На месечно ниво инфлацијата во октомври во однос на септември е намалена за 0,7%, а цените на мало се намалени за 0,1%.
Според Статистика, намалувањето на инфлацијата на месечна основа е резултат на пониските трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,2 %, ресторани и хотели за 1,5 % и во групата рекреација и култура за 0,9 %.Зголемување на трошоците на животот е забележано во групите: алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 3,4 %, облека и обувки за 1,4 %, транспорт за 0,7 %, здравје за 0,3 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, разновидни стоки и услуги за 0,2 %, и во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата и комуникации за 0,1 %.
Трошоците на животот во групата образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец. Во септември инфлацијата изнесуваше 2,6%, додека во август таа изнесуваше 2,2 %.