МАКТЕЛ

    

Гренланд и Данска – скандали ги оптоваруваат односите

      

До 1970-тите, Данска ги принудувала гренландските жени да користат контрацепција. Ова до денес има последици за засегнатите и за гренландско-данскиот однос, кој е доведен во прашање повеќе од кога било. Пред речиси три години, мрачното поглавје во гренландско-данската историја излезе на виделина преку поткаст на данското радио: таканаречениот скандал со контрацептивна спирала. Се покажа дека илјадници жени во Гренланд, често малолетни, биле принудени да користат спирала за да спречат бременост во 1960-тите и 1970-тите – по налог на Данска. Гренланд, кој е претежно населен со домородните Инуити, од 1953 година повеќе официјално не е данска колонија. Но, не стана ни независен, туку данска провинција. Гренланд доби свој парламент и влада дури во 1979 година. И иако оттогаш има одреден степен на автономија и доби право на самоуправа во 2009 година, Гренланд останува дел од Данска до ден-денес.

„Никогаш не сме имале ништо со момчиња“

Со присилна контрацепција, целта на Данска во тоа време била да го намали забележливиот висок процент на деца родени вонбрачно во Гренланд и во целина да го ограничи растот на населението. Во интервју за ДВ, Хенриет Бертелсен се сеќава како нејзините соученички и таа биле испратени кај лекар без знаење на нивните родители.

„Неколку девојки плачеа уште во чекалната. Сè уште бевме толку млади и никогаш претходно немавме ништо со момчиња. Спиралите што ни беа ставени беа големи и всушност беа наменети за возрасни жени. Се сеќавам на страшните болки“.

   

Бертелсен и другите жртви минатата година ја тужеа данската држава, барајќи компензација и официјално извинување. За многу жени, принудната контрацепција резултирала со здравствени проблеми и траума. „Не добиваме никаква психолошка поддршка од државата, ако користиме помош, дел од неа треба сами да платиме“, се жали Бертелсен.

Скандал со контрацептивните спирали што се случил пред многу децении сè уште е без разрешница – и тој претставува дополнителен товар во и онака тензичните односи меѓу Гренланд и Данска.
Друг скандал што стана познат на крајот на 1990-тите е експериментот со 22 гренландски деца од 1951 година. Шест – до осумгодишници од семејства со проблематични односи биле донесени во згрижувачки семејства во Данска за таму да го научат данскиот јазик и култура, а подоцна во Гренланд да промовираат „модернизација“.

Социјалниот експеримент не успеал. Децата подоцна не се вратиле кај своите родители, туку завршиле во сиропиталишта во Гренланд, шест останале во Данска и таму биле посвоени. Многумина развиле ментални нарушувања, а половина умреле на млада возраст.

„Арогантен однос кон гренландската култура“

И таканаречените „експериментални деца“ и скандалот со спиралите го илустрираат контроверзниот третман на Данска кон  народот на Гренланд  и, според Ебе Волквардсен, културен историчар од Универзитетот во Гренланд, се вклопуваат во сликата на данската политика во тоа време, „која имаше за цел Инуитите да се асимилираат што е можно повеќе во данскиот начин на живот“. Фактот дека Гренланд и Данска припаѓаат заедно историски и културно и дека сакаат да ги подобрат условите за живот на Гренланѓаните беа централните аргументи на Копенхаген да го оправда вклучувањето на Гренланд во Кралството Данска пред Обединетите нации.

„Од данска страна, луѓето всушност долго време ги потенцираа своите најдобри намери, дека мораат да им помогнат на Гренланѓаните. Овој арогантен однос кон грендландската култура се провлекува низ историјата“, објаснува Волквардсен.

До денес, однесувањето на Данска и силната економска зависност од малата европска земја многу Гренланѓани ги доживуваат како продолжение на колонијалните структури и не малку од околу 57.000 Гренланѓани бараат вистинска државна независност.

Аспирациите на САД како можност?

Засек што  Доналд Трамп  се обидува да го продлабочи. Новиот претседател на САД веќе со месеци  има претензии кон најголемиот остров во светот,  кој е богат со суровини и има геополитички важна локација на Арктикот. Наводно, тоа е во интерес на безбедноста на САД и на целиот свет. Тој првпат предложи купување на островот од Данска во 2019 година, за време на неговото прво претседателство.

Значи, подобро дел  од САД  отколку дел од Данска? Не баш. На уверувањето на Трамп дека Гренланд може доброволно да се приклучи на САД стигна противречење од гренландскиот премиер Муте Б. Егеде. Тие се подготвени да ја продлабочат соработката, но: „Не сакаме да бидеме Данци.  Не сакаме да бидеме ниту Американци.  Ние сакаме да бидеме Гренланѓани“.

Како и да е, според експертот за Гренланд, Волквардсен, аспирациите на САД одат во корист на Гренланд, бидејќи Данска е сè повеќе принудена да размисли како се однесува со приближно 57.000 Гренландци. Не е случај дека Данска дури сега почнува да ги преиспитува своите постколонијални односи со Гренланд. Дискусиите за ова се засилени во последниве години, а важна улога во тоа одигра и соочувањето со настаните како што се експериментот со деца и скандалот со спирали.

