23.8 C
Скопје
02/07/2025 00:53
МАКТЕЛ

   

Глигоров: „Зошто се распаѓаат земјите – случајот Југославија“

      

Пред  дваесет години, 1994, Владимир Глигоров (1945-2022) ја објави студијата „Зошто се распаѓаат земјите – случајот Југославија“. Ја пишуваше во Упсала, каде што во 1992 година беше емигрирал од Белград. 1994-та беше времето на двете големи војни, во Хрватска и во Босна и Херцеговина. Владимир Глигоров, синот на претседателот Киро Глигоров, почина во октомври 2022 во Виена, каде што од 1994 работеше во Виенскиот институт за меѓународни економски студии. По повод неговата смрт, Марио Холцнер, директор на институтот, го нарече Глигоров „интелектуален гигант“.  Ерудицијата на Владимир Глигоров беше навистина гигантска, затоа што освен неговата специјалност, политичката економија, таа обединуваше уште неколку области, од филозофијата и политичката теорија до литературата и филмот.

По дваесет години, согледувањата во оваа книга  се релевантни и за сегашниот момент, затоа што состојбата во многу од  државите настанати по распадот на Југославија е уште нестабилна. Во таа смисла, во анализата на распадот на Југославија, Глигоров опишува еден политички и историски процес што не е ниту минато ниту завршен. Што значи, дека тој може и да се повтори. На сериозна размисла поттикнува тоа што Глигоров еден од факторите за распадот на Југославија го гледа во „приоритетот што бившите југословенски народи ѝ го даваа на етничката правда, поставувајќи ја над индивидуалните слободи и права“. Ова  поттикнува на сериозна размисла, бидејќи тој приоритет, на пример, стана принцип во македонската политика. Понатаму Глигоров смета дека двата доминантни народи во Југославија, Србите и Хрватите, биле непомирливи во својот стремеж за независна етничка држава, што било долгорочната стратегија и на Србите и на Хрватите. Југословенската криза била комбинација од два конфликта, од кои едниот бил „централно-европски“ (српско-хрватското раздвојување), а другиот балкански. За првиот конфликт била неопходна Југославија, па затоа тој сега бил завршен. За вториот, кој произлегувал од „незавршените прашања“ од минатите балкански војни, не била неопходна Југославија. Тоа, пак, навестува дека тој конфликт може да се активира и кога нема да има ниту трага од Југославија.

„Балканизација во недоглед“

   

За разбирањето на актуелните предизвици околу и во Македонија е многу важно тоа, на што тој укажува во поглавјето „Балканизација, теоријата на уставниот слом“. Со   распадот на Југославија почнал процесот на „балканизација“, кој бил карактеристичен за обидите на балканските народи во минатото да создадат „независни државички“. Долго се верувало, особено во Југославија, дека тој процес на „балканизација“ ќе заврши со конечното самоопределување на балканските народи. „Меѓутоа, гледајќи наназад, може да се рече дека балканизацијата трае сè до денес, кога се одигрува уште една рунда на крахот на власта, придружена со граѓански и меѓудржавни војни“, заклучува Глигоров во 1994-та. Јас би рекла, овој заклучок кажува многу и за состојбата во 2024-та.

Во својата резигнирачка поента на крајот на книгата Глигоров пишува дека „поради тоа процесот на балканизацијата ќе се одвива во недоглед. Лично не гледам начин овој регион да се стабилизира, а за почитувањето на човековите права и демократијата и да не зборувам. Дури и кога Србија би се свртила кон демократија, дури и кога останатите држави би го пригушиле својот национализам, проблемот нема да биде решен. Тешко може да се замисли стабилноста на овој регион. Најмногу на што може да се надеваме е да престанат судирите и да почне долготрајниот процес на политичка еманципација. Меѓутоа, поголеми се изгледите  дека резултатот ќе биде создавањето на национални држави и региони во кои нема да владеат законите – состојбата на перманентна нестабилност“. За жал, резигнацијата на Глигоров ја потврдува  актуелната состојба во остатокот од Балканот кој не е во ЕУ, кого таа во меѓувреме го нарече „Западен Балкан“. Не само во Македонија, туку и во останатите земји од регионот, „состојбата на перманентна нестабилност“ е најстабилниот фактор.

