Воз удри во автомобил попладнево на железничкиот премин кај Зелениково. Екипа на Итната медицинска помош – Скопје е на лице место, потврди за МИА, шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов. Според првичните информации повредено е едно лице.
Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврди собраќајната незгода кај селото Зелениково и додаде дека се случила меѓу патничко возило „тојота“ и воз. Во незгодата, според МВР, нема пријавено повредени лица. Возилото било управувано од Ж.М.К. (51) од Скопје, а возот од С.М. Случајот во СВР Скопје бил пријавен во 18:10 часот. Засега нема детали за сообраќајната несреќа и под кои околности дошло до судирот.