Ебе Волквардсен сепак верува дека „амбивалентната и прилично загрижувачка ситуација“ во која неодамна се најдоа Гренланѓаните, а која дури и  ја натера Данска да го зголеми своето воено присуство  во регионот, „исто така може да отвори прозорец во кој Гренланд конечно „може да ги спроведе долго бараните промени“.

Извор: Дојче веле/ Автор: Инес Ајзеле

  

Најново

Угина и јагуарката Инес во Зоолошката градина

Sase Ivanovski

Папата Франциск неочекувано се појави на плоштадот Свети Петар и ги поздрави верниците на Цветници

Sase Ivanovski

Кичево се гуши во смрдеа – граѓаните на протест против дивата депонија што им „никна“ среде град

Sase Ivanovski

„О2“ бара одземање на дозволата на Тораница за хаваријата со цијанид во Крива Река

Sase Ivanovski

Казнети 247 возачи денеска во Скопје, еден лишен од слобода поради безобѕирно возење

Sase Ivanovski

Таравари: Политиката не треба да биде средство за личен комодитет, туку служба за народот

Sase Ivanovski

Шолц го осуди „варварскиот“ руски напад врз центарот на украинскиот град Суми

Sase Ivanovski

Следната фаза на Вучиќ – масовни апсења

Sase Ivanovski

И Вреди се приклучи кон притисоците врз Обвинителството – го обвини ДУИ дека наводно го „инсталирале“ државниот обвинител Љупчо Коцевски

Sase Ivanovski

Тековниот министер за економија не е осомничен за пожарот во „Пулс“, зашто газдата Дејан Јованов-Деко во негово време не барал лиценца

Sase Ivanovski

Алијанса за Албанците мисли дека истрагата за пожарот во Кочани е „кампања против Албанците“ за тие да „се фатат за уши“

Sase Ivanovski

Јакимовски ќе ги „вразуми“ градежниците со нов строг правилник за градење

Sase Ivanovski

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

Sase Ivanovski

Касами: ВРЕДИ тежи исто и без Таравари, но оптимист сум дека има шанси да продолжиме обединети

Sase Ivanovski

Бугарија го претстави првиот борбен авион „Ф-16 блок 70“

Sase Ivanovski

Затворен угостителски објект во Свети Николе – бил дивоградба, немал хидранти и ПП апарати

Sase Ivanovski

Малолетник играјќи фудбал удрил жена со топка, таа го нападнала со метална шипка

Sase Ivanovski

Уапсен 22-годишник од Штип кој возел со 1,53 промили алкохол во крвта

Sase Ivanovski

Полицијата синоќа во контроли на угостителски објекти во Битола затекнала 20 малолетници

Sase Ivanovski

Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Sase Ivanovski

Коцевски: Осомничените од Дирекцијата за заштита и спасување воопшто не извршиле инспекциска контрола

Sase Ivanovski

Граѓаните ги боли глава од сметките за струја, цел месец граѓаните се жалат на високи сметки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Обвинителството бара четири притвори и три домашни притвори: Нови детали од истрагата за Кочани

Sase Ivanovski

ИНТЕРЕС ЗА БАТЕРИИ-СЕ БАРА СПАС ЗА СТРУЈАТА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ФОТОВОЛТАИЦИ

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: заедничко делување против секој обид за шверц на Блаце – Елез Хан

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Ќерка-директор, татко-веледрогерист, оставката на Филипче е долг кон народот кој долго ја плаќа цената на неговите одлуки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи, за сега Заев да гради згради во Дубаи

Sase Ivanovski

ФЕИТ ги отвори вратите за идните студенти

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Раст на платите во здравството, образованието, безбедноста, повисоки пензии, стабилизирање на економијата со цел повисок животен стандард за граѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Солидарноста не е кампања, туку начин на живеење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски зборува за хуманост, додека Центар тоне во хаос и запуштеност

Sase Ivanovski

ЦУК: Изгасени седум пожари на отворено низ државата, регистрирани речиси 2.000 повици кон бројот за итни случаи

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Таџикистан

Sase Ivanovski

Жртвите каснати од куче доживуваат траума, преку едукација до намалување на ризикот од напади

Sase Ivanovski

Норвешка ќе додели речиси милијарда долари за украинска бригада

Sase Ivanovski

Еквадор прогласи вонредна состојба пред вториот круг од претседателските избори

Sase Ivanovski

САД ја гаснат арапската ТВ „Алхура“, отпуштен поголемиот дел од персоналот

Sase Ivanovski

Тимот на Трамп одржа „конструктивни“ директни разговори за нуклеарната програма со Иран, ќе се сретнат повторно следниот викенд

Sase Ivanovski

Во Атина судири меѓу полицијата и граѓаните, уапсени 72 лица

Sase Ivanovski

Полицијата го барала дома за Кочани – Македонскиот амбасадор во Осло им порача „Се враќам дома со првиот авион“

