11.8 C
Скопје
10/05/2025 22:03
МАКТЕЛ

     

Граѓанска „интерпелација“ за пратеници што ја штитат Владата

      

Демократијата не оди на одмор, порачуваат од граѓанското движење „Кој е следен?“. Собранието предизвика реакции со одлуката да не работи уште една недела по паузата од една недела поради деновите на жалост, со цел да нема седница за пратенички прашања. Пратениците викендов ќе соочат со граѓаните откако одлучија да ги прескокнат пратеничките прашања за да не ги вознемират премиерот Христијан Мицкоски и министрите со прашања за големата трагедија во Кочани во која загинаа 59 млади и околу 200 беа повредени во пожарот во дискотеката „Пулс“. Граѓанското движење „Кој е следен?“, в сабота, на 29 март, организира нов протест, кој ќе се одржи пред Собранието за да им кажат на пратениците дека „демократијата не оди на одмор“. Собранието предизвика лавина реакции во јавноста со одлуката да не работат уште една недела по неделата на жалост за да нема седница за пратенички прашања, а на пауза ги стави и комисиите и пленарните седници. Понесете си столче. Во најавата од „Кој е следен“ се повикува учесниците на протестот пред Собранието да си понесат и столче. – Кога тие ги пакуваат куферите, ние ја полниме улицата. Кога тие заминуваат на одмор, ние доаѓаме пред Собранието. Не затоа што немаме што да правиме. Туку затоа што имаме што да кажеме. Граѓаните ќе зборуваат. Ќе критикуваат. Ќе поддржуваат. Ќе го кажат тоа што предолго тлее – велат од „Кој е следен?“.

Собрание / Фото Слободен печат / Драган Митрески

Собирот пред Собранието, велат, е поради тоа што имаат барања што не може да чекаат и затоа што демократијата не оди на одмор. Според планот, граѓаните и „Кој е следен“ ќе ги презентираат своите барања. – Микрофонот е отворен за секој граѓанин што сака да го изнесе своето мислење околу барањата или да сподели генерален став за моменталната состојба. Ова е простор за гласот што не сакаат да го слушаат. Ова е твојот простор. Наш простор. Се гледаме пред Собрание. Настанот ќе трае додека има граѓани што сакаат да бидат слушнати. Ако имаш што да кажеш, подготви го дома и кажи го пред сите. Не чекај да те повикаат. Нека ова биде твојот повик! – порачаа од граѓанското движење. Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, објави дека неговата партија и ДУИ биле единствените што не изразиле подготвеност пратениците да одат на двонеделен одмор. Поради овој одмор, како што вели тој, нема да се одржи ниту институтот пратенички прашања, иако тој е задолжителен во последниот четврток од месецот и премиерот мора да присуствува во Собранието.

Апасиев Фото: Принтскрин
СДСМ и ДУИ бараат формирање анкетна комисија
– Но, бидејќи извесно е дека ќе се постават тешките прашања за трагедијата во Кочани, а на обата наши буржујски властелини Мицко Диско и Венко Модуларна тоа не им одговара, тие си решиле да суспендираат изречна уставна, законска и деловничка ius cogens норма со „споразум“!? Па така, лажејќи ја јавноста дека има некаков си „консензус“ (иако координаторот на Левица не се согласил плус координаторот на ДУИ не бил ни присутен), спикерот Гаши си пуштил соопштение до јавноста во која изнесува невистини дека „сите се сложиле“ да не работат!? Не е точно, се сложиле само ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Вреди и ЗНАМ. Јавноста изминатиот период изрази згрозување од ваквиот потег на Собранието како најодговорен конститутивен орган во ситуација кога има 59 жртви од пожарот во дискотеката во Кочани – напиша Апасиев.
Опозициските пратеници од СДСМ и од ДУИ, пак, преку формирање анкетна комисија во Собранието бараат политичка одговорност и утврдување на фактите за пожарот во дискотеката „Пулс“, додека Левица најави интерпелација за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Власта анкетната за Кочани  ја услови со анкетни комисии и за случаите „Ласкарци“, „Беса транс“ но и за изгорената модуларна болница во Тетово. Партијата на Али Ахмети, пак, во анкетната за Кочани инсистира на вклученост на ОБСЕ и на американската амбасада и претставници на ЕУ. – СДСМ ќе ги искористи сите институционални и демократски механизми, вклучително и во македонското Собрание, преку анкетна комисија во соодветен момент, за утврдување на фактите, но и политичката одговорност за трагедијата што се случи во Кочани – е еден од заклучоците од седницата на Централниот одбор на СДСМ.

