24.8 C
Скопје
11/06/2025 23:11
МАКТЕЛ

   

Георгиев до Муцунски: Бугарија нема нови услови, надвор од европскиот консензус

      

Премиерот Христијан Мицкоски го обвини поранешниот министер за надворешни работи Бујар османи дека директно ставил нож во белите дробови на македонскиот идентитет, додавајќи дека со прифаќањето на францускиот предлог директно заковал шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Бугарија нема други услови за Македонија што се надвор од европскиот консензус, е ставот на официјална Софија кој бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев му го пренел на македонскиот колега Тимчо Муцунски. Георгиев, како што објави БГНЕС, телефонски разговарал со Муцунски со цел официјално да го информира за Одлуката на 51. Народно собрание на Република Бугарија за напредокот на Република Северна Македонија во процесот на пристапување кон ЕУ, која што беше усвоена на 30 мај. Притоа Георгиев кажал дека со одлуката уште еднаш се потврдува непроменливата позиција на Бугарија за цврстата посветеност на европскиот консензус од јули 2022 година, но истовремено упатил охрабрувачки повик до Владата во Скопје за исполнување на постигнатите договори.

– Особено важен момент е што со текстот на Одлуката на највисокиот орган во бугарската држава се реафирмира дека Бугарија нема услови надвор од елементите на европскиот консензус – нагласил Георгиев, додавајќи дека ова е и јасен сигнал за конструктивниот пристап на Бугарија. Истите позиции ги претставила и заменик-министерката за надворешни работи, Елена Шекерлетова, која на македонската амбасадорка во Софија Агнеза Руси Поповска официјално ѝ ја врачила Одлуката на Народното собрание од 30 мај и ја запознала со целиот текст. Според бугарската агенција, Шекерлетова кажала дека овој чин демонстрира широка согласност во Бугарија во однос на европскиот пат на Западен Балкан, како и дека Бугарија покажува дека е доследна во својата поддршка за Република Северна Македонија и останува тесно посветена на исполнувањето на договорите меѓу ЕУ и Скопје. Притоа Шекерлетова изразила надеж дека балансираниот тон во текстот на Одлуката и јасната гаранција дека Бугарија нема други услови освен оние договорени во европскиот консензус, ќе бидат објективно препознаени и комуницирани во јавноста од политичкото раководство на Република Северна Македонија.

   

Инаку, во Одлуката се наведува дека „секакви обиди во рамките на форматите и институциите на ЕУ да се предоговорат, заобиколат или занемарат елементи од постигнатите договори, се неприфатливи“. Исто така, се повикуваат институциите на ЕУ да продолжат интензивно со своите дејствија за гарантирање на правата на Бугарите во Македонија, како и на оние на останатите заедници, вклучително и на нивното право да го чуваат и развиваат своето културно-историско наследство, јазик, родова меморија и идентитет. Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење за начинот на кој се однесува, како што рече, наш сојузник во НАТО, коментирајќи ги последните пораки кои пристигнуваат од високи бугарски официјални претставници, меѓу кои и претседателот Румен Радев и потпретседателката Илиана Јотова, кои обвинија за притисок од македонска страна, како и дека треба будно да се следи што прави Скопје и што се случува во Европскиот Парламент.

– Жалам што наш сојузник во НАТО се однесува вака кон свој сојузник во рамките на НАТО, но оставам на останатите членки сојузници да судат. Да се користи како политичко оружје членството во ЕУ или интеграцијата на земјата во рамките на ЕУ, за да се решаваат билатерални прашања од пред неколку векови навистина претставува несмасна дипломатија. Но во ред, така одлучила бугарската дипломатија, бугарските политичари, така одлучила бугарската политичка сцена, тоа е тоа, јас не можам да им кажувам како да однесуваат. Нам ни беше важно овие година дена светот да разбере дека суштината на проблемот не е да ги додадеме Бугарите во Уставот, односно согласно податоците од последниот попис, над 800-те граѓани, кои се дел од бугарската заедница кај нас и кои велат дека нивниот мајчин јазик е бугарскиот. Суштината е обид на еден инженеринг, да се создаде нова македонска нација, која е резултат на одлука на Коминтерната по ’45-та година од минатиот век и дека таа нова македонска нација користи нов македонски јазик, кој станува службен во ОН, како дел од југословенската федерација во ’45-та година и дека почива на бугарски корени – рече Мицкоски. Според него, секој оној, кој не гледа дека ова е суштината на проблемот е или политички аналфабет или не треба да се занимава со политика и додаде дека ова точно го знаел поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи.

– Тој точно знаеше што прави, директно стави нож во белите дробови на македонскиот идентитет, и тоа никогаш нема да го заборавам. Прифаќајќи го францускиот предлог директно закова шајки во рацете и нозете на македонскиот идентитет. Ќе се бориме до крај, додека можеме, не знам дали ќе успееме, но добиваме симпатии и сѐ повеќе земји и високи политичари го одобруваат ова што го правиме и нашите аргументи добиваат гласност – рече Мицкоски. Тој уште еднаш праша зошто доколку проблемот е внесувањето на Бугарите во Уставот, биле поднесени амандманите со означување на македонскиот идентитет како сегашен.

