Делегација составена од пратеничките Јована Тренчевска и Мимоза Муса, генералната секретарка Марина Димовска, вработени во Службата на Собранието, претставници од Министерството за надворешни работи и од Институтот за европски политики, како и претставник од Делегацијата на ЕУ во Скопје, на 26 и 27 ноември 2024 година е во посета на Парламентот на Шведска.Предмет на посетата е размена на искуства за улогата на парламентите во Механизмот за заштита на човековите права-Универзалниот периодичен преглед (УПР), во рамки на Советот за човекови права на Обединетите нации.
Искуствата од шведскиот парламент треба да помогнат за Собранието и Постојаната анкетна комисија за заштита на правата и слободите на граѓаните да се вклучат во разгледување на извештајот кон универзалниот преглед и да ја практицираат надзорната улога во врска со состојбите со човековите права и наводи за нивно прекршување. Посетата се остварува во рамки на проектот „Заедничка акција за човекови права“, спроведуван од Институтот за европска политика, а финансиран од страна на Европската Унија и во соработка со Парламентарниот институт во Собранието.
27 ноември 2024