СДСМ Фото: Партија

Од партијата на Филипче сметаат дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно и е насочена само кон поранешни функционери и службеници, додека воопшто не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата. – Селективноста не е правда, туку неправда и ја продлабочува недовербата на граѓаните во институциите и во правосудството. Имајќи ја предвид сериозноста на трагедијата и тешките последици со огромен број жртви и повредени, недозволиво е да се води истрага на селективен начин. СДСМ инсистира на неселективна, независна и темелна истрага, во која сите ќе одговараат според законите. На каква било селективност, штитење актуелни функционери, поединци блиски до власта, СДСМ ќе се спротивстави. Пред законот сите мора да бидат еднакви – велат од партијата. Европскиот фронт, предводен од ДУИ, достави до Собранието барање да се формира парламентарна комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани. – Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД, ЕУ и земјите членки на ЕУ во својство на набљудувачи, со цел да се обезбеди фер, независен и транспарентен истражен процес. Селективната правда го потресе секој граѓанин на земјава и создаде ситуација без преседан, која ги загрозува темелите на правната држава и довербата на граѓаните во институциите. Неодговорноста или политизацијата на правдата за теснопартиски цели не ги загрозува само основните права на граѓаните, туку и демократската стабилност и европската перспектива на земјата – изјави пратеничката од ДУИ, Арбана Пашоли.

Фото: ДУИ

Од партијата очекуваат Собранието да дејствува со максимална одговорност и сериозност за да обезбеди независно, веродостојно и инклузивно истражување.
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ бараат истраги за претходните несреќи, а од и Вреди анкетни комисии за тие несреќи. -Чудно е што СДСМ и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 отсто доверба. Исто така нелогично е што СДСМ и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и на ДУИ. Воедно како СДСМ и ДУИ  немаа желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса-транс и Дурмо-турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче. Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени – велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Од Вреди ја условија анкетната со формирање анкетни комисии за претходните несреќи во земјава. – Сметаме дека формирање на анкетна комисија е во ред, но не само за Кочани. Не можеме да се ограничиме само за трагедијата во Кочани. Во системот што не функционира, односно ако системот ни е расипан, ни треба анкетна комисија за сите несреќи во изминативе неколку години, од „Ласкарци“, „Модуларната болница“, „Беса-транс“… – вели координаторот на Вреди Халил Снопче.

   

   

Најново

📢Клиниката Жан Митрев – Скопје, вработува администратор 🖥🗒

Sase Ivanovski

Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Проширените, вaрикозни вени се повеќе од само естетски проблем

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија e специјална оперативна техника достапна и повеќекратно применета

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено – д-р Марја Анѓелеска – специјалист педијатар

Sase Ivanovski

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна гинеколошка хирургија

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Навреме превенирајте и лекувајте бидејќи остеопорозата е тивка болест

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

Sase Ivanovski

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цветановски: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

Момче пронајдено мртво на игралиште, убиецот е во бегство – сакал да ја убие екс девојката

Sase Ivanovski

Левица: Главниот проблем во Владата не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри

Sase Ivanovski

Се фатија за колата лепена со селотејп, а молчат оти направив нешто кое никој 40 години не го направил, вели директорот на Психијатриската болница Демир Хисар

Sase Ivanovski

Приведен стружанец, управувал мотоцикл под дејство на алкохол и излетал од патот

Sase Ivanovski

Филипче: Со Таравари имаме добра лична релација како колеги, договоривме средба

Sase Ivanovski

На 38 години почина Драган Лабовиќ, поранешен кошаркар на Карпош Соколи

Sase Ivanovski

Во Словачка протести поради патувањето на Фицо во Москва: „Премиерот го минува Денот на Европа со воен злосторник“

