МАКТЕЛ

    

Горан Ризаов: Оставки во тишина

      

Последна молитва на моето тело

Црн е твојот ветар, а ноќта бела
и секој дамар напнат од зрелина.
Застани како меч во овој дрворед од тела
пред да се срушиш заслепено со белина.

Но и тогаш играта ќе продолжи пак
со иста таинственост и иста чедност.
И тие треви што ќе те покријат со мрак
ќе изгорат во пожарот на твојата жедност.

   

Ацо Шопов, „Небиднина“, 1963 г.

Решив да молчам. Да „не паламудам“. Да не расфрлам со пердуви. Да се затворам дома, да ја заклучам вратата, да ги изгаснам светлата и да не зборувам со никого. Да не се огрешам, оти за уши од дома ќе ме извадат. Решив да не ја вознемируваме јавноста. Да не пренесуваме емоции. Да не креваме врева. Да не фотографираме. Да не снимаме. Да нема „емотивно набиени наративи“. Да ги пренесуваме само соопштенијата од властите. Оти, владата знае најдобро што е етичко новинарство. Решив да не поставуваме ниту прашања. Нема што да прашуваме, нема што да се интересираме. Сите прашања се одговорени. Нема што да мислиме. Има кој да мисли за нас. Решив и да не читам многу вести, да не ми влијае на менталното здравје. Особено не на некои си таму медиуми што не се медиуми, новинари што не се новинари. Телевизија ионака одамна не гледам. Решив да не повикувам на граѓански собири против системот, оти системот еве веќе се бори против системот. Корумпираниот. Успешно. Ако некој друг повика на собир, не одам. Да не се прават гужви, оти полицијата е потребна на друго место. Решив да го закопам во длабока тишина тоа што го носам неизречено, што ме притиска и пече, и да чекам тишината сама да го рече. Чекам оставки во тишина.

Суптилен притисок кон општа самоцензура. Иронијата во овој текст не е непочитување кон семејствата на жртвите и повредените во трагедијата во импровизираната дискотека „Пулс“ во Кочани. Напротив, целта е да се укаже на нескриените обиди за цензура на независните, критички настроени медиуми од страна на власта, на обидите за контрола на наративот и пренасочување на вниманието. Македонската власт, од 17.03.2025 г. наваму, го покажа своето вистинско авторитарно и цензорско лице. Особено на денот на погребот. Медиумите беа бомбардирани со соопштенија, од владата, од регулаторите, од здруженијата, да не случајно објават нешто што нема да им се допадне на партиите на власт. Под плаштот на одбрана на професионалноста, затскриено меѓу општо познати стандарди кои секој професионален медиум ионака ги следи, владата ги подучи новинарите што треба, а што не треба да фотографираат, да снимаат, какви наслови да ставаат, дали да има емоции или да биде копија на нивните штури соопштенија и говори. Зад превезот, пак, на справувањето со дезинформациите, се изгради препрека и за информациите. Се случи токму она што авторитарните режими го прават за да ја потиснат слободата на говор. Ова создаде состојба на исклучително високо ниво на самоцензура во македонските медиуми. Во нив тешко ќе најдете приказни за животот на жртвите, за нивните семејства, роднини, нема да прочитате за обичниот човек, за загубата, за успесите, за надежите и потенцијалите, за нивното влијание во заедницата. Нема да ја видите тагата и нема да го чуете лелекот. Оти нели, тоа е премногу емотивно. Постојат правила како се интервјуираат семејства на жртви во големи трагедии и тие правила искусните новинари ги знаат. Секогаш се третираат со достоинство и почит, чувствително, со знаење какви прашања треба да постават и кога треба да се повлечат. Фоторепортерите, исто така, си имаат свој посебен пристап, ненаметлив и со почит. Но, исклучително е важно ваквите трагедии да бидат документирани, да остане трага во медиумските архиви, да биде запишано во колективната меморија.

