МАКТЕЛ

     

ГРУЕВСКИ ОТКРИ АНЕГДОТА: ДЕНТА КОГА ПОДНЕСОВ ОСТАВКА ВО ВМРО ДПМНЕ, МИЦКОВСКИ СЕ РАСПЛАКА

      

Влијание на пратеници да гласаат некако за било која точка од моја страна ниту имало, ниту во последната една година сум разговарал воопшто со некој пратеник, ниту сум планирал такво нешто, ниту мислам дека треба да го менуваат ставот на партијата по однос на точката околу промената на Уставот, напиша експремиерот Никола Груевски на Фејсбук.Тој додаде дека е на располагање преку видео-врска да се вклучи во живо на вечерашната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, доколку, како што вели, и вечерва се зборува за него.

„Треба да знаат исто така дека клучното прашање со Бугарија кое доправа доаѓа е историјата и нивното тврдење дека до 1944 година Македонците биле етнички Бугари, говореле дијалект на бугарскиот јазик, наспроти тоа дека историјата до тогаш ни е дел од бугарската историја и дека потоа со сила сме биле ‘ребрендирани’ во Македонци. Тоа е голема историска лага, и бев многу загрижен што не само луѓето од власта туку и луѓе кои беа од ова раководство на ВМРО-ДПМНЕ минатата година даваа изјави дека Бугарите морале да прифатат дека ние сме Македонци, а јазикот ни е македонски. Општо познато е дека Бугарите, барем според изјавите на нивните политичари, и порано и денес велат дека немаат проблем ние ако сакаме да се нарекуваме и марсовци, и јазикот македонски, ако прифатиме дека до 2 август 1944 сме биле Бугари“, напиша Груевски.

   

ВМРО-ДПМНЕ не треба да бега од оваа тема и треба аргументирано да се спротистави, додава тој.
„Разбрав дека ‘крунскиот доказ’ на Мицкоски против мене бил некој наводен стенограм од средба на власта кај Пендаровски, каде си правеле ‘крчма без крчмар’. Не знам дали копијата од тој документ е реална, односно дека не е фалсификувана и подметната, но дури и да не е, некој треба да му каже на Мицкоски дека ако јас сакав да се пазарам, имав неколку прилики уште додека бев во Скопје, но ги одбив. Таа дискусија можно е да е мотивирана од фактот што раководството на ВМРО-ДПМНЕ, а пред сѐ Мицкоски во многу наврати јавно говори дека ако станел премиер ќе ме апсел, а дека тоа навистина го посакува е фактот не само што нема никаков контакт со мене веќе пет години, туку сѐ најлошо говори на сите за мене, лаже, подметнува, раскажува невистини со голема омраза кон мене, им зборува на луѓе дека тој ќе ме донел во Идризово, изразува нетрпение и видлива фрустрација што воопшто постојам и што сум жив.

Очигледно тој би бил најсреќен да ме удри некој трамвај во Будимпешта. Не се јавував јас вчера и денес кај угледни партиски луѓе туку тој со ултиматумот: или ќе ме по држиш, или си со Груевски. И на сето тоа молчам со години. А на тој човек не верувам дека некој поголеми добрини во животот му направил, освен родителите. Барем така ми велеше додека бев таму на неговата позиција, и кога му соопштив дека ќе давам оставка во партијата, а тој ми одглуми некакво бришење солзи со очилата во едната рака“, напиша Груевски.

Нормално во една таква ситуација, на прикажување на таква одвратност и негативност кон мене, секој паметен политичар од другата страна да размислува да ги искористи комплексите, нечовечноста и егото на актуелниот лидер и да си прави своја крчма, без крчмар, додаде експремиерот.

