѕид со повеќе од 200.000 срца за петгодишнината од пандемијата на ковид-19

Sase Ivanovski

Претрес во Куманово, пронајдена дрога и пушка, приведено едно лице

Sase Ivanovski

Фатени крадци на дело во неготинско, следува пријава…

Sase Ivanovski

Поранешниот телохранител на Марадона е уапсен поради лажно сведочење

Sase Ivanovski

Три големи трагедии, ниту еден правосилно осуден виновник

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Советничката Атина Мургашанска жестоко против градоначалникот Максим Димитриевски

Sase Ivanovski

Владата ќе го следи новинарството и социјалните мрежи, за да се поправела

Sase Ivanovski

Таравари: Денеска ќе бидат испишани девет пациенти, од странство се враќаат уште осум пациенти со подобрена здравствена состојба

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани ќе се лекуваат во Ниш

Sase Ivanovski
Вчитувам....