Читајќи ја книгава, си помислив дека и на ЕУ-аналитичарите мора да им е јасно дека „балканизацијата“ во преостанатиот дел од поранешна Југославија ќе трае „до недоглед“. Можеби затоа не им се брза со проширувањето на ЕУ со Западен Балкан. Еуфоријата како да заврши со приемот на Хрватска, а за другите како да се чека, за да се види кој ќе биде конечниот  исход од процесот на балканизација, иако декларативно се истакнува неопходноста на проширувањето. Тоа важи и за односот на ЕУ кон Македонија, која, според Глигоров, ја „претставува суштината на сите конфликти на Балканот“. Бидејќи, доколку ЕУ е свесна за клучната улога на Македонија во конечното надминување на процесот на балканизацијата, тогаш може да се очекува таа да направи сè, за да ја прими Македонија во ЕУ во најкус рок. Секако, тоа би било можно да немаше членки на ЕУ од оној ист Балкан, кој два века продуцира „балканизација“, како резултат на своите „недовршени“ планови од минатите војни за својата етничка големина. Во таа смисла,  бугарското вето е во „хармонија“ со новоразбудениот културен империјализам и со историскиот реваншизам во Источна Европа и во Русија.

Истакнување на етничкиот фактор

Доколку македонските политичари би биле свесни за сево ова, секој од нив би требало барем еднаш да ја прочита оваа книга на Владимир Глигоров. Ми се чини дека сознанијата изложени во неа се многу значајни токму за сложената етничка мапа во Македонија. Особено во овој политички миг, кога со смената на власта во политичката реторика многу агресивно е истакнат етничкиот фактор кај двете најголеми етнички заедници. И тоа во една многу сложена геостратешка констелација во Источна Европа. Владимир Глигоров истакнува дека македонското прашање ќе постои уште долго.

Ми се чини дека токму ова сознание бара од денешните политичари голема мудрост и во внатрешната и во надворешната политика. Кокетирањето со правото на самоопределување во однос на државното име, зборува само за недостиг од државничка мудрост. На тие политичари не им е јасно дека со Преспанскиот договор  се надминува спорот што произлезе од тоа што за Владимир Глигоров е суштината на македонскиот проблем. Според него, во оптиката на соседите Македонија била „спорна територија“. Проблематизирањето на Преспанскиот договор од највисокиот врв, како право на самоопределување, само ги зајакнува надежите на некои „балкански играчи“, кои сметаат дека македонското прашање, што значи постоењето на македонската држава, уште не е дефинитивно решено. Бидејќи уште важи тоа што Глигоров го напиша пред дваесет години за деструктивниот процес на балканизација, имено, дека тој понекогаш се храни од „продолжената политичка празнина“. Тој вели дека таа празнина може да се опише на различни начини, но него го интересира „невозможноста на создавање одржлива држава“. Не е ли ова токму таа агонија на Македонија, која воопшто не зависи од тоа кое е името на државата, затоа што уште многумина се прашуваат дали македонската држава е одржлива во подолг рок?

Да потсетиме, Југославија се распадна откако падна Берлинскиот ѕид, што ги зајакна стремежите за етничка независност, затоа што во цела Источна Европа се „мешаа картите“ за нова рунда. Откако денес Русија го „премина рубиконот“ со  војната против Украина, се чини дека и во постјугословенските држави војните за прекројување граници на етничките држави пак станаа атрактивни. Македонија потсетува на Југославија, иако не е федерација, затоа што, како и во Југославија, во неа  живеат повеќе етнички  заедници, но доминантни се Македонците и Албанците. Глигоров истакнува дека во ситуацијата пред распадот на Југославија политичко-етничките приоритети доминирале над економските. Треба да нè замисли, зошто денес во македонската политика повеќе се зборува за повредената национална гордост, а не за брзото остварување на политичките и на стопанските реформи, кои се приоритет во пристапниот процес на Македонија во ЕУ.

