Во второто полувреме Германија во ниту еден момент не успеа да се доближи и да ја загрози победата на Данска, па така отворено беше само прашањето со каков резултат ќе заврши средбата.
Денешното финале беше и последен натпревар во кариерата за легендарниот Микел Хансен кој заминува во пензија. Најефикасен на средбата беше Матијас Гидсел со 11 гола, додека Јури Кнор запиша шест погодоци.