Нескриен обид за контрола на студентите. Новинар на Мета.мк беше брутално нападнат на социјалните мрежи со лажни обвинувања дека организира собири. Неговата фотографија беше залепена во десетици објави на Фејсбук и Твитер со повици за негово апсење и физички напад. Иако случајот беше пријавен, немаше никаква реакција. Нападот се случи поради тоа што на социјалните мрежи беше објавена снимка од министерката за образование и наука Весна Јаневска и нејзиниот говор пред студентите на кампусот на УКИМ, кога беше исвиркана. Се собраа повеќе илјади студенти и средношколци да им оддадат почит на загинатите. Наместо студентски, собирот се претвори во лошо подготвен ПР настан кој излезе од контрола. Само една телевизија и неколку онлајн медиуми објавија дека студентите ја исвиркаа министерката. Сепак, на социјалните мрежи приказната беше поинаква. Видеото беше објавено и стана вирално. Истата вечер се активираа партиските ботови и започнаа хајка преку анонимни профили и групи. Четири дена подоцна, кога министерката конечно повторно се појави во јавноста, ниту еден новинар, ниту еден медиум не ја праша како се нашла на говорницата заедно со ректорката да држат говори на студентски собир. Никој не ја праша дали ќе си поднесе оставка поради непочитувањето на студентите во моментите кога тие жалат за своите починати колеги – за десетици млади луѓе кои го загубија животот и стотици повредени од кои дел сè уште се борат да преживеат во странските болници. Во својот говор, министерката, покрај другото ја изрецитира песната „Во тишина“ од Ацо Шопов. Да, точно е оти тишината понекогаш може многу погласно да укаже на вистината отколку најгласните зборови. Но, кога студентите на тишина ги повикува власта, се раѓаат сомнежи дека овде се пее некоја друга песна. Можеше пишувачот на говорот навистина да одбере некоја друга песна од Шопов, поприкладна за студентски собир по најголемата трагедија што ја погоди младината на земјава. Последна молитва на моето тело од збирката „Небиднина“ издадена во 1963 година ќе звучеше пореалистично на платото на УКИМ тој ден. Само не со гласот на министерката, туку со гласот на студентите. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Поранешниот хрватски преговарач Дробњак: 2030 година е остварлива цел за членство на С. Македонија во ЕУ, ама клучни се резултатите

Sase Ivanovski

(ФОТО) Навивачите на Ренџерс ја искористија смртта на папата да го провоцираат најголемиот ривал

Sase Ivanovski

Новиот министер за образование на Србија на првиот работен ден дочекан со протест

Sase Ivanovski

Само седум жени во светот смеат да носат бела облека при посета на папата

Sase Ivanovski

Погребот на папата Франциск е закажан за 26 април

Sase Ivanovski

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп

Sase Ivanovski

Во Македонија над 140.000 лица имаат дијабетес – аларм за посилни превенција и пристап до терапија

Sase Ivanovski

Ден на планетата Земја: Обновливата енергија е најмоќното оружје против климатските промени

Sase Ivanovski

Зеленски повторно мета на дезинформации – „купил“ рудник за платина вреден 1.6 милијарди долари

Sase Ivanovski

ИЈЗ: Во март едно лице починало од СИДА, а регистрирани се три случаи потврдени на ХИB

Sase Ivanovski

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

Дебата на КЕП и НСЕИ: Реформската агенда како стратешка рамка и конкретен чекор кон ЕУ

Sase Ivanovski

УЈП: ЗАСИЛЕНА ПОДДРШКА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ – 04 ПРИЈАВИ – ПОГОЛЕМА ДОСТАПНОСТ И ЕФИКАСНОСТ ПРИ ПРОЦЕСОТ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки

Sase Ivanovski

МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година

Sase Ivanovski

Ограбен хотел во центарот на Скопје

Sase Ivanovski

(ФOTO) Славе Ристов кувар во ресторанот Шалом во Струмица демантира дека бркал врски преку газдата Дано и достави доказ дека казна платил

Sase Ivanovski

Уништен е Рибарскиот прстен на папата Францис

Sase Ivanovski

Девет месеци не им е асвалтирана главната улица, жителите на Волково бараат итно санирање

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајка кај Пресека

Sase Ivanovski

МВР предупредува: Не отворајте, лажни пораки во име на ЕВРОПОЛ и полицијата

Sase Ivanovski

Потрошувачката кошничка за април повисока за 836 денари во однос на март

Sase Ivanovski

Партијата „Вреди“ ќе има претседателство од 23 члена

Sase Ivanovski

ЦУК: Гори градската депонија во Демир Хисар, засега пожарот е под контрола

Sase Ivanovski

Влада: По 1. мај средба Мицкоски – Таравари

Sase Ivanovski

Кривичен суд не ја прифаќа гаранцијата на Асмир Јахоски, тој останува во притвор

Sase Ivanovski

Екс потпретседателот на СДСМ Битиќи ограбен за Велигденските празници. Му украле златен накит и пари

Sase Ivanovski

Рејтингот на Трамп е најнизок откако по втор пат стана претседател

Sase Ivanovski

Граѓанска иницијатива за нов почеток во Кочани: Им должиме на загинатите

Sase Ivanovski

„Извини Зоки морално (ли) беше!“: Културните работници излегоа на протест

Sase Ivanovski

Левица предлага дуплирање на роковите за застарување за кривични дела за функционери

Sase Ivanovski

Инспекторатот на Општина Карпош провери 50 градби и изрече 26 казни

Sase Ivanovski

( ВИДЕО ) Манасиевски: Владата на СДС тврдеше дека нема да има нови блокади кон ЕУ за билатерални прашања, сега се демантирани и од ЕУ

Sase Ivanovski

Грција ја започна сезоната со цени исти како лани: Целта ни е туристите пак да ни дојдат, а не да ги боли глава од сметката!

