Судот денеска го прогласи за виновен за јавно поттикнување на кривични дела, поттикнување омраза, нарушување на јавниот ред и мир, употреба на противуставни симболи, закани, напад врз извршител и навреда.

 

Тој се бранел на суд и побарал ослободителна пресуда. Тврдел дека заканите пронајдени на неговиот компјутер биле од група за разговор на темната мрежа и никогаш не требало да се сфатат сериозно. „Проектот NSU 2.0 беше само тролање на високо ниво“, тврдел обвинетиот.

   

     

Неговите заканувачки писма биле испратени помеѓу август 2018 и март 2021 година преку е-пошта, факс или СМС. Авторот редовно го користел нацистичкиот поздрав „Хајл Хитлер“ и се нарекувал себеси „SS-Obersturmbannfuehrer“, припишувајќи си паравоен чин од поранешната нацистичка партија. Примателите биле физички и јавни лица, владини и други државни институции. Писмата содржеле вербални навреди или груби клевети насочени кон лица со турско потекло.