Sase Ivanovski

(Видео) Македонка се пофали дека дошле од Скопје да го поддржат, па избега од новинарот кога ја праша „што да поддржите?“

Sase Ivanovski

Во Основното обвинителство во Кочани донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс

Sase Ivanovski

Неколку средби на министерот Муцунски на Дипломатскиот форум во Анталија

Sase Ivanovski

Норвешка ќе издвои речиси една милијарда долари помош за Украина

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Вардар Неготино ја совлада фаворизираната Брегалница, двоецот Тодорчев-Стојановски обезбеди опстанок за неготинчани

Sase Ivanovski

Вонредни контроли на АХВ пред Велигден – уништени 1.230 килограми небезбедни производи

Sase Ivanovski

Во трговската војна со САД, Кина држи многу повеќе карти отколку што мисли Трамп – всушност, таа може да има победничка рака

Sase Ivanovski

На маргините на Анталија Дипломатскиот форум, Муцунски оствари билатерални средби со генералниот секретар на ОБСЕ, Феридун Х. Синирлиоглу, со претставник во БиХ, Кристијан Шмит, со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Република Молдавија, Михаил Попшоју, со министерката за надворешни работи на Грузија, Мака Бочоришвили, и со Европратеникот, Илхан Кјучук

Sase Ivanovski

ВЕЧЕРНОТО ШОУ НА БОГДАН ИЛИЕВСКИ – ГОСТИН ПЕТАР БОГОЈЕСКИ

Sase Ivanovski

Тема на денот со Александар Чомовски, новинар

Sase Ivanovski

Јакимовски: Сите згради изградени од 1945-та до 1970-та треба да се проверат или срушат, ако има силен земјотрес сите ќе паднат

Sase Ivanovski

Повреден програмер од Кочани со двете изгорени раце веќе се вратил на работа и почнал пак да програмира

Sase Ivanovski

Делови од Чаир без вода, ќе биде прекината и мрежата на Гинеколошката болница

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Протест пред Општина Кичево: „Да се дислоцира отпадот од градот, нѐ гуши“

Sase Ivanovski

Преживеан од пожарот во Кочани: 22 дена докторите и сестрите во 8ми Септември се грижеа за нас како да сме нивни деца

Sase Ivanovski

И Аднан Џаферовски меѓу осомничените за пожарот во дискотеката “Пулс”

Sase Ivanovski

Шпанскиот шеф за борба против наркотици е уапсен поради шверц на дрога

Sase Ivanovski

Американските купувачи парализирани од царините на Трамп: „Не можам да следам“

Sase Ivanovski

Заврши собирот „Не ја даваме Србија“ – Вучиќ упати пет барања

Sase Ivanovski

Без струја дел од улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода

Sase Ivanovski

Лавров: Трамп е единствениот од Западот кој вели дека пристапот на Украина кон НАТО е погрешен

Sase Ivanovski

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево со мала до умерена облачност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Роналдо херој за Ал Наср: Погоди и со спектакуларен волеј

Sase Ivanovski

Вучиќ: Завршено е со Шарената револуција, нема ништо од тоа

Sase Ivanovski

Во OJO Кочани вечерва донесени осомничени од проширената истрага за пожарот во „Пулс“

Sase Ivanovski

Фридрих Мерц се надева на трансатлантски договор без царини

Sase Ivanovski

Нацрт планот на Трамп за Украина на хартија изводлив но дали и на терен?

Sase Ivanovski

Вучиќ: Нема да има преодна влада, ќе има чесна српска влада избрана од народот

Sase Ivanovski

ФТ: Пркос на кинеските извозници – Америка е само „хартиен тигар“

Sase Ivanovski

Комплексот „Македонско село“ доби нов концесионер кој ќе стопанисува со објектот наредните 15 години

Sase Ivanovski

ИНРМ: Граѓаните сами да се бранат од паушални сметки, ЕВН нема капацитет за фер наплата според реална потрошувачка

Sase Ivanovski

Викендов посебен режим на сообраќај во Скопје

Sase Ivanovski

Путин и Виткоф разговараа за условите за постигнување мир во Украина

Sase Ivanovski

Љутков од Гевгелија: Градот на културата за 2025 година, широко ги отвори портите за нови културно – туристички доживувања

Sase Ivanovski

Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица

Sase Ivanovski

ЗНМ: Недозволив обид за дискредитација на новинарка од страна на јавни функционери

Sase Ivanovski

Група студенти во Нови Пазар се обидоа да ги блокираат автобусите кои одат на собир во Белград

Sase Ivanovski

Уште двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани се пуштени дома

Sase Ivanovski

Мојсова-Чепишевска: АБЕЦЕДАРОТ објавен во Грција е прв буквар и прва објавена книга за деца на македонски народен јазик

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ бега од одговорност за криминалот, криејќи се зад етничкиот чадор

Sase Ivanovski
Вчитувам....