Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во денешното интервју за грчкиот весник „Реал њуз“, јави дописничката на МИА од Атина. За трите меморандуми што сè уште не се ратификувани во грчкиот Парламент, Герапетритис изјави дека „ќе ги донесат во соодветниот политички момент“ и повтори дека ратификацијата зависи од „доследното и целосното спроведување на Договорот од Преспа“, бидејќи освен прашањето за уставното име, постојат и други суштински нерешени прашања“.
Во однос на реакцијата на официјална Атина за инаугурацијата на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова, Герапетритис посочи дека беше брза, но според него и „повеќедимензионална и ефикасна“.
Вели дека реалноста е дека денес политичкото раководство на Северна Македонија веќе е и под внатрешен притисок. Грција се закани со вето ако Македонија не го почитува Договорот од Преспа.