„Се обраќам на некои членови од раководството на чело со претседателот на партијата. Многу сте забрефтани и арогантни. Ве има обземено и злоба. Ја чувствувам кон мене. Што останало кон некои други. Уште не дојдени на власт покажувате голема сила, а квалитетна понуда нема. СДСМ беа зрели за паѓање на изборите 2020 година. Со ароганцијата, потценувањето на сите, самобендисаноста, непримисленоста и злобата што ги обземала дел од вас во потесното раководство, а најмногу првиот човек, им подаровте уште 4 години и наскоро ќе станете раководна гарнитура на партијата со најдолг стаж во опозиција. Ако продолжите да се занимавате со лов на вештерки, може да би се случи иннакдолгиот стаж во опозиција на СДС да го надминете. Политиката не е само да се ветува без пресметка и анализа, и се обратно од што прави власта, само да се закануваш и само да омаловажуваш.

Ви лежат луѓе невини по затвори, ги влечат по судови, со прст не мрднување да им помогнете, вие ликувате и горди сте што никому ништо не помагате. Се ситите на макста на луѓе со кои до пред некоја година бевте заедно и ом се умилкувавте. Срамота е тоа! Бедно е! Ви поминуваат штетни за државата одлуки секој ден. Дремете. Само овие 2-3 дена додека со мене се занимавате куп штетни одлуки поминаа на различни нивоа на власта. Ве нема никаде освен по панаѓури и пиволенти. Оставете ме мене. Ако не сакате да ми помогнете, барем не ми одмагајте. Порано или подоцна ќе се реши и мојот проблем. Правдата мора да победи на еден или друг начин. Како да не гледате дека партијата има поголем рејтинг од СДСМ од што народот веќе не може да ја гледа оваа неспособна, корумпирана и предавничка власт. Вака како што сте тргнале, може лесно да се удрите во ѕид“, напиша Груевски.

Одлуката со мене да се пресметувате и некој таму да лечи комплекси, не ви е паметна, посочи тој.
„Не нападнав јас никого. Седма година по ред дисциплинирано премолчувам многу ваши глупости, погрешни одлуки и неконзистентности. Сега ме нападнавте и ме приморавте да ви вратам. Нема да ви молчам, а вие да ме газите. Патем, еве за една работа да се заблагодарам на Мицковски што денес потенцираше дека сега се докажало дека тој ја води партијата, а не јас. ‘Аман! Фала Богу!’ Инаку многу непромислени одлуки низ годините неможев на многумина што веруваа во таа распространета невистина да ги објаснам. Мислеа дека нешто чудно се случува со мене.

Ме прашуваа што ми е! Кога некој се обвинува, има право и да се чуе неговото мислење. Доколку на седницата на ЦК вечерва се зборува за мене и ако сакате тоа демократско правило да го испочитувате, ви стојам на располагање преку видео врска да се вклучам во живо. Имам многу што да ви кажам, и за ова што сум нападнат, а ако сакате и за повеќе други работи за кои сѐ уште се воздржувам јавно, иако сум најбрутално нападнат од актуелниот претседател на партијата. И во една ваква ситуација се контролирам, за да не направам штета на партијата. Знам дека технички можности во штабот има. Барем таков го оставив. На крај ќе завршам со онаа народна поговорка: Чувај ме Боже од пријателите. Од непријателите можам и сам!”, порача Груевски.

   

Најново

Независниот синдикат на полицијата утре излегува на протест, основната плата не може да биде пониска од минималната плата

Sase Ivanovski

Турција е подготвена да биде домаќин на разговорите меѓу Русија и Украина за прекин на огнот

Sase Ivanovski

Релативно слаба излезност на изборите во Албанија, до 11 часот гласале 17,3 отсто од гласачите.

Sase Ivanovski

Упатените закани кон оние кои дојдоа на парадата на 9 мај, Москва ги нарече манифестација на тероризам

Sase Ivanovski

Во Скопје синоќа 92 сообраќајни прекршоци, 50 санкционирани возачи на мотоцикл

Sase Ivanovski

Конститутивната седница на собранието во Приштина е прекината по четиринаесетти пат

Sase Ivanovski

Уапсен маж од кичевско, со секира ги нападнал родителите, таткото починал

Sase Ivanovski

Пациентка го пријавила докторот Иса Муча од Токсикологија за сексуално вознемирување, тој тврди – има камери, има сведоци, пациентката лаже!