   

Најново

Димитриеска -Кочоска на ОН Конференција во Севиља: Зеленото финансирање -клуч за одржлив развој

Sase Ivanovski

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Филипче се сретна со Кос: СДСМ останува силен промотор на европската идеја – време е за обединување, не за калкулации

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на моторното одделение на МВР

Sase Ivanovski

Движење ЗНАМ – За Наша Македонија: На Вториот Конгрес избрани новите органи и тела на партијата

Sase Ivanovski

Медведев фрустриран од својот противник: Зошто не игра вака секој ден и не заработува милиони?

Sase Ivanovski

Неуспешен обид по 40-пат за конституирање на Собранието на Косово

Sase Ivanovski

СДСМ: Што ќе правите кога ќе ги промовирате сите проекти на СДСМ, патот Фариш-Дреново беше 90% направен

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе биде на страна на граѓаните кои на јавна сцена ќе бидат нападнати од носители на јавни функции, како Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

ВИДЕО | Ким Јонг-ун им оддаде почит на севернокорејските војници убиени во Курск, се проценува дека бројката е околу 1000

Sase Ivanovski

Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

Sase Ivanovski

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ: Денес ја презентираме нашата критичка анализа конОперативниот план за активни програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, објавен од Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

Sase Ivanovski

Уставниот суд го одби барањето на подносителката Билјана Ванковска- Цветковска која се жалеше дека е неуставно да им се ограничи минутажа на МТВ за политичките кандидати

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Уште две банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга –– првото повлекување на средства е планирано за 2027 година

Sase Ivanovski

Сенатот го изгласа буџетскиот „мегазакон“ на Трамп, со одлучувачки глас на потпретседателот Џеј Ди Ванс

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска со отчет по повод една година од формирањето на Владата: Ги стабилизиравме јавните финансии, го намаливме јавниот долг и постигнавме економски раст над очекувањата

Sase Ivanovski

Специјалната известувачка на ОН: Израел води политика на апартхејд и геноцид

Sase Ivanovski

Во Турција набрзо ќе почне разоружување на ПКК

Sase Ivanovski

Зеленски одликува 226 украински војници

Sase Ivanovski

Германија финансира дронови за Украина

Sase Ivanovski

ШЕКЕРИНСКА ВО ПОСЕТА НА АТИНА НА СРЕДБА СО ЗАМЕНИЧКАТА МИНИСТЕРКА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ КОЈА Е ПОРАНЕШНА АМБАСАДОРКА ВО СКОПЈЕ

Sase Ivanovski

Путин разговараше со Макрон: Украинскиот конфликт е директна последица на политиките на западните земји

Sase Ivanovski

Билатерална средба на МЕП Муртезани со новиот српски министер за европски интеграции, Старовиќ

Sase Ivanovski

ЕУ СО ГОДИНИ „УБИВА“ НЕКОИ ЗЕМЈИ ВО ЧЕКАЛНАТА Милановиќ вели дека е лицемерно да ѝ се ветува членство на Украина

Sase Ivanovski

„ПЕСКОВ ЗБОРУВА ВО ОРВЕЛСКИ СТИЛ“ Келог ги отфрли тврдењата на портпаролот на Путин дека САД го кочат мировниот процес

Sase Ivanovski

ПОМАЛКУ ГУЖВИ НА ТАБАНОВЦЕ, ОД ПЕТОК СТАРТУВА „ONE STOP SHOP“ Ќе се контролира само влезот на луѓе и на стоки

Sase Ivanovski

ГЕРО: Никогаш не би го кажал она што Драган Павловиќ Латас го кажал за таткото на струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов

Sase Ivanovski

Трамп размислува да го депортира Маск од САД

Sase Ivanovski

Иран го осудува одбивањето на Советот за безбедност на ОН и МААЕ да ги осудат израелските напади

Sase Ivanovski

ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ во Севиља

Sase Ivanovski

Средба во Севиља на премиерот Санчез и Сиљановска – Давкова – теми за разговор ЕУ интеграциите и економска соработка

