Скопјанец го нападнал и агресивно се однесувал кон градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, информираат од МВР.Полицијата постапувајќи по претходна пријава вчера извршила службен разговор со З. И. (47) од Скопје.„Според пријавата, околу 15.30 часот во просториите на општина Шуто Оризари З. И. агресивно се однесувал и го нападнал К. Д. (49) од Скопје, градоначалник на општината“,соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
СДСМ лани во ноември, до Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), поднесе кривична пријава против градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од КЗ.Според СДСМ, Дудуш, во својство на градоначалник на општина Шуто Оризари, во период од три години, со намера противправно да се стекне со имотна корист и да нанесе штета на буџетот на општина Шуто Оризари, спротивно на член 40 од Законот за јавни набавки, вршел плаќање кон различни правни субјекти без да спроведе јавна набавка.