Sase Ivanovski

Кривична пријава против турски државјанин за обид за убиство во Скопје, одреден му е притвор

Sase Ivanovski

Зеленски се согласува да преговата и е подготвен да се сретне со Путин очи во очи!

Sase Ivanovski

Додик: Ќе го поканам Путин во Бања Лука кога меѓународната ситуација ќе дозволи

Sase Ivanovski

Божиновска: Граѓаните се наш приоритет – нема да дозволиме ценовни шокови

Sase Ivanovski

Низ сите општини низ Македонија од 9 мај па до денес (11 мај) се одвива масовната еколошка акција „Генералка викенд“

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВАШЕ НА КЛУПАТА НА ВАРДАР НЕГОТИНО: Кондицискиот тренер ја превзема палката и донесе убедлива победа во Богданци…

Sase Ivanovski

Четврта рунда преговори меѓу Иран и САД за иранската нуклеарна програма

Sase Ivanovski

Настан „Гуш и бац е љубов“ за зголемување на свесноста за лицата со атипичен развој

Sase Ivanovski

Како влијае врз нас илузијата за совршенство на социјалните мрежи?

Sase Ivanovski

Бримора за МИА: Работиме на приближување на ставовите на Скопје и Софија, спроведете реформи, вратите за ЕУ се отворени

Sase Ivanovski

Макрон за предлогот на Путин: На ​​безусловен прекин на огнот не му претходат преговори

Sase Ivanovski

Во Женева продолжуваат преговорите меѓу американската и кинеската делегација за царината

Sase Ivanovski

Студентите во Србија бараат распишување избори до средината на мај, во спротивно се закануваат со радикализација

Sase Ivanovski

Во Киев е на сила предупредување за напади со руски беспилотни летала

Sase Ivanovski

Денко Малески: Македонија и ЕУ имаат ист проблем со свирепата меѓународна политика

Sase Ivanovski

Мерсел Биљали: Црква во служба на ѓаволот?!

Sase Ivanovski

Трамп за повикот на Путин за разговори: Потенцијално голем ден за Русија и Украина

Sase Ivanovski

Во Албанија почна гласањето за парламентарните избори

Sase Ivanovski

Путин е подготвен за преговори со Украина, предложи кога и каде да се одржат!

Sase Ivanovski

Денеска ќе се одржи 9. издание Скопје Трча 10КМ“, пријавени 1700 натпреварувачи

Sase Ivanovski

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на улична трка

Sase Ivanovski

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Сметајте на нас, пријателе, му порача Макрон на Зеленски

Sase Ivanovski

Едно движење на телото открива психопат! Можеби е пред вас без да знаете

Sase Ivanovski

Тие те сакаат vs Тие сакаат да ги почувствуваш (Бруталната разлика)

Sase Ivanovski

Мажите имаат 15 пати поголеми шанси да доживеат оргазам за време на секс

Sase Ivanovski

Коби Брајант: АКО САКАШ ДА БИДЕШ ОДЛИЧЕН ИГРАЧ, ИГРАЈ СЕКОЈ ДЕН

Sase Ivanovski

Николоски може да праша во ВМРО-ДПМНЕ од каде е информацијата за 5-6 милијарди евра од странство

Sase Ivanovski

Лидерите на Велика Британија, Франција, Полска и Германија пристигнаа во Кијив, за поддршка на Украина

Sase Ivanovski

Нуркачи го чистат Охридското езеро од пластика, метал, мрежи и друг отпад

Sase Ivanovski

„Кликни безбедно“, прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци

Sase Ivanovski

Индија и Пакистан прогласија примирје

Sase Ivanovski

Започнаа Мајските оперски вечери во Националната опера и балет

Sase Ivanovski

ДЕМАНТ: ЈП Комунална хигиена Скопје ги демантира наводите на властите на општина Чаир кои во обид да ја покријат сопствената неспособност обвинуваат дека подигнувањето на комуналниот отпад во оваа општина се одвива нередовно

Sase Ivanovski

СДСМ: Димитриевски треба да одговори за големиот скандал, а враќањето членови од ЗНАМ во СДСМ веќе започна

