23.8 C
Скопје
30/06/2025 06:11
МАКТЕЛ

   

Во Романија и Велика Британија разоткриени шпионски мрежи кои работеле за Русија

      

Деновиве се разоткриени романска шпионска група во Романија и бугарска група во Велика Британија, и двете директно работеле за Русија. Разузнавачката агенција на Романија ја поврза шпионската група со рускиот воен аташе и неговиот заменик – двајцата беа прогласени за персона нон грата. Речиси истовремено во Лондонскиот суд беа осудени шестмина бугарски државјани за шпионски операции низ Европа, во корист на Русија. Руската разузнавачка мрежа работи со полна пареа. Минатата недела Романските власти приведоа шест лица под обвинение за државно предавство, бидејќи организирале паравоена група со поддршка од Москва. Осомничените се обвинети за спроведување активности против уставниот поредок на Романија и обид за собирање и пренесување на доверливи информации на странски служби. Истрагата е поврзана со протерувањето на рускиот воен аташе во Романија Виктор Маковски и неговиот заменик Евгениј Игнатиев, кои беа прогласени за персона нон грата за прекршување на Виенска конвенција за дипломатски односи. Дополнително, истрагата директно ги поврзува двајцата дипломати со претседателскиот кандидат Калин Георгеску.

Во исто време, шест бугарски државјани кои живеат во Велика Британија беа уапсени и прогласени виновни за шпионирање во корист на Русија. Во написот на Би Би Си работата на оваа мрежа е опиша како „една од најголемите странски разузнавачки операции“ во државата. Романија – предавство, пуч и проруски претседателски кандидат Вистиномер пишуваше детално за настаните околу минатогодишните претседателски избори во Романија, нивното поништување и апсењата кои следуваа. Калин Георгеску, фаворитот по првиот круг избори, како и некои од неговите блиски соработници беа приведени од романската полиција. На Георгеску тогаш не му беше забрането повторно да се кандидира на новите избори планирани за мај. Но, Романската државна изборна комисија ја промени одлуката, забранувајќи му Георгески повторно да се кандидира. Во деталниот извештај објавен доцна во неделата, изборната комисија соопшти дека нивната одлука се заснова на потегот на Уставниот суд да ги откаже изборите откако Георгеску не ги почитувал изборните прописи, пишуваат од Ројтерс. Како резултат на оваа забрана, завчера имаше протести на улиците во Букурешт за поддршка на Георгеску. Но, случувањата со про-рускиот претседателски кандидат не запираат тука. Во поширока истрага беа уапсени шест лица кои се сомничат дека се дел од пошироката мрежа на руските шпионски операции насочени против Букурешт. Од Романската национална разузнавачка служба СРИ, во соопштение споделија дека заедно со неколку домашни безбедносни служби, Дирекцијата за организиран криминал и тероризам (ДИИКОТ) уапсила група романски граѓани кои: „[…] од 2023 година организираат и спроведуваат активности, вклучително и формирање на паравоена група, таргетирање на националниот уставен поредок на Романија и вршење субверзивни акции од бунтовнички карактер со цел да се влијае врз романскиот општествено-политички систем. Во извршувањето на нивните дестабилизирачки цели, претставниците на групата активно побараа поддршка од претставници на амбасадата на Руската Федерација, пишува во соопштението на СРИ.

   

