12.8 C
Скопје
21/05/2025 05:02
МАКТЕЛ

     

ГОРАН СДК: Имавме специјална обвинителка што падна на чанти и тросед, а сега имаме Антикорупциска комисија што паѓа на поминување граница преку ред

      

1 Значи, можело. Можело во кризна состојба, како што се сега шумските пожари, државата навремено да ги искоординира сите институции за да може ефикасно да интервенира. Толку многу имаме изгубено доверба во институциите, што кога тие си ја вршат работата за која се платени, нам ни доаѓа како изненадување. Значи, можело да се координираат Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, Владата и општинските раководства, претседателката на државата, полицијата, војската, странските земји што испратија воздухоплови за гасење на пожарите…

Во држава во која и по пет-шест институции, што државни, што општински, не можат да се договорат кој е задолжен за косење трева покрај патиштата и чистење на ѓубрето, навистина е вистинско чудо како сите што во нормални услови се прават ненадлежни, барем во криза успеваат да се координираат.

   

Нормална држава ќе бидеме кога така ќе биде цело време, а не само кога сме во криза. Институциите да бидат спремни и кадарни да се координираат и во услови на нормалност, така што нема да бидат изненадени од снег во јануари и пожари во јули. Граѓаните очекуваат за парите што ги плаќаат како даночни обврзници да добиваат сервис секој ден, а политичарите да не бараат аплаузи за тоа што им е работа.

2Е па, штом можело, редно е веќe Владата да престане да се жали колку сѐ било катастрофа, колку душмански се трошело, колку дупки нашле во буџетот… Ја слушаме истата песна при секоја промена на власта. СДСМ во 2017 се жалеше на пустошот што го оставија ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ во 2024 се жали на пустошот што им го оставиле СДСМ и ДУИ. Секоја власт се правда дека власта пред нив била лоша. Само ДУИ не се жали на претходната власт. Се жали зошто пак не е во власта.

Големи беа разочарувањата од СДСМ. Ама, пак, големи беа и ветувањата што ги даваше Христијан Мицкоски. Нормално е на толку големи разочарувања и на толку големи ветувања, да бидат големи и очекувањата од новата власт. Не може сега да се прават дека не знаеле што ги чека кога се расфрлаа со ветувања.Катастрофална била ситуацијата. Па да не беше катастрофална, немаше ВМРО-ДПМНЕ да победи, а СДСМ толку убедливо да изгуби на изборите.Владеењето на СДСМ и ДУИ сега е веќе историја. И секое понатамошно жалење на новата власт ќе биде дефокусирање за нешто што ветиле, а не можат да го исполнат.

3 Премиерот Христијан Мицкоски ја предводеше македонската делегација на Самитот на НАТО во Вашингтон, а потоа беше и во Лондон на состанокот на Европската политичка заедница. Барем за Вашингтон можам лично да сведочам дека немаше кој да потврди оти „соговорниците имаа прилика да видат поинакви политичари…“, оти тој успешно ги избегнуваше и македонските и странските новинари и си даваше изјави самиот себеси.

Од каде му е впечатокот на Мицкоски дека странците во него и неговиот тим навистина гледат „поинакви политичари кои се дојдени со јасен план и ги бранат државните интереси и политичари кои не се корумпирани“? Можеби така било, ама кој да знае. Ние само знаеме дека меѓу нив има и такви кои биле судени за корупција, ама сега се амнестирани.

На крајот на краиштата, тие со кои разговарале треба да кажат нешто за нив. Не самите да си кажуваат како им изгледаат на другите. Ова излегува како кога некој ќе фати женска и се фали наоколу: Значи, што да ви кажам, каква женска имам, подобар дечко од мене никогаш немала. А таа си ќути.

4Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) му даде рок од 15 дена на премиерот Мицкоски да покаже документи дека патувањето и престојот на синот што го придружуваше во Вашингтон и Њујорк не е платено со пари од државниот буџет, туку со лични средства на семејството Мицкоски, како што соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

И поранешниот премиер Димитар Ковачевски си ја носеше ќерка му во Рим, а и синот и ќерката во Њујорк и Вашингтон. И тој тврдеше дека патните сметки за ќерка му и за синот се платени од семејниот буџет и ако треба ќе ги покаже сметките. Ама, никогаш не ги покажа.

