12.8 C
Скопје
29/05/2025 06:12
МАКТЕЛ

     

Дезинформации на Кремљ за Втората светска војна по повод Денот на победата 9 Мај

      

Денот на победата 9 Мај, кој во Русија и по завршувањето на Студената војна и блоковската поделба во Европа се користи како можност за прикажување на нејзината воена моќ, годинава се одбележува по јубилеен 80-ти пат. Главните историски настани од Втората светска војна на кои се осврнува пропагандата на Кремљ денеска  се „материјал“ со кој се обидува да манипулира во своја корист и за свои цели. Проруските дезинформации последниве три години ја користеа Втората светска војна и како оправдување на руската воена инвазија врз Украина и нејзина „денацификација“, повлекувајќи паралели со историските настани од периодот пред и за време на Втората светска војна. СССР не ја ослободи Полска во 1939 година, туку ја подели со нацистичка Германија Меѓу најчестите дезинформации е онаа дека Советскиот Сојуз не ја нападна Полска во 1939 година, туку ја ослободи земјата. 

Историските факти говорат дека на 17 септември 1939 година, Советскиот Сојуз ја нападна источна Полска според тајниот протокол на пактот Молотов-Рибентроп склучен на 23 август 1939 година, со што нацистичка Германија на Адолф Хитлер и СССР на Јосиф Сталин ја поделија Полска. Затоа овој чин е меѓународно признат како инвазија, а не како ослободување. Последователно, СССР на окупираниот дел од Полска на 5 март 1940 година го спроведе масакрот во Катинската шума, во кој биле погубени над 20.000 полски граѓани (според полски извори). Најголемиот дел од нив биле полски офицери кои биле заробени по советската инвазија на земјата. Во периодот додека Полска беше дел од Варшавскиот договор (до 1990 година) масакрот во Катинската шума со децении беше криен и минимизиран од страна на советската власт, која „признава“ одвај 1.803 жртви. Пропагандата на Кремљ често ја пласира дезинформацијата со тврдењата дека Западот се обидува да ја преработи историјата за да ја намали победата на Советскиот Сојуз во Втората светска војна. 

   

Признавањето на злосторствата извршени во советската ера, како масакрот во Катин и анексиите на територии, не го намалува придонесот на Црвената армија во поразот на нацистичка Германија. Напротив, тоа едноставно дава поцелосна слика за историјата заснована на факти, признавајќи дека СССР бил ослободител, но и угнетувач и агресор во различни контексти. Дезинформација од тој арсенал е и тврдењето дека Пактот Молотов-Рибентроп бил неопходна одбранбена мерка која Советскиот Сојуз морал да ја спроведе за превентивно да се одбрани од нацистичка Германија. Сепак, тој Пакт не беше самоодбранбен, туку вклучуваше таен протокол со кој се делеше Источна Европа на нацистички и советски сфери на влијание. Заедно со значителната трговија и соработка меѓу СССР и Германија, Пактот овозможи разгорување на Втората светска војна со тоа што му даде на Хитлер линија за снабдување од СССР и слободен простор да ја нападне Западна Европа, додека Сталин обезбеди територијални придобивки во Источна Европа. Фокусирањето на проруските дезинформации врз Пактот го изоставува фактот дека тој договор меѓу Хитлер и Сталин овозможил и кредит меѓу Германија и СССР, трговски договор, воена технологија и културна размена. Пактот дури и предвидуваше СССР да испраќа Евреи во нацистичка Германија. 

Советскиот Сојуз не е единствениот борец против нацизмот Една од дезинформациите лажно посочува дека Советскиот Сојуз сам ја спасил Европа од нацизмот, поразувајќи ја нацистичка Германија.  Историските факти велат дека по јуни 1941 година СССР беше дел од сојузничката алијанса и имаше корист од сојузничката поддршка, особено програмата „Ленд-Лиз“ (Lend-Lease program), која значително им овозможи на советските сили критична опрема од САД. Дури и Сталин и Маршалот на Црвената Армија, Георгиј Жуков, ја признаа оваа суштинска помош. Други европски земји како Велика Британија никогаш не биле окупирани од Третиот Рајх и секогаш се бореле за слободна Европа, за разлика од Советскиот Сојуз, кој заедно со нацистичка Германија ја нападна Полска.Ж СССР потпиша меморандум за економска размена со нацистичка Германија на 19 август 1939 година, а на почетокот на февруари 1940 година потпиша економски договор за соработка со нацистичка Германија за период од 27 месеци, помагајќи на воените напори на нацистичка Германија со клучни ресурси во текот на 1939 до 1941 година (еднакво на една третина од времетраењето на Втората светска војна). Во последниве години, Русија промовираше лажен наратив дека СССР се соочил со обединета „нацистичка Европа“ во 1941 година. Всушност, повеќето европски нации беа жртви на нацистичката агресија и окупација. Многумина се спротивставија на различни начини, вклучувајќи организирани подземни движења и придонеси во воените напори на сојузниците. Главните западни сили – Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Слободна Франција – одиграа клучна улога во победата над нацистичка Германија.

Велика Британија сама му се спротивстави на Хитлер по 1940 година, САД донесоа огромна индустриска и воена сила по 1941 година, а Слободна Франција ја продолжи борбата преку своите сили и движења на отпор. Црвената армија помогна во ослободувањето на голем дел од Источна и Централна Европа од нацистичката окупација, но тоа не значеше слобода за многу европски земји бидејќи СССР ги држеше под своја контрола и окупација повеќе од 45 години, наметнувајќи комунистичко угнетување со децении. Кремљ пласира дезинформации дека ЕУ денес е морален наследник на нацистичка Германија, па проруските медиуми постојано зборуваат за „оживувањето“ на нацизмот на Запад. Етикетирањето на противниците на Русија како нацисти е широко распространета техника на про-Кремљ дезинформации, која ја користеше Русија за да ја оправда инвазијата на Украина, прикажувајќи ја како „операција за денацификација“. Русија помина години подготвувајќи го информативното бојно поле пред својот кинетички напад, а „нацистичка Украина“ беше една од нејзините најистакнати теми за дезинформации. ЕУ е основана по Втората светска војна за да промовира мир, демократија, човекови права, економска соработка, социјална правда и културна разновидност. Основачките договори на ЕУ ја нагласуваат економската соработка за да се спречат идните војни. Основачите на ЕУ, како што се Роберт Шуман, Жан Моне и Конрад Аденауер, беа активни противници на нацистичка Германија. Дел од нивното противење на нацизмот беше самиот проект на ЕУ, мислејќи дека со воспоставување политичка и економска унија меѓу европските земји, тие можат да обезбедат дека идеологиите како нацизмот никогаш повеќе нема да се појават.

Меѓу дезинформациските теми спаѓа и тврдењето дека Европската Унија шири антисоветски митови за потеклото на Втората светска војна, искривувајќи ги настаните што доведоа до Втората светска војна. Пактот Молотов-Рибентроп помеѓу нацистичка Германија и СССР вклучуваше таен протокол за поделба на Централна и Источна Европа, што доведе до координирани инвазии на Полска. Дезинформациите тврдат и дека Европскиот парламент ја изедначува нацистичка Германија со Советскиот Сојуз, со што се фалсификува историјата од Втората светска војна. Но, Резолуцијата на Европскиот парламент признава дека и нацизмот и сталинизмот биле тоталитарни режими одговорни за масовни злосторства. Признавањето на овие факти не е искривување, туку посветеност на историската вистина. Оправданата безбедносна загриженост во Источна Европа поврзани со Русија Во овој спектар спаѓа и дезинформацијата дека историската меморија систематски се уништува во Украина и Балтичките земји, со тврдењата дека Украина и балтичките земји ја бришат историската меморија како дел од кампања за дезинформација за поткопување на суверенитетот на овие земји. Овие земји имаат закони што ги забрануваат нацистичките и комунистичките идеологии и се посветени на зачувување на историската вистина. Украина и балтичките земји не се неонацистички или русофобични. Напротив, овие земји имаат јасна и основана безбедносна загриженост поврзани со Русија од периодот на советската окупација и репресија. Дополнителен извор на загриженост е континуираната агресија на Русија кон соседните земји и како таа влијаела врз безбедносната состојба во регионот воопшто. Ставот на балтичките земји кон Русија е воден од објективната перцепција за агресивните руски дејствија. Про-Кремљ медиумите, исто така, ја занемаруваат советската окупација на многу делови од Источна Европа во 1940 година.

Следна дезинформација е дека Минхенскиот договор ја предизвика Втората светска војна, која се обидува да ја одврати одговорноста од улогата на Советскиот Сојуз во започнувањето на Втората светска војна. Иако Минхенскиот договор од 1938 година, во кој Велика Британија и Франција дозволија анексија на Судетската област во Чехословачка од страна на нацистичка Германија, се смета за неуспешна политика на помирување, тој не ја предизвика војната. Војната во Европа започна на 1 септември 1939 година, кога Германија ја нападна Полска, по што следеше инвазијата на Советскиот Сојуз од исток на 17 септември 1939 година, според тајниот протокол на пактот Молотов-Рибентроп. На списокот од дезинформации е Украина со тврдењето дека таа земја не одигра значајна улога во победата над нацистичка Германија. Ова тврдење ги намалува значителните придонеси и жртви направени од Украинците за време на Втората светска војна. Милиони Украинци служеа во советските вооружени сили, а Украина беше место на бројни значајни битки и претрпе огромни цивилни жртви. Препознавањето на улогата на Украина е од суштинско значење за точно разбирање на колективните напори што доведоа до поразот на нацистичка Германија. Тука е и тврдењето дека Полска соработуваше со нацистичка Германија и го испровоцира Хитлер да ја започне Втората светска војна. Оваа нарација се обидува да ја префрли вината за избувнувањето на Втората светска војна врз Полска. Иако Полска потпиша пакт за ненапаѓање со Германија во 1934 година, ова беше дипломатски обид за одржување на мирот и не се изедначува со соработка и со нивото на соработка меѓу СССР и нацистичка Германија до јуни 1941 година. Полска потпиша сличен пакт за ненапаѓање со СССР уште порано, во 1932 година, како дел од нејзината надворешна политика за одржување рамнотежа меѓу двете суперсили меѓу кои беше притисната. Извор: Новинска агенција МЕТА

   

Најново

Променливо облачно и дождливо

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОД ВАРДАР ДО ЛЕГЕНДА НА АЕК Македонец испиша историја во грчкиот клуб

Sase Ivanovski

ПОНЕСЕТЕ СИ ЧАДОР Времето ќе се стабилизира дури в недела

Sase Ivanovski

Дете е повредено во „тикток-предизвик“ во скопско училиште

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Челси ја освои Конференциската лига и испиша историја

Sase Ivanovski

Арсовска пристигна пред Град Скопје и низ смеа порача: Кај си бе Виксче ти пишав да ме чекаш а ти по три минути низ парк избега

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Ганиу и граѓаните пристигнаа пред Град Скопје и го фрлија ѓубрето

Sase Ivanovski

Трајко Славески со 68 гласа е новиот гувернер на Народната банка на РС Македонија

Sase Ivanovski

Арсовска до Ганиу: Вечерва си ковал план лопову криминален да собираш пак ѓубре и да правиш герила да го истураш пред град Скопје

Sase Ivanovski

Лавров разговараше со Рубио за претстојните преговори со Украина

Sase Ivanovski

Сите вработени во Глас на Америка очекуваат оваа недела отказ

Sase Ivanovski

Мицкоски и Николоски за ратификацијата: Ова е историски договор за Македонија, промените се случуваат

Sase Ivanovski

ТРЕНДАФИЛОВ: Нашите работници во Словенија, Германија, Хрватска се продуктивни зашто таму платите се три до четирипати повисоки

Sase Ivanovski

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понедленик

Sase Ivanovski

Зеленски: Трамп повеќе е изнервиран од Путин отколку од мене

Sase Ivanovski

Стојанче Ангелов гасеше, ама во ланските пожари „изгореа“ 83 милиони евра

Sase Ivanovski

Марта Кос: Проширувањето на ЕУ е прашање на безбедност, за првпат имаме вистинска шанса да го обединиме континентот

Sase Ivanovski

Костадинов до Кочовска: Доцна е за средба министерке, веќе сами ги решаваме проблемите на Струмичани – немаме време за глума и лажен ПР

Sase Ivanovski

ИК утврди 25 кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, партијата и кандидатите убедливо водат на сите анкети во општините за кои се предлагаат

Sase Ivanovski

Фестивалoт на феминистичка култура ќе се одржи на 30 и 31 мај

Sase Ivanovski

720 невработени млади ќе добијат по околу 10.000 евра за да основаат бизнис

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски фатен во тесно за тендерот на МВР ја навреди новинарката која што го прашуваше за аферата

Sase Ivanovski

Концепт „два плус два“- можно решение според сообраќајните експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Штип – Кочани

Sase Ivanovski

МИЦКОСКИ: Промените се случуваат! Помина во Собрание Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство.

Sase Ivanovski

Илон Маск е „разочаран“ од законот за трошење на Трамп, вели дека тој го поткопува она што го прави Одделот за ефикасност

Sase Ivanovski

Пензионерите ќе можат да заработат плата покрај пензијата

Sase Ivanovski

Поранешен француски хирург кој е обвинет за 111 силувања на деца осуден на 20 години затвор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ОХРИДСКИ АВТОБУС НАПРАВИ ХАОС ВО ЦЕНТАР, ИСПОКРШИ СТОЛБЧИЊА НА КРУЖЕН ТЕК

Sase Ivanovski

Македонија најбогата на Балканот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Кој е Трајко Славески, новиот гувернер на НБРМ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФАТЕНИ СО РАЧЕТО ВО МЕДОТ: Функционери бизнисмени – Лапале тендери со скриени фирми

Sase Ivanovski

Адеми: Македонците не можaт да го добијат “второто полувреме”

Sase Ivanovski

ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори

Sase Ivanovski

Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран

Sase Ivanovski

Мицкоски очекува Европскиот парламент едногласно да го потврди македонскиот идентитет и јазик

Sase Ivanovski

Николоски по ратификацијата на договорот: Заеднички ќе направиме огромни проекти и ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

Договорот за инфраструктура со Британија помина со 76 гласа „за“ и 6 „против“

Sase Ivanovski

Поевтини заеми благодарение на ААА рејтингот на Обединетото Кралство, најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Таравари: „Салим Сулејмани си замина од Собранието за амбасадор – како се вика тоа, ако не предавство?“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) БОЈАН СТОЈАНОВСКИ: Договорот со Британија не е државна тајна како тој со Бехтел и Енка

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗОРАН ДИМИТРОВСКИ: Грешка има во англиската верзија на договорот со Британија, но не и во македонската верзија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Трајчулески за Договорот со Британија: Дали веќе се договорени фирмите – изведувачи?

Sase Ivanovski

Денот во 60 секунди – Ратификацијата на Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство значи економски развој и инвестиции, младите во фокус на Владата со новиот план за вработување

Sase Ivanovski

Трајчулевски: Зошто кредит од 6 милјарди евра кога имаме можност за неповратни грантови од ЕУ?

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев во посета на СВР Охрид, ОВР Струга, ПО во с.Велешта и ПС за ГП аеродром „Св.Апостол Павле“

Sase Ivanovski

Директорот на Бирото за јавна безбедност Јанев од Охрид: Борбата против трговијата со дрога е еден од нашите приоритети

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Спасовски: Преседан во Собрание-Спогодба со Велика Британија власта ја турка како меѓународен договор

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Тошковски: One Stop системот имплементиран и на граничниот премин Јажинце, наскоро и на премините со Србија и Албанија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО + ФОТО ГАЛЕРИЈА) Почна со работа „Охрид Мол“ – симбол на новата визија за развој на Охрид

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: НЕ МОЛЧАМ – ГРАДАТ НА ДИВО, МИЛИОНИ ИСПАРУВААТ, ВЛАДАТА СПИЕ!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ: Славески ќе треба да го либерализира македонскиот банкарски сектор и да ги скроти банките кои го дерат народот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГЛУТНИЦА УЛИЧНИ КУЧИЊА СЕЕ СТРАВ НИЗ ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕКС ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ НА БУГАРИЈА: Третиот протокол е можен, но нема да промени ништо, Бугарија нема да се помести нуту милиметар

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) 24 репортажа: Семејното и родово-базирано насилство зема замав и се почесто завршува и со фемициди

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Расмусен: На Европа ѝ треба нов безбедносен модел

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Сиљановска-Давкова: Договорот со Велика Британија не е алтернатива за ЕУ

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС против опремување на полицијата со униформи, откако ја оставија без основни услови за работа

Sase Ivanovski

СДСМ достави документи до ДКСК: Бараме итна постапка за скандалозниот тендер во МВР!

Sase Ivanovski

Лишени од слобода крадци во Прилеп, одземеното вратено на сопственичката

Sase Ivanovski

Манасиевски: Ако Заев беше главниот ограбувач, Венко е неговата десна рака, додека 10 илјади луѓе умреа во КОВИД пандемијата тој печалеше за себе

Sase Ivanovski

МФ: Владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за Царинска тарифа – Се намалуваат царините на 70-тина стоки, вклучително и литиум-јонските батерии за складирање на електрична енергија

Sase Ivanovski

Пренџов: Стратешкиот договор со Велика Британија нуди многу поволности, ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење

Sase Ivanovski

28 мај – Меѓународен ден на менструалната хигиена: Менструацијата не смее да биде луксуз!

Sase Ivanovski

Герасимовски ги поканува граѓаните на добра храна и музика во петок во Паркот на Франкофонијата

Sase Ivanovski

„Матица македонска“ објави нов роман од Велко Неделковски

Sase Ivanovski

Две милијарди евра инвестиција брза пруга Табановце-Гевгелија, Македонија на европската карго мапа во железничкиот сообраќај

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека не му е грижа за народот, важни му се само провизиите, тендерите и бизнисот со кланот Заеви

Sase Ivanovski

Приведено лице барано по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година, 11 месеци и 20 дена

Sase Ivanovski

СДСМ: Смрди на корупција-за скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што доби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште

Sase Ivanovski

Групата на Штекли се криела во бункери под земја ископани на државно земјиште

Sase Ivanovski

Молк во Бугарија за можните преговори со Македонија во Хаг

Sase Ivanovski

Уште едно лице осомниченo во предметот за пожарот во „Пулс“: ќе го гонат сопственикот кој го изнајмил објектoт

Sase Ivanovski

Грчката Влада ја укинува Агенцијата за земјоделски субвенции по истрагата на ЕУ за измама

Sase Ivanovski

Комисијата за надворешна политика го усвои Предлог-законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Sase Ivanovski

Чаир е под „опсада“ од параполицаецот Арсовска. Ганиу во обид да ги одбрани дивоградбите

Sase Ivanovski

Субвенции за реконструкција на фасади и кровови на стамбени згради во Куманово

Sase Ivanovski

Во Скопје стартува изнајмување на електрични автомобили – 22 денари по километар и 5 денари по минута

Sase Ivanovski

Гевгелија добива нова велосипедска патека која се протега на двете страни од завршницата на Западен Булевар што завршува кај Динќут

Sase Ivanovski

Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине

Sase Ivanovski
Вчитувам....