Sase Ivanovski

На паркинг во Скопје пронајден починат 40-годишник од струмичко

Sase Ivanovski

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

Sase Ivanovski

Германски медиуми: Вучиќ се плаши од избори – ќе има уште апсења

Sase Ivanovski

На предлог на Министерството за здравство, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за потребата од обемна реконструкција и доизградба на болничките капацитети во Штип и Тетово, изградба на нов здравствен објект во Кичево, како и инвестиции во опрема и дигитална трансформација на здравството на национално ниво

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Следната учебна година свидетелства во дигитална форма, два онколошки лекови префрлени во позитивната листа, Македонија ќе отвори две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

Sase Ivanovski

Човекот кого го сметаат за ,,совест” на Путин го отпиша Вучиќ: Србите сакаат тој да си замине, неговиот легитимитет веќе не постои

Sase Ivanovski

БРАВО: МАМАС АЈВАР НА БИЛБОРД НА ТАЈМС СКВЕР ВО ЊУЈОРК

Sase Ivanovski

(Видео) Пожари во Валандово и Дојран, МВР испраќа хеликоптер за гаснење

Sase Ivanovski

СТЕФКОВСКИ: На покана на Амбасадорката на САД во Македонија, Н.Е. Ангела П. Агелер, вечерва присуствував на приемот организиран во Амбасадата на Соединетите Американски Држави по повод Денот на независноста – 4 Јули

Sase Ivanovski

ЗНАМ: СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

Sase Ivanovski

Кос до Северна Македонија, Албанија, Србија, Босна и Косово: Имате 6 милијарди евра на располагање, парите ќе ги вратиме ако нема напредок

Sase Ivanovski

Македонија добива грант од 350 илјaди евра од ЕБОР за изработка на стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура

Sase Ivanovski

Милошоски: Менувањето на Уставот за Бугарија е само отворање на вратата низ која тие имаат намера да протнат уште десетина тешки барања

Sase Ivanovski

Мицкоски до Кос на Самитот во Скопје: Идентитетот не ни е само македонската кујна туку и Гоце Делчев, Шапкарев, Илинденското востание, браќата Миладиновци итн

Sase Ivanovski

Уапсена е скопјанка, со остар предмет и се заканувала на сосетката

Sase Ivanovski

ВЕЛИЧКОВСКИ: Кои домашни политичари ја ставале Северна Македонија во “српскиот свет” и што добиле за возврат?

Sase Ivanovski

Фудбалот е повеќе од игра: Првиот мини терен од компанијата Mozzart блесна во Охрид

Sase Ivanovski

Судот пресуди во корист на Костадинов и Струмица, водата била безбедна за пиење

Sase Ivanovski

АЈДЕ ДА И ПОМОГНЕМЕ НА ЛИДИЈА КОЈА СЕ БОРИ СО МУЛТИПЛЕКС СКЛЕРОЗА

Sase Ivanovski

Герасимовски со водњанци: Реконструирани 20 улици во општината, приоритет се безбедноста и подобра инфраструктура во маалата

Sase Ivanovski

Тошковски и Кондратович: Одлична соработка на полето на безбедноста, потпишан протокол за реадмисија и голема поддршка од Литванија на европскиот пат на Македонија

Sase Ivanovski

Почина 72-годишен пешак во Скопје, во него удри мотоциклист

Sase Ivanovski

Италија во следните три години ќе издаде половина милион визи за странски работници од земји надвор од ЕУ

Sase Ivanovski

Младите и евроскептицизмот: Над 40% со позитивен став кон ЕУ, но без верба во брза ЕУ интеграција на земјата

Sase Ivanovski

Клековски: Скапата биолошка терапија ја има на Онкологија, за двата генерички лека што ги немаат дистрибутерите, има соодветна замена

Sase Ivanovski

Шекеринска: Време е да инвестираме во мирот и стабилноста

Sase Ivanovski

ЛУЃЕ ПОЛЕКА ЌЕ СЕ ПОТЕПАМЕ Сообраќајка во Куманово, повредени две лица

Sase Ivanovski

Кос: Уставните измени се единствен услов за отворање на преговорите, идентитетот на Македонците не може никој да им го одземе