– Зошто не се почитуваат одлуките од Судот за човекови права во Стразбур и не се признае ОМО Илинден Пирин, не му се дозволи на македонскиот народ во Бугарија да има свој претставник во Советот за малцинства заедно со Ромите, Евреите, Турците, Ерменците и останатите…Целиот свет гледа и суди. Ако на 24 јуни не помине на АФЕТ, на Комисијата за надворешните работи во ЕП резолуцијата, во која јасно стои посебниот многувековен македонски идентитет и јазик, тогаш проблем не е промена на Уставот, проблемот е вековниот македонски идентитет и јазик – порача Мицкоски.

   

Најново

Координирана акција на БЈБ за спречување на нелегална трговија со дрога, извршени претреси на повеќе локации во Велес

Sase Ivanovski

Во Полска пристигнуваат уште 180 тенкови

Sase Ivanovski

Тошковски вели дека не сакал да собира медиумски поени, ама откри дека тајно се сретнал со семејствата на загинатите во Кочани

Sase Ivanovski

Славески: Дополнителна работа не е срамота, и јас во Америка работев во супермаркет

Sase Ivanovski

ПАПАТА ЛАВ Е ДАЛЕЧЕН БРАТУЧЕД СО ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА Неочекувано откритие во светот на спортот

Sase Ivanovski

ПАПАТА ГИ КРИТИКУВА НАЦИОНАЛИСТИЧКИТЕ ПОЛИТИКИ „Нема простор за зони што нè одделуваат од соседите“

Sase Ivanovski

ЕУ и Велика Британија постигнаа договор за статусот на Гибралтар

Sase Ivanovski

НБМ: Внимателно да се следи инфлацијата, нема промена во монетарната политика

Sase Ivanovski

Леа (15) од Косово е меѓу убиените во масакрот во австриски Грац

Sase Ivanovski

На пациент во прилепската болница за првпат му е вграден имплант во рака

Sase Ivanovski

Јаневска ќе ги враќа децата од странство – Вратете се тука нема ни учебници да ви тежат на грбот

Sase Ivanovski

Макрон: Ќе ги забраниме социјалните мрежи за лица под 15 години

Sase Ivanovski

Управниот суд може да го поништи изборот на шестмина судии во Апелација

Sase Ivanovski

Американската амбасада во Ирак се подготвува за евакуација поради зголемена безбедносна закана

Sase Ivanovski

Обвинителството сè уште верува дека таткото на Вања помагал во грабнувањето на детето

Sase Ivanovski

Османи- Премиере, вие ја преминувате основната линијата на политичка пристојност кога за тоа нема никаква потреба

Sase Ivanovski

Тошковски: Борбата со недозволената трговија со дрога е и ќе остане еден од стратешките приоритети на МВР

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Поднесени 1400 пријави за самовработување, ќе се реконструира Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“

Sase Ivanovski

КХС: Доста со манипулации – вистината заслужува да се каже!

Sase Ivanovski

YouTube ги „олабавува“ правилата: Не отстранува говор на омраза – ако е во јавен интерес

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев продолжува да го подржува спортот, особено кога станува збор за младите

Sase Ivanovski

Се обидела да ги убие сопствените баба и дедо – уапсена девојка од Битола

Sase Ivanovski

Министерот Дурмиши се обрати на 113-та сесија на Меѓународната конференција на трудот во Женева: Пристојната работа мора да биде столб на секоја иднина

Sase Ivanovski

Мицкоски го демантира Филипче за авторитарна власт, СДСМ му испрати листа на аргументи

Sase Ivanovski

Обвинителството бара доживотна казна затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Sase Ivanovski

Софија бара исполнување на францускиот предлог. Дополнителни услови нема , му кажал Георг Георгиев на Тимчо Муцунски

Sase Ivanovski

Од новите осум вработени во Центарот за јавно здравје, ниту еден не е Македонец

Sase Ivanovski

Апасиев доби ќерка

Sase Ivanovski

Мајката на Вања се огласи за прв пат по убиството на 14 годишното дете

Sase Ivanovski

СДСМ: Муцунски и ВМРО ДПМНЕ неуставно ја узурпираат и ја партизираат дипломатијата

Sase Ivanovski

Герасимовски: Вечерва на средба со дебармаалци – караванот „Се гледаме во маало“ продолжува

Sase Ivanovski

Герасимовски: Зелениот регистар е гаранција за зачувување на урбаното зеленило

Sase Ivanovski

Герасимовски: Одличен одзив на „Цел Центар на точак“ – исцрпени средствата за велосипеди, повикот за дополнителна опрема сѐ уште е во тек

Sase Ivanovski

Герасимовски во Капиштец: Вложуваме во квалитетен живот на центарци, програмата заедно ќе ја пишуваме

Sase Ivanovski

СДСМ: Еве зошто владата на Мицкоски е авторитарна

Sase Ivanovski

Гостиварка уплатила летување во Грција кај младата измамничка од Богданци, која издаваше станови кои не се нејзини

Sase Ivanovski

Лицето на ужасот: Австриските медиуми ја објавија сликата на убиецот од Грац

Sase Ivanovski

Македонија ќе го загуби секој десетти жител до 2050 година, отселувањето го пустоши Западниот Балкан

Sase Ivanovski

Неуспешен и 30-тиот обид за конституирање на косовското собрание

Sase Ivanovski

Десет жени жртви на измама на Косово – наместо донации, потпишале кредити

Sase Ivanovski

Големите партии со нова сопка за независните кандидати, бројот на гласачите по општини ќе го дефинира прагот на потписи

Sase Ivanovski

МЗШВ објави јавни повици за финансиска поддршка за модернизација на земјоделските стопанства

Sase Ivanovski

Необучени работници и исцрпени мајстори страдаат на српските градилишта

Sase Ivanovski

Мортус пијан стружанец возел со 2,61 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Автомеханичар од Гостивар ќе одговара за измама

Sase Ivanovski

Момче од Турција е уапсено во Скопје, полицијата му нашла куршуми за автоматска пушка во автомобилот

Sase Ivanovski

Скопјанка измамена за 232 илјади денари, и кажале дека ќерка и прегазила дете во странство

Sase Ivanovski

Полициска акција и претреси за дрога во Велес – запленети 37.000 евра

Sase Ivanovski

Васил Јованов: Не сум го сторил тоа за кое ме товарат, ве молам и јас да осетам малку правда

Sase Ivanovski

Талентираните ученици во Кисела Вода можат да се пријават за награди, објавен е јавен оглас

Sase Ivanovski

СДСМ го обвини Муцунски за партизирање на дипломатијата, од МНР одговорија дека целта им е системска професионализација

Sase Ivanovski

Филипче си прави лош пи-ар со изјавата дека сме авторитарна држава, порача Мицкоски

Sase Ivanovski

Повеќето угостителски објекти во Скопје немаат одобрение за летните тераси, општините ќе ги уриваат, но не кажуваат кога

Sase Ivanovski

Украдена чанта на малолетничка од Струмица

Sase Ivanovski

Мицкоски за Нацев: Го охрабрувам обвинителството да истражува дали уште некој има одговорност за пожарот

Sase Ivanovski

ОСВОЈУВАЈТЕ НОВИ ТЕРЕНИ OPEL GRANDLAND ELECTRIC AWD

Sase Ivanovski

ТОДОР АНЃУШЕВ: БРЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО БАТЕРИИ МОЖЕ ДА ГО СПАСИ ОВА ЛЕТО

Sase Ivanovski

Американски суд наложи исплата на средства за Радио Слободна Европа

Sase Ivanovski

Кириите растат, се повеќе Грци доцнат со нивното плаќање

Sase Ivanovski

Во израелски напади во Газа загинаа 35 лица

Sase Ivanovski

Од 1 јануари кој ќе „лудува“ по улиците, ќе остане без возило

Sase Ivanovski

(ФОТО) Пронајдени рачна бомба и артилериска граната од Првата светска војна во паркот Галичица

Sase Ivanovski

Осуденик на смрт егзекутиран со азот во Алабама

Sase Ivanovski

Осум мртви во два вооружени напади во Еквадор

Sase Ivanovski

Финска: Шефот на руската мисија беше повикан поради нарушување на воздушниот простор на рускиот авион

Sase Ivanovski

Апелациониот суд одлучи царините на Трамп да останат на сила додека траат жалбите

Sase Ivanovski

Такса од 2 евра месечно за Бугарите кои ќе ги извадат левовите од душекот

Sase Ivanovski

Маск жали за некои изјави за американскиот претседател Доналд Трамп

Sase Ivanovski

ЕУ го додаде Монако на листата на земји со висок ризик за перење пари

Sase Ivanovski

Тим на лекари ќе се грижат за повредените од трагедијата во Кочани во одморалиштето „Пониква“

Sase Ivanovski

Рускиот амбасадор во САД најавува жесток одговор на провокациите и ракетните закани од Киев

Sase Ivanovski

Повеќе од 100 лица уапсени на демонстрациите во Лос Анџелес

Sase Ivanovski

САД и Кина постигнаа рамковен трговски договор

Sase Ivanovski

Блумберг: Пентагон го намали бројот на авиони Ф-35 што сака да ги купи

Sase Ivanovski

„Сапорт Кочани“ ја исплати фактурата за првата тура компресивна облека за повредените во пожарот

Sase Ivanovski

Струмица на плоштадот ќе издигне споменик на загинатиот тапанар од „ДНК“, Џоко Ѓоргиев, а во чест на сите жртви од „Пулс“

Sase Ivanovski

Медински: Украина ќе изгуби уште територии ако ги отфрли барањата на Москва

Sase Ivanovski

Денес се гласа за доверба на владата на полскиот премиер Доналд Туск

Sase Ivanovski

Австрија во тага: Убиецот од Грац никогаш не завршил средно училиште, неколку пати повторувал

Sase Ivanovski

Бројот на повредени во нападот врз Харков се искачи на 60

Sase Ivanovski
Вчитувам....