Sase Ivanovski

,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД” ВО КАРПОШ

Sase Ivanovski

Лишен од слобода крадец во Куманово

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерноста на СДС ги поминува сите граници

Sase Ivanovski

Дрвошанов: (Скандал) Фото – СДС одржува партиски состанок во училиште во Струмица, училницата претворена во штаб

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години

Sase Ivanovski

Отворањето на 53‑тите Мајски оперски вечери, кое се одржа на 9 мај 2025 година во Националната опера и балет, уште еднаш потврди дека овој фестивал останува најзначајната музичко‑сценска манифестација во Македонија

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков: Да го реализираме сонот за европска Македонија!

Sase Ivanovski

Димитриеска-Кочоска: Законски иницијативи за унапредување и зајакнување на регулаторната рамка и зголемување на довербата на граѓаните во финансискиот систем

Sase Ivanovski

Стојкова Серафимовска: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието предлага значајни иницијативи, во насока на зачувување на македонската посебност, идентитет и култура

Sase Ivanovski

Приведен возач во Гостивар затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведени тројца возачи од кумановско поради управување возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Вевчани и Струга силно го поддржаа движењето ЗНАМ – Димитриевски со моќна порака до СДСМ: „Каде ги повикувате да се вратат социјалдемократите – во становите на Венко, во Дубаи или во празната зграда на Бихачка?“.

Sase Ivanovski

Потпреседателот на Движењето ЗНАМ-ЗА НАША МАКЕДОНИЈА Генерал Павле Арсоски, на средба со сопартијците, членовите, симпатизерите и граѓаните од општина Демир Хисар истакна: „На локалните избори носиме енергија и одговорност!“

Sase Ivanovski

Потребна е солидарност – очекуваме ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Законот за настраданите во Кочани

Sase Ivanovski

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија, парламентарното мнозинство е стабилно

Sase Ivanovski

Општина Гостивар дел од акцијата „Генерална викенд акција – Лимани: Чист град е обврска и неопходна услуга за нашето здравје“

Sase Ivanovski

Лишен од слобода битолчанецот кој со нож се закануваше на маж на “Широк сокак”

Sase Ivanovski

Филипче: Владата катастрофално ја менаџира економијата, стандардот срозен, цените вртоглаво растат

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС лаже – Филипче се фаќа во сопствените лаги

Sase Ivanovski

Филипче: Верувам дека власта ќе го прифати законот за Кочани, ќе разговарам со пратениците

Sase Ivanovski

Д-р Никола Христов, кардиоваскуларен хирург во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

📢Клиниката Жан Митрев – Скопје, вработува администратор 🖥🗒

Sase Ivanovski

Технологијата која ја користи Жан Митрев Клиника овозможува прецизно следење на состојбата на кожата, со цел благовремено откривање на потенцијални ризици

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) М-р Татјана Павлова – нутриционист во Клиника Жан Митрев зборува за културата на исхрана, здравите, но и лошите навики

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Клиника Жан Митрев: TAVI/TAVR претставува процедура која помага да се замени оштетената аортна валвула на срцето преку катетер

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Проширените, вaрикозни вени се повеќе од само естетски проблем

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Иновативната метода за хирургија без рез, позната како иглеста фасциотомија e специјална оперативна техника достапна и повеќекратно применета

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено – д-р Марја Анѓелеска – специјалист педијатар

Sase Ivanovski

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Минимално инвазивна гинеколошка хирургија

Sase Ivanovski

Клиника Жан Митрев: Навреме превенирајте и лекувајте бидејќи остеопорозата е тивка болест

Sase Ivanovski

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје

Sase Ivanovski

Андоновски: Во текот на летото ќе се знае кој ќе биде кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Цветановски: Наместо Младински центар, во центарот на Прилеп сведоци сме на сцени од хорор филмови

Sase Ivanovski

Момче пронајдено мртво на игралиште, убиецот е во бегство – сакал да ја убие екс девојката

Sase Ivanovski

Левица: Главниот проблем во Владата не е недостигот на кадри, туку недостигот на писмени кадри

Sase Ivanovski
Вчитувам....