Sase Ivanovski

Уставниот суд ненадлежен за Предлог законот за независните кандидати, само ако стане закон може да стане предмет пред уставните судии

Sase Ivanovski

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Ќе продолжиме да ги следиме европските вредности не затоа што тоа ни го наложува некој, туку затоа што тоа е нашиот пат и избор

Sase Ivanovski

Рама: Никогаш не сме биле поблиску до ЕУ

Sase Ivanovski

СДК: ЈАС СУМ ОТРПНАТ, АМА СЕ ПОТРЕСОА МОИТЕ НАЈБЛИСКИ, ВЕЛИ ИГОР ЏАМБАЗОВ ПО ЛАЖНОТО ВИДЕО СОЗДАДЕНО СО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДЕКА ИСТЕПАЛ ФАРМАЦЕВТИ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СИТУАЦИЈАТА Е СТРАШНА! Над 50% млади од Македонија се против ЕУ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Три автобуси и едно комбе опожарени во кочанската населба Оризари

Sase Ivanovski

Костовски: Максим Димитриевски е најголемо разочарување, лажен патриот и приврзок на Мицкоски

Sase Ivanovski

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси, го повикувам ВМРО-ДПМНЕ заедно да се бориме амандманот да не помине

Sase Ivanovski

ВАШИОТ ИДЕНТИТЕТ СЕ МАНАСТИРИТЕ, ПОГАЧАТА, ПИНЏУРОТ И ПОЛНЕТИТЕ ПИПЕРКИ И ТОА НЕ МОЖЕ НИКОЈ ДА ВИ ГО ОДЗЕМЕ, КАЖА ЕВРОКОМЕСАРКАТА МАРТА КОС

Sase Ivanovski

КОСТА СОЧУВСТВУВАМ СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЕМОЦИИ ЗА ТВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО, НО ТЕ МОЛАМ ИЗВИНИ МУ СЕ НА ЛАТАС И ИЗВЛЕЧИ ОД ОВА ПОУКА, ТИ СИ МЛАД ПОЛИТИЧАР КОЈ ТРЕБА ДА УЧИ ОД ГРЕШКИТЕ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИЛОН МАСК: САД се пред банкрот и сите се прават мутави, само на камати за кредити САД плаќаат годишно 1000 милијарди долари

Sase Ivanovski

ТОШКОВСКИ ИМ СТЕГНА КРИВИЧНА: Директори на Националниот парк Маврово, локални функционери на ВМРО ДПМНЕ, украле 50 илјади евра од буџетот

Sase Ivanovski

КОСТАДИНОВ ОБЈАВИ ФОТКА ОД СВОЈОТ ПОЧИНАТ ТАТКО: Од него го научив најважното: името на фамилијата не смее да се чепне, ниту да се осквернави

Sase Ivanovski

КОСТАДИН АЦЕВСКИ: Вечна слава на идеологот за слободна Македонија, Ѓорче Петров

Sase Ivanovski

Филипче: ЕУ го потврди она што го говори СДСМ – ВМРО ДПМНЕ ја става Македонија во заложништво на други држави

Sase Ivanovski

ЃОРЃИЕСКИ: Започнува исплатата за пензионерите во Кисела Вода – 1388 пензионери утре на своите сметки ќе добијат финансиска помош од 2500 денари!

Sase Ivanovski

Членство во ЕУ е најдобар начин да се заштити идентитетот, културата и јазикот на Македонците, истакна Кос

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГАЗДАТА НА СРПСКИ ИНФОРМЕР, ДРАГАН ВУЧИЧЕВИЌ ПОВИКА ПРОТЕСТАНТИТЕ ВО СРБИЈА ДА БИДАТ ПРЕТЕПАНИ И УАПСЕНИ

Sase Ivanovski

Ученици од Прилеп освоија второ место на Европскиот квиз на пари во Брисел во конкуренција од 70.000 натпреварувачи

Sase Ivanovski

РУСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ БИВШИ БОКСЕРИ ВО ТЕШКА КАТЕГОРИЈА СЕ СТРАВ И ТРЕПЕТ

Sase Ivanovski
Вчитувам....