Во рамките на оваа истрага, двајца дипломати на Амбасадата на Руската Федерација беа прогласени за персона нон грата од страна на Министерството за надворешни работи, поточно рускиот воен аташе во Романија Виктор Маковски и неговиот заменик Евгениј Игнатиев. Двајцата руски дипломати, исто така, „спроведоа активности за собирање разузнавачки информации од стратешки области на интерес и ги поддржаа антиуставните постапки на групата“, пишува во соопштението на СРИ. Според изворите на Јуроњуз Романија кои се блиски до истрагата, целите на групата биле соборување на романските институции, затворање на политичките партии и притисок Романија формално да излезе од НАТО. А, како што пренесуваат од руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на изјава од руското МНР, „Русија ќе даде соодветен одговор“ по протерувањето на рускиот воен аташе и неговиот помошник. Обединетото Кралство – Бугари во Британија „бркаат“ операции како од шпионски роман На спротивната страна од европскиот континент, беше разоткриена друга мрежа на аматерска шпионажа во корист на Русија. Шест бугарски државјани кои живеат во Обединетото Кралство беа осудени за шпионирање и следење на руски дисиденти и критичари на Русија и Путин. Во деталното истражување на Би Би Си за целата истрага се споменуваат Oрлин Русев, или „Џеки Чен“ – водачот на групата, Бисер Џамбазов или „Лудиот Макс“, Катрин ИвановаИван Стојанов или „Уништувачот“, Вања Габерова и Тихомир Иванчев. Оваа аматерска шпионска единица ја оркестрирал Јан Марсалек, кој во минатото бил главен оперативен директор на германската компанија за обработка на плаќања „Wirecard“. Шестмината осудени живееле во Велика Британија, и помеѓу 2020 и 2023 година, во серија тајни операции што се протегаа низ повеќе европски земји, групата се фокусирала на следење и обиди за киднапирање и неутрализирање на поединци кои се критични на руските интереси. Нивните мети беа истражувачки новинари како што се Кристо Грозев и Роман Доброхотов. Според Ен Би Си, за извршување на нивните мисии, оваа група користела напредни технологии за надзор и шпионирање, тајно следење на своите мети дури и на локации како што е американската воена база во Штутгарт, Германија. Групата, исто така, користела т.н. тактика на заробување „медна стапица“ (honey trapping) — обично женски таен агент воспоставува сексуална или романтична врска со цел да ја натера метата да сподели компромитирачки информации или материјали.

Активностите на групата биле прецизно координирани, при што членовите работеле под лажни идентитети и користеле софистицирана опрема за да избегнат откривање, на пр. користење на комуникациски платформи како Телеграм. Според лондонската полиција, групата била во редовна комуникација со Марсалек, кој ги насочувал операциите, бидејќи тој самиот бил посредник меѓу нив и руските контакти, односно руската воена разузнавачка агенција ГРУ. Според Би Би Си, Марсалек е поврзан со државните разузнавачки служби на Русија и, иако тој не кривично гонет во Велика Британија, има сомнежи дека се крие во Москва.

Фото: Метрополска полиција
Лажно претставени идентитети на Габерова и Иванчев

Во февруари 2023 година, неколку членови беа уапсени во Обединетото Кралство, што доведе до судења што го разоткрија целиот обем на нивните шпионски операции. Иако никој од шестмината не ги негираше своите постапки, РусевЏамбазов и Стојанов ја признаа вината пред судењето, но ИвановаГаберова и Иванчев негираа дека знаеле дека работат за Русија. Поротата не се согласи. Апсењата и на романските и на бугарските шпионски групи е доказ дека полето на дејствување на руската шпионска мрежа е добро вкоренета во Европа. Официјални лица од двете земји ги опишаа случаите како дел од поширок безбедносен предизвик, со тековни напори за спротивстават на активностите на странски разузнавачки служби на континентот. Пишува: Матеј Тројачанец. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!

Sase Ivanovski

Трагедија во Италија: Се удави 10-годишно девојче со потекло од Македонијa

Sase Ivanovski

Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите

Sase Ivanovski

ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград

Sase Ivanovski

(Видео) Незаборавна вечер под ѕвездите: „Massive Attack“ приреди музички ритуал во срцето на Скопје

Sase Ivanovski

Пронајдена почината 27-годишна девојка во Дебарското Езеро

Sase Ivanovski

Пациентка со рак на бели дробови се жали дека за неа нема терапија на Онкологија

Sase Ivanovski

Петровска до Мицкоски: Не се појавивте на суд и спорот заврши во едно рочиште, среќна нова 1949

Sase Ivanovski

Големи пожари беснеат кај Прилеп и Новаци

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Баерн во натпревар со шест гола го победи Фламенго и закажа пресметка со ПСЖ

Sase Ivanovski

Телефонски разговор меѓу шефовите на ЦИА и на руското разузнавање

Sase Ivanovski

Кисела Вода славеше роденден со рекордна посетеност – Ѓорѓиевски: Ова е само увертира на она што следува

Sase Ivanovski

Пожар кај селото Јосифово, хеликоптер на МВР на помош на пожарникарите

Sase Ivanovski

ВУЧИЌ ВЕТУВА СТРОГА КАЗНА БЕЗ ПОМИЛУВАЊЕ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ Брнабиќ вели дека студентите повикале на граѓанска војна и на убивање на Србија