А кој да им ги побара сметките? Оваа Антикорупциска комисија, чијашто претседателка Татјана Димитровска добила дипломатски пасош од МНР, а останатите шестмина членови доставиле барање и чекаат.А кој ќе ги фати ако дипломатските пасоши ги користат за туристички патувања? Кој ќе ги контролира нив ако ги злоупотребат дипломатските пасоши?

Дипломатските пасоши ги издава Министерството за надворешни работи. И што ако треба утре овие членови на Антикорупциската комисија да отворат предмет за министерот за надворешни работи, ако има пријава за незаконско трошење државни пари? Сеедно е кој. Вчера бил Бујар Османи, денеска е Тимчо Муцунски, утре некој друг. Кој ќе ја отвори таа истрага? Антикорупционерите на кои тој министер им издал дипломатски пасош.

Законски, на членовите на Антикорупциската комисија им следуваат дипломатски пасоши оти се избрани во Собранието. Ама, каков пример даваат тие што треба да бидат најчесни и најмалку ранливи на поткуп? Членовите на претходниот состав на Антикорупциската комисија немаа дипломатски пасоши, па не сме чуле дека некој ги сопрел на граница кога патувале службено.

Е па, до толку им стига на антикорупционерите. До пасошите. Имавме специјална обвинителка што падна на чанти и тросед. Сега имаме членови на Антикорупциска комисија што паѓаат на поминување граница преку ред.Многу патуваат. Одат на обуки за борба против корупција организирани од САД и од ЕУ. Што ги учат на тие обуки? Дека треба да си обезбедат привилегии прво за себе.

5Пред две-три недели, во скопската населба Кисела Вода во лифт за тројца се беа заглавиле петмина, сосе екипа на Брзата помош. Ги спасуваа пожарникари.Оваа недела, во Велес во лифт за тројца се заглавиле 12 луѓе. Осум возрасни и четири деца. Пак беа испратени пожарникари да ги спасат.

Ај овие петмината што успеале да влезат во лифт за тројца, ќе речеш, паника било, брза помош е во прашање. Ама, како ли успеаја во мал лифт да влезат 12 луѓе? Ај децата некако ги напикале, ама уште осуммина во лифт за тројца? Како ли изгледало тоа? Веројатно децата на ушка ги држеле.Македонија не само што е повторно горда, туку почна и да им пркоси на законите на физиката. Целата колумна на СДК.МК

   

Најново

Ако во минатото имавме договори кои за нас значеа понижување, денес имаме договори кои значат гордост, вели Митева

Sase Ivanovski

ИЛЈАДНИЦИ УЧЕСНИЦИ НА ВОДНО – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“ ПОКАЖА ДЕКА СПОРТОТ ОБЕДИНУВА

Sase Ivanovski

Новоизбраниот претседател на Романија, Никушор Дан ќе положи заклетва на 26 мај

Sase Ivanovski

„АЛКАЛОИД“ СО ЈУБИЛЕЈНА ПЛАКЕТА ОД ЦРВЕН КРСТ

Sase Ivanovski

Советот на етика ја отфрли жалбата на градоначалничката Арсовска против Ирена Мулачка и „Фокус“

Sase Ivanovski

Повреден мотоциклист на булевар во Скопје, се судри со автомобил

Sase Ivanovski

Мицкоски: Да ја чуваме Македонија не само на мапа, туку во срцето

Sase Ivanovski

Захарова: Зеленски и Западот се обидоа да ги попречат преговорите

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Прес-конференција на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Николоски

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ СО НОВИ ПРАВИЛА: ДИРЕКТОРСКА ФУНКЦИЈА БЕЗ ПРИВИЛЕГИИ

Sase Ivanovski

Жаре: Историски викенд! Три вечери. Три преполни арени. Над 20.000 луѓе!