Sase Ivanovski

Спасовски за законот за Кочани: Мора да покажеме солидарност со родителите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Убиецот на турскиот студент во Штип, пиштолот го купил во Скопје, уште четворица осомничени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владините политики за подобрување на бизнис климата даваат резултати, се повеќе компании сакаат да инвестираат во Македонија, последна заинтересирана е мултинационалната Каво Отомотив

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мајките од Кочани со молк предупредија: Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС е истата матрица на лицемерие и потценување на народот, поднесувањето закон за Кочани е исто како Филипче да однесе за Модуларната во Тетово

Sase Ivanovski

ЦАРСКА ТРПЕЗА ЗА ГОСТИТЕ НА ПУТИН Од кнедли со есетра, па сѐ до карамелизирана патка – погледнете што се нуди во главното мени

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Потпишан “One stop” со Србија, генералка викенд низ министерствата, потенцијална нова инвестиција од 25 милиони евра и 500 работни места

Sase Ivanovski

КРВНИЧКА ТЕПАЧКА КАЈ КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЦИ Со метален капак од шахта го удирал противникот, додека не го совладале полицајци

Sase Ivanovski

ИЗГОРЕ БУТИКОТ „ТИВЕС“ ВО ЛЕПТОКАРИЈА Нема повредени

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕВРОПРАТЕНИЧКА ПОВИКА ДА СЕ ГЛАСА ЗА СТЕРЈОВСКИ НА ИЗБОРИТЕ ВО АЛБАНИЈА Гласот за него е глас за сите етнички заедници

Sase Ivanovski

ДАЛИ МУ ОДЅВОНУВА НА РУСКИОТ ГАС? Европската Унија планира целосна забрана на увоз на гас од Русија до 2027 година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОТРОВЕН ОБЛАК ОД ХЛОР ВО ШПАНИЈА Околу 160.000 луѓе заробени дома и на работните места

Sase Ivanovski

АПСУРДНА Е ЗАБРАНАТА ЗА ПРЕЛЕТ НА ВУЧИЌ И НА ФИЦО Песков ги обвини Полска и балтичките земји за русофобија

Sase Ivanovski

СЕ СТЕПАА СРПСКИ МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТИ Едниот крвав ползи пред хотел во Загреб

Sase Ivanovski

„ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ГЛАВНИОТ ПРЕДИЗВИК НА ЧОВЕШТВОТО“ Папата објасни зошто го одбрал името Лав XIV

Sase Ivanovski

ТОЛКУ ОД ПРИМИРЈЕТО МЕЃУ ИНДИЈА И ПАКИСТАН Одекнаа експлозии во Кашмир

Sase Ivanovski

Во Мавританија, возот за железна руда Нуадибу-Зуера е еден од најдолгите и најтешките возови во светот, со над 200 вагони и должина од 2,5 километри

Sase Ivanovski

ПУТИН ИМА УСЛОВ ЗА ПРИМИРЈЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ Мора да запрат испораките на оружје за Украина

Sase Ivanovski

„ПУТИН Е НА СТРАНАТА НА ВОЈНАТА“ Сите што мислите поинаку се лажете, порача Макрон

Sase Ivanovski

Жените ги споделуваат своите разочарувачки моменти…Тие сватија дека воопшто не ги познавале своите партнери и се згадени од нив…

Sase Ivanovski

ЌЕ СЕ ФОРМИРА ТРИБУНАЛ ЗА РУСКИТЕ ЗЛОСТОРСТВА ВО УКРАИНА Првите случаи ќе се отворат во 2026 година

Sase Ivanovski

Бразилскиот претседател Лула да Силва пристигна во посета на Кина

Sase Ivanovski

Ванг Ји: Посетата на Кси на Русија има историско значење

Sase Ivanovski

АМАН, ПАК ЛИ ТИ?