Sase Ivanovski

Јаневска: Ако сакате добра оценка, мора да учите

Sase Ivanovski

Димитриевски очекува победа во сите општини каде ЗНАМ ќе има кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ПАРТИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИ ИЗЛЕГУВА ОД КОАЛИЦИЈАТА СО СДСМ На локалните избори ќе оди со владејачката ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Семеен ден во Парк „Македонија“ – дел од богатата програма на Културното лето во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ: Оставете не да си ја тераме нашата македонска работа, на македонски начин

Sase Ivanovski

Иран го забранува Старлинк, се заканува со затвор и камшикување за корисниците

Sase Ivanovski

ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ: Осврт кон настапот на Massive Attack на Skopje Calling 2025 – аудиовизуелна инјекција на совест и звук

Sase Ivanovski

Два, од трите ,,ер трактори”, се уште се на сервис, пензионираните двајца пилоти повторно ќе бидат во првата ,,борбена линија”

Sase Ivanovski

(Видео) Гори куќа во Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Граѓанскиот суд во Скопје донесе правосилна пресуда со која се утврдува дека поранешната министерка и сегашна пратеничка од СДСМ, Славјанка Петровска, јавно ширела лаги и клевети против мене

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди-Македонија ќе стане земја што извезува електрична енергија, исплата на субвенции во земјоделството и нови инвестиции во Тетово

Sase Ivanovski

Шефот на руското разузнавање, Сергеј Наришкин, телефонски разговараше со шефот на ЦИА, Џон Ратклиф

Sase Ivanovski

Вучиќ паѓа, и ние со него?!

Sase Ivanovski

Орбан: Парадата на гордоста е одвратна и срамна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: СТРУМИЦА Е БУГАРСКИ ГРАД

Sase Ivanovski

МЗШВ: Продолжуваме со исплата на субвенции во земјоделството и инвестиции во сточарството

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога би бил од богата фамилија никад не би се бавел со новинарство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС ГО ОБВИНИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА ЗА ТЕЖОК КРИМИНАЛ

Sase Ivanovski

Кирил Џајковски приреди музички спектакл во НОБ: Емоции, овации и незаборавна вечер

Sase Ivanovski

Тошковски го отвори Европското првенство во џудо за кадети – потпишан и меморандум за разбирање за соработка и обука на полициските службеници

Sase Ivanovski

КИРИЛ ЏАЈКОВСКИ, АРХАНГЕЛ, МИЗАР, ФОЛТИН, ПРЉАВО КАЗАЛИШТЕ, САРС, ПАРКЕТИ НА Д ФЕСТИВАЛ: Славиме јубилејно 15. издание со СЛОБОДЕН ВЛЕЗ за целата тридневна програма на Д Фестивал 2025! Придружи ни се ОВОЈ ВИКЕНД, од 4 до 6 јули во Штип!

Sase Ivanovski

АЦО МЕЧКА СО ПОРАКА ДО ЛАТАС: Не сум нервозен, само сум разочаран оти те излизгаа! Пази се!

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ДЕМАНТИРА ДЕКА МУ НУДЕЛА МИТО НА ЛАТАС: Фарбаниов го знам само од телевизија!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Кога ќе и истече мандатот на Данела, ќе има ревизија на нејзината работа и можно е да заврши во затвор

Sase Ivanovski

Врховниот суд на САД ја укина забраната за испраќање мигранти во земји од кои не потекнуваат

Sase Ivanovski

Николова: Хаос со актите во образование, се бара училиштата да работат спротивно на Закон

Sase Ivanovski

Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 250 милиони евра од централниот буџет за капитални инвестиции во сите општини

Sase Ivanovski

Судот во Стразбур ја казни Унгарија за колективно протерување на мигранти преку Србија

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања, време е за промени и одговорно водство

Sase Ivanovski

Српска „сачекуша“ ги сочека студентите во Белград

Sase Ivanovski

Ослободен е македонскиот камионџија кој беше уапсен по несреќа кај Солун во која загинаа татко и син

Sase Ivanovski

Трипуновски: Владата е посветена кон подобрување на условите за земјоделците и  инвестира во поддршка на младиот земјоделски кадар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Сигурен сум дека ова не му е прво убиство на Палевски, дознавме дека планирал убиства на директорите на Гранит и Комерцијална Банка

Sase Ivanovski

Вучевска Петковска: Сашко Митовски е прочитана приказна во Крива Паланка, мандатот му помина во скандали, долгови и партизација на општината

Sase Ivanovski

Левица: МВР не демантира дека тендерот за возачки дозволи е партиски доделен

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС: Многу е стресно новинарството, здравјето го изгубив поради него, ама пак би го работел кога би се вратил пред 30 години

Sase Ivanovski

Нема примирје – во фаза сме на привремена пауза на војната – тврдат во Иран

Sase Ivanovski

Секој иден попис мора да биде резултат на длабинска анализа и политички консензус, велат од Влен

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби, срамно

Sase Ivanovski

ЛАТАС ЌЕ ГО БОЈКОТИРАЛ ЗАКОНОТ ЗА ПОРТАЛИ, НИКОЈ НЕ ГО КОНСУЛТИРАЛ ЗА ЗАКОНОТ

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Герасимовски: „Центарска симфонија” ги сплоти скопјани, Тарабунов и граѓаните пееја и танцуваа на најпознатите филмски евергрини

Sase Ivanovski

Секој граѓанин може да закаже средба и лично да се види со министерот за здравство

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЛАТАС СО ПРЕДЛОГ: Владата да изгласа државата да ја плаќа алиментацијата на разведените жени, па после кривично да ги гони оние мажи што не плаќаат алиментација

Sase Ivanovski

Најнов туристички успех во Дојран. Урбанизација на плажите. Буквално се гради зграда на сама плажа кај ресторанот Фук Так

Sase Ivanovski

ФИТНЕС ИНСТРУКТОРИТЕ ПАРЧЕ ПРАВАТ ДЕНОВИВЕ…

Sase Ivanovski

ФОТО | Спектакл каков што ретко се доживува: „Масив атак“ ѝ приреди звучна и визуелна магија на публиката во Скопје

Sase Ivanovski

Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени во последните руски напади со дронови низ Украина

Sase Ivanovski

ПЕЏА: Се плашам дека изедначувањето на извештајот со „ќе нѐ биде или не“ во смисла на идентитетот, може за нас, дури и ако се изгласа извештајот, да се покаже како пирова победа

Sase Ivanovski

Отворено писмо до бугарскиот претседател Румен Радев

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ДО ДАЧИЌ: Ти си вечно на власт, само две години не си бил на власт во последните 30 години…

Sase Ivanovski

(Видео) Снимка од дрон од вчерашниот протест во Белград: олку нè затру со омраза и поделби, што повеќе не знаеме кој ни е брат, а кој непријател

Sase Ivanovski

Трамп: Лудо е ова што му го прават на Биби! Тој е воен херој, нема да го толерираме тоа

Sase Ivanovski

(Видео) Пожар во Визбегово, ЦУК апелира институциите итно да преземат мерки за заштита на граѓаните и животната средина

Sase Ivanovski

Samsung постави рекорд во производството на телефони, глобалното производство се намалува

Sase Ivanovski

Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Мицковски ме доби на суд за клевета, судот се повика на европската конвенција за човекови права

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Со каков договор ДУИ наредија бришење на дијаспората од пописот?

Sase Ivanovski

ДУИ: Албанците нема да прифатат да бидат предмет на „дигитален инженеринг“ од страна на власта

Sase Ivanovski

Нови 300 слободни места за специјализанти, најави министерот Алиу

Sase Ivanovski

ИДФ им нареди на Палестинците евакуации во северна Газа

Sase Ivanovski

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата, втората група на Пониква заминува од средина на јули

Sase Ivanovski

Царината заплени дрон, цигари, фалсификувана стока

Sase Ivanovski

(Фото) Спасувачка акција во Охридското Езеро: Полицијата спаси четири лица на кои им се скршила едрилицата

Sase Ivanovski

Како „Јуроњуз“ ја цензурираше приказната на Синиша Мали за КРИК

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ВИДОВДАН ПРОСЛАВЕН НА СКОПСКА ЦРНА ГОРА

Sase Ivanovski

ГУВЕРНЕРОТ СЛАВЕСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ШЕФОТ НА ФЕДЕРАЛНИТЕ РЕЗЕРВИ НА САД

Sase Ivanovski
Вчитувам....