Sase Ivanovski

Усвоен нов закон: Ќе може да се вработуваат и корисници на пензија

Sase Ivanovski

ОКТА активности за превенција од пожари: едукативна кампања и донација на дрон за рано откривање на пожари на ЈП Национални шуми

Sase Ivanovski

Азир Алиу ќе го замени Таравари во Владата: „Нема ништо официјално“

Sase Ivanovski

Стефан Лазаров доделува стан во Ченто и автомобил, како благодарност за заедницата која го поддржувала!

Sase Ivanovski

Мирот во Украина се чини подалечен по телефонскиот разговор меѓу Трамп и Путин

Sase Ivanovski

Во четврток во Лондон Северна Македонија и Обединетото Кралство ќе потпишат договор за стратешко партнерство

Sase Ivanovski

ОН предупредува дека 14.000 бебиња може да умрат во Газа во следните два дена oти немаат храна

Sase Ivanovski

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

Sase Ivanovski

Опожарени три автомобили во Битола

Sase Ivanovski

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Sase Ivanovski

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Sase Ivanovski

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

Sase Ivanovski

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Sase Ivanovski

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Sase Ivanovski

Митева: Договорот за стратешкото партнерство со Обединетото Кралство претставува дипломатска и историска победа за Македонија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Kостадиновска – Стојчевска до Минчев: Зошто нема вработување на лектори по македонски јазик?

Sase Ivanovski

Костадиновска – Стојчевска : До каде е Националната стратегија за македонски јазик?

Sase Ivanovski

Дебата во рамки на Форумот за културна дипломатија: „Иднината на демократијата во фрагментиран свет: Како да зајакнат демократските институции“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Како од лидери во искористеност на ИПАРД, ВМРО -ДПМНЕ ја доведе во прашање акредитацијата за европските фондови?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Николовски до Трипуновски: Ќе останат ли земјоделците без зелена нафта, а учениците без мерката „здрав оброк“?

Sase Ivanovski

Мицевски: За прв пат во историјата на Македонија се усвои Закон за работно ангажирање на лица, на барање и на работниците и работодавачите

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Sase Ivanovski

Нов проект на Северна Македонија и ФАО, поддржан од Зелениот климатски фонд, ќе го зајакне управувањето со шумски пожари и ќе придонесе за зголемена климатска отпорност

Sase Ivanovski

Укинати два члена од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик

Sase Ivanovski

„Денот на сесловенските просветители” прославен во македонската амбасада во Пекинг

Sase Ivanovski

СТОЈАНЧЕ АНГЕЛОВ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ЈАПОНИЈА

Sase Ivanovski

Време е за БУКВАЛНО. ЏЕЗ…

Sase Ivanovski

На денешен ден во 1911 г. кај месноста Водениците на река Црна – Марково стапало, до своето родно село Света, Демирхисарско славно загинал војводата Георги Христов Ралев – Свеќанчето

Sase Ivanovski

Николовски до Трипуновски: Празни ветувања, укинати мерки и намалени субвенции – каде е реформата во земјоделството?

Sase Ivanovski

Во Територијална противпожарна бригада на Град Скопје одбележавн 20 Мај Денот на македонските пожарникари

Sase Ivanovski

Мицкоски: Оптимист сум дека растот на БДП ќе биде помеѓу 3,5 и 4 проценти

Sase Ivanovski

Мицкоски: Николоски е овластен да го потпише стратешкиот договор, ќе се реконструира и модернизира железничкиот транспорт

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Условите се транспарентно објавени за пласман на средствата од унгарскит заем за компаниите и нема ризик врз Буџетот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) МАРЈАН ЃОРЧЕВ: ОЈО да ги проверува анкетните листови на сите функционери! Не ни треба ветинг, добро се знае кој, што правел

Sase Ivanovski

Нема повеќе пасоши! – Следната година, за летување ќе мора да имате оваа дозвола!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Денеска остварив посета во рамките на културниот проект „Посета на музејот“, со што одбележавме значаен дел од нашата историја и традиција

Sase Ivanovski

Костадинов: Со посебно задоволство ја прифатив поканата и заедно го одбележавме Вашиот ден, Денот на пожарникарите

Sase Ivanovski

Зоран Љутков: Во пресрет на одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, денес сум во Разловци