Sase Ivanovski

Доцнат најавените регистарски таблички за државните коли. Властите уверуваат – наскоро ќе ги има…

Sase Ivanovski

Путин на средба со Абас: Одржливо решение за палестинско-израелскиот конфликт е можно врз основа на принципот на две држави

Sase Ivanovski

Германија ќе престане да објавува детали за воената помош за Украина, рече Мерц во Киев

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: БЕСПЛАТЕН ИНТЕРАКТИВЕН ВЕБИНАР!

Sase Ivanovski

Путин сака да се сретне со Трамп – но дали американскиот претседател ќе биде домаќин на својот руски колега?

Sase Ivanovski

(ФОТО) ТВ 21 објави фотографии од приватниот престојот на семејството на Мицковски во Виена. Со нив е и баџото Дано

Sase Ivanovski

Kај Сити мол 19 годишно момче прегазил девојка -пешак која е хоспитализирана во „8 Септември “

Sase Ivanovski

Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е анти-национална и стана ‚‚тажната приказна” на Балканот

Sase Ivanovski

Петмина осомничени за убиството на странскиот државјанин донесени во штипскиот Основен суд

Sase Ivanovski

Јаневска: Нема упис на првачиња надвор од реон без оправдана причина

Sase Ivanovski

Откако ѝ беше одземен синот, мајката Спасеска нема добиено решение кога и како ќе го гледа

Sase Ivanovski

ВО ИНТЕРЕС НА ВИСТИНАТА, НО, И КАКО ДОЛГ КОН ИСТОРИЈАТА!

Sase Ivanovski

ТУЃИНАТА ПУСТА ДА ОСТАНЕ, ПУСТА ОСТАНА МАКЕДОНИЈА – Ангелов, Кајтази, Китанов-Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Стефан Андоновски во „Каде се парите“ отворено: „Министерството за економија беше најкорумпирано место во државата!“

Sase Ivanovski

Со вреќи во рацете, отпад собираа претседателката Гордана Силјановска Давкова, министерот за животна средина Изет Меџити, министерката за образование Весна Јаневска и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски

Sase Ivanovski

Ќе и плаќаме на грчка фирма 30.000 евра месечно уште 14 години за закуп на капацитет за гаш што не го користиме

Sase Ivanovski

Герасимовски: Центар стана дел од мапата на највозбудливите автомобилски дестинации во Европа

Sase Ivanovski

Научничката зад револуционерното откритие за лекување дијабет проф. д-р Светлана Мојсов добива почесна професорска титула од УАКС

Sase Ivanovski

Градоначалникот Ѓорѓиевски одржа уште еден приемен ден со граѓаните

Sase Ivanovski

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Sase Ivanovski

Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Владата ги укинува меѓународните јазични сертификати за да ги легализира фалсификуваните дипломи, обвинува Левица

Sase Ivanovski

Мајка на дете кое загина во пожарот во Кочани одговори на обвинувањата дека протестите се политички: Засрамете се, останавме без деца. Имате ли срце?

Sase Ivanovski

Трае штрајкот со глад во струшкиот затвор: „Ќе продолжиме се додека не ни се вратат договорите за работа“

Sase Ivanovski

Биткоинот повторно силен – достигна вредност над 103.000 долари

Sase Ivanovski

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Sase Ivanovski

Мелони: Неопходно е итно триесетдневно примирје во Украина

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД

Sase Ivanovski

Ахмети предупредува: Одмаздата кон Албанците може да предизвика невиден бунт

Sase Ivanovski

Политико: Трамп учествувал на само 12 разузнавачки брифинзи од почетокот на мандатот

Sase Ivanovski

24-годишна девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Валандово-Струмица

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ ПРИЛЕП: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВО КИНА ИМА МЕСТО СО 7000 СКАЛИ КОИ СЕ КАЧУВААТ 5 ЧАСА

Sase Ivanovski

Жена пријавена за исчезната е пронајдена мртва во езерото Калиманци

Sase Ivanovski

Трамп објави дека Индија и Пакистан прогласиле мир

Sase Ivanovski

Пред споменикот на Горан Стојменовиќ се одбележа 10 години од „Диво Насеље“

Sase Ivanovski
Вчитувам....