Sase Ivanovski

Цените на бензините и дизелот остануваат непроменети

Sase Ivanovski

Мемов: ЗНАМ размислува за самостојни советнички листи но и соработка со ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова: Папата ќе го паметам по неговиот извонреден ум, мудрост, топлина и едноставност

Sase Ivanovski

„Да ја напуштат Владата и да се обединиме“: Села со понуда до Вреди

Sase Ivanovski

ДУИ реагира што на интернет страниците на МВР, Министерството за транспорт и енергетика нема албански јазик

Sase Ivanovski

Комерцијална банка со задоволство го пушти во употреба новиот портал за Интернет банка – online.kb.mk

Sase Ivanovski

Тешка кражба во домот на Битиќи, украден е сеф

Sase Ivanovski

Заврши доказната постапка во судскиот процес за пожарот во модуларната болница, завршните зборови во мај

Sase Ivanovski

ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА ИЗРАБОТКА НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА ЛОГО НА СОБРАНИЕТО

Sase Ivanovski

МЕП Муртезани: „Реформската агенда е патоказ кој не е создаден за Брисел, туку пред сè за граѓаните што ги претставуваме, чија доверба е темелот на нашата демократија“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филипче: Застојот на интеграциите за Македонија е губење милијарди евра поддршка од ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Добро утро, добар ден на светскиот ден на планетата Земја со оваа глетка од Градски парк Моментот го забележа и овековечи Сара Марковска

Sase Ivanovski

КАДЕ ДИГИТАЛНИТЕ НОМАДИ САКААТ НАЈВЕЌЕ ДА ПРЕСТОЈУВААТ? САРАЕВО И ДУБРОВНИК МЕЃУ ОМИЛЕНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СЕ ШИРИ ЛИ ТОКСИЧНА ПЕПЕЛ ВО БИТОЛА? ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОТВОРИ ИСТРАГА

Sase Ivanovski

Движењето ЗНАМ за наша Македонија започнува со средби со граѓаните, членовите и симпатизерите со кампањата „ЗАЕДНО ПОВЕЌЕ ЗНАЕМЕ“

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ги бранат бугарските позиции кои се од најголема штетност врз македонскиот народ

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведени две лица од тетовско затоа што управувале возила со брзина поголема од дозволената

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се занимава со сè и сешто, шета од тема на тема, само не дава одговор дали Филипче и Заев имаат златни визи за Дубаи

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: 2252 сообраќајни прекршоци во празничниот викенд, 1018 за брзо возење

Sase Ivanovski

СДСМ: Тошковски да не ги штити неговите началници – за трагедијата во Кочани мора да има одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Филипче: Ако се обединиме на патот кон ЕУ, нема пречка која нема да ја совладаме

Sase Ivanovski

Ал Гор: Администрацијата на Трамп го прави она што го направија нацистите

Sase Ivanovski

Шестмина повредени во сообраќајна несреќа на патот Кичево-Охрид, меѓу нив и две деца

Sase Ivanovski

Волгринс се реши, ќе плати 300 милиони долари казни – издавал лекови на рецепт без потврдена легитимност!

Sase Ivanovski

„Животот е крв“ – МаксБет организира крводарителска акција во Скопје

Sase Ivanovski

Мајка и ќерка се степале на регионалниот пат Кичево-Битола

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Прв напад од ајкула на плажа во Израел, пливачот брзо се изгуби во длабочините

Sase Ivanovski

Египет и Катар претставија нов мировен предлог за Појасот Газа

Sase Ivanovski

Ватикан објави фотографии од папата Франциск положен во ковчег

Sase Ivanovski

Нацистички знамиња со кукасти крстови осамнаа во Шведска на роденденот на Хитлер

Sase Ivanovski

Дебата во Собранието за придобивките од Реформската агенда 2024 – 2027

Sase Ivanovski

Граѓанската иницијатива „Кочани“: Системот што нѐ уби живее преку нас – време е за промена

Sase Ivanovski

Вработените во Министерството за култура на протест поради неисплатените плати

Sase Ivanovski

Доживотен затвор за сторителот на масакрот во Ел Пасо, Тексас, кој уби 23 лица

Sase Ivanovski

Расфрлано ѓубре на сите страни на Кејот „13 Ноември“

Sase Ivanovski

Трамп го „започна процесот“ на замена на Пит Хегсет

Sase Ivanovski

15 г Ачибадем Систина + хипербарна комора

Sase Ivanovski

Одеса и Киев може да паднат во руски раце, предупредува американскиот генерал Весли Кларк

Sase Ivanovski

На „Табановце“ и „Богородица“ се чека еден час за влез во државата

Sase Ivanovski

Зеленски: Украина стои на понудата да не ја напаѓа цивилната инфраструктура

Sase Ivanovski

Група студенти и граѓани сè уште ја блокираат РТС

Sase Ivanovski

Москва: Руските сили во близина на Покровск ликвидираа група платеници од Португалија

Sase Ivanovski

Сообраќајна несреќа кај Петровец. Нема тешко повредени

Sase Ivanovski

Израелските сили од раните утрински часови убија најмалку 14 лица во Појасот Газа

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со умерена облачност, попладне дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Земјотрес ја погоди Романија

Sase Ivanovski
Вчитувам....