Денеска започнува астрономската зима. Од античко време, во многу култури ширум светот, тој датум е обележан со ритуали, фестивали и легенди.
Прославите на тој ден траат најкратко, а колку луѓе ќе уживаат во сонцето и дневната светлина зависи од тоа каде се живее.Ако се мери со Гринич, Лондон, најкраткиот ден трае 7 часа 49 минути и 43 секунди – што е повеќе од половина од количината на дневна светлина што ја добиваме за време на летната краткоденица.
А денот станува уште пократок, колку сте поблиску до Северниот пол: во Исланд денес денот помеѓу изгрејсонце и зајдисонце трае само 2 часа и 14 минути.Но, за оние кои живеат во близина на Екваторот, разликата помеѓу должината на денот и ноќта денес ќе биде речиси незабележлива во споредба со претходните денови.