Sase Ivanovski

Божиновска: Во Брисел со јасна порака – реформите во енергетиката носат резултати, а Македонија е подготвена за повеќе

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Синдикалната кошница поскапа за 1.217 денари, дебакл на политиките на власта

Sase Ivanovski

Герасимовски: Со муралите и графити на фасадите, Центар наликува на урбаните метрополи од европските земји

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Ние не креираме популистички мерки туку реални за стимулација на земјоделците

Sase Ivanovski

Арбен Таравари реагира за случајот во Нерово: „Што е поправедно – казино со дозвола или училиште без дозвола?

Sase Ivanovski

СДСМ: Нов скандал со дипломи на повидок, дали Јанев е незаконски назначен на чело на БЈБ?

Sase Ivanovski

Митовски: Со изградба на монтажна катна гаража со нови 166 паркинг места, го решаваме проблемот со паркирање во Крива Паланка

Sase Ivanovski

Претрес во Битола, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Изменет сообраќаен режим на експресниот пат Штип – Кочани на 21 мај (среда)

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗА МАЛКУ ФЕРАРИТО НА ИЏЕ ЌЕ СЕ БАКНЕШЕ СО БАНКИНАТА

Sase Ivanovski

Лишено од слобода едно лице од Неготино поради сомнение за „криумчарење мигранти“

Sase Ivanovski

Лефков: СДС наместо да покаже емпатија, продолжува со правни калкулации и политичка одбрана на неодговорноста

Sase Ivanovski

Министерство за одбрана: Припадниците на Логистичката база (ЛБ), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ во Скопје, го одбележаа 20 Мај, денот на највисоката единица од доменот на логистиката во Армијата

Sase Ivanovski

Тиииит! Инк: ОТВОРЕН ПОВИК ЗА учество на летната школа за ФЕМИНИСТИЧКО ДРАМАТУРШКО РАЗМИСЛУВАЊЕ | ИФИ 4.0

Sase Ivanovski

Маја Стојковска, советничка СДСМ и коалицијата во Советот на Ѓорче Петров: Стојкоски и ВМРО ДПМНЕ во Ѓорче предвиделе 5,5 милиони евра од згради – 0 за градинка, училиште и гаража!

Sase Ivanovski

(ФОТО+ВИДЕО) Мицкоски: Инвестираме во сите општини, без разлика од која политичка партија е градоначалникот

Sase Ivanovski

Сиљановска – Давкова и Мисајловски на промоцијата на родовата самопроценка во одбраната која покажува напредок во родовата еднаквост

Sase Ivanovski

Тренчевска: Срамно и бедно е Лефков да тврди дека со закон за помош на семејствата во Кочани се рушел правниот поредок

Sase Ivanovski

Талески: Бараме транспарентност и одговори за заемот од 6 милијарди евра

Sase Ivanovski

Манaсиевски: Филипче продолжува да молчи за случајот за Модуларна болница, дали е заштитен?

Sase Ivanovski

По свечено отворање на Деновите на поезијата, поетската авантура продолжува особено во знакот на младите

Sase Ivanovski

Герасимовски: 15.000 денари за практиканство во Општина Центар, студенти пријавете се на повикот

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени што Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се бори против корупцијата и криминалот

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен крадец во радовишко, следува соодветна пријава

Sase Ivanovski

Фуркан го тужи Латас за клевета, на следното рочиште ќе се соочат во судница

Sase Ivanovski

Трипуновски до Николовски: Додека трошевте државни пари на шетање, ние исплативме 8 милијарди денари кон земјоделците

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова знаела кого ќе предложи за иден гувернер, но сè уште не го открива

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Со Стратешкото партнерство со ОК е утврдена рамката која може да ја користиме, средствата ќе се користат со пониска камата

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ТУРСКИ МАРШ НА „ПРВИОТ МУЗИЧКИ ПАТ ВО ТУРЦИЈА“

Sase Ivanovski

Град Скопјe продолжува со третата фаза на градежните работи на главниот цевковод на булеварот Александар Македонски

Sase Ivanovski
Вчитувам....