„Да не ни се доделува трошка, како минативе години 0,3%, со тоа што со тие 0,8% ние би имале и за покачување на платите и реновирање на судници, и сите потреби за нови вработувања, бидејќи преголем е одливот на вработени во судовите кои даваат откази“- рече Јасмина Величковска од Синдикална организација на судската администрација.
Во петок најавија дека излегуваат на голем протест пред Собранието, заедно со вработените во обвинителствата, Фондот за здравство, Народниот правобранител.„Овој протест ќе биде пред Собрание на Македонија, каде што ќе укажеме на пратениците дека постојат служби кој работат за нив, кој работат за државата. Не само што ќе го искажеме нашето незадоволство, овој револт постои не само во судскиот систем, туку и во другите сектори“- порача Горан Ристевски, од Независниот синдикат на државна администрација.
„Пари за плати има за сите, но има и општ колективен договор кој треба да се почитува“ им порача министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Ова доаѓа откако вчера првиот човек на УПОЗ рече дека се сомнева дека јавната администрација во март нема да го добие усогласувањето на минималанта плата.
„Усогласувањето во март ќе видиме дали ќе биде затоа што потпишувањето на оштиот колективен договор беше воспоставување на нова методологија, 10 % во септември што ги зедоа сите вработени во јавниот сектор. Во септември 2024 година уште едно уште едно усогласување на платите и во март 2025 година да започнеме со новата пресметка на платите, односно коефицинет помножен со просечна плата“- порача Тренчевска.