📣 Започнавме со спроведуваме акција за отстранување на хаварисани односно неисправни или нерегистрирани моторни возила од јавните површини на целата територија на општината. Пајак службата денес отстрануваше возила спроти Соборниот храм и кај бараките на општината.
🚗 Уште еднаш ги повикуваме сопствениците на хаварисаните возилата да се јават на телефонскиот број 076 350 767 со цел ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ бесплатно да го кренат возилото и го однесат во отпад. Со оваа постапка нивното возило ќе биде проценето согласно откупната цена за старо железо.
👉 Нашата цел е да ги отстраниме хаварисаните возила кои со години го узурпираат јавниот простор, го попречуваат движењето на пешаците или зафаќаат простор на паркинзите. Верувам дека оваа акција ќе вроди со плод и ќе ја промени грдата слика во нашите маала.