17.8 C
Скопје
12/04/2025 12:17
МАКТЕЛ

    

Денко Малески, Трамп: Русија не е агресор

      

Спротиставувајќи им се на своите сојузници од групата Г-7, Германија, Франција, Канада, Велика Британија, Италија и Јапонија, ставот на новата американска администрација е дека отсега натаму руската агресија врз Украина треба да се нарекува „конфликтот во Украина“. Имено, во нивното заеднички соопштение, Америка ја одбива формулацијата со која Русија се нарекува „агресор“. И што правиме сега? Државите кои сакаат да ги задржат добрите односи со, сè уште, најмоќната држава во светот ќе мора да се прилаготат на новата реалност која ја диктира Трамп. Исто како и во времето на претходната администрација на Џо Бајден, кога мораа да ја употребуваат токму формулацијата „руска агресија“. Дали се работи за агресија или не? И подеднакво важно: кои се причините за војната? Вистината е дека она што го стори Путин на 22-ти февруари 2022 е класична агресија на една голема сила врз послаба држава со намера насилно да ги смени границите. Тоа е осудено од целиот свет, вклучувајќи ги и критичарите на воинствената политика на Бајден и на демократите. Сепак, ова е само дел од приказната. За осуда е и непромислениот обид Америка, преку грбот на Украина да ја ослабне моќта на Русија. Се разбира, да успееше во тоа со економски санкции и со конвенционално оружје, денес веројатно ќе ја славевме победата на демократијата врз автократијата, но тоа не се случи. Русија одолеа на санкциите а нејзината надмоќ во население и огнена моќ победи во една „војна на истребување“ налик на Првата светска.

Не помалку важна беше и заканата од Путин дека ќе го крене светот во воздух. Никогаш порано, дури и по цена од нуклеарна војна и уништување на планетата Земја, еден политичар на застанал во одбрана на она што големите сили го нарекуваат „егистенцијала закана“. Предвидувајќи ја ваквата реакција, Америка можеше да ја избегне војната со неутралност на Украина и автономија за на тамошното руско население. Но, шансата да се ослабне ривалот беше неодолива зашто ништо не ја чинеше да се обиде да ја сруши руската автократија. Имено, лавовскиот дел од помошта изразена во милијарди долари и онака се користеше за набавка на американско оружје, што ќе рече, за отворање нови работни места во америнскиот воено-индустриски комплекс. Згора на тоа, како што изјави еден американски сенатор, се работеше за војна против ривалот без американски човечки загуби. Со време, во отсуство очекуваната брза победа на Украина и на Западот, почнаа да истекуваат информации за вистинската причина за руската агресија: стравот на Русија од ширењето на НАТО во Украина, на самите нејзини граници. Инаку, приказната за стравот како причина за војна е прастара но е и универзална и безвременска. Пишувајќи за причината за Пелопонеските војни меѓу демократска Атина и автократска Спарта, грчкиот историчар Тукидид вели дека тоа бил стравот. Стравот дека Атина ќе го изгради големиот ѕид околу својот град и од позиција на доминација ќе го одбере времето за напад врз Спарта. Оттаму и одлуката на Спарта да нападне додека има уште време – пред да се изгради ѕидот.

   

Истото се повтори и во случајот со руската агресија врз Украина, идниот потенцијален плацдарм на Америка против Русија. Почнаа да истекуваат и други информации во прилог на ова видување. За ветувањето на Џејмс Бејкер до Јелцин дека, во замена за руска поддршка за обединување на Германија по падот на Берлинскиот зид, НАТО нема „да се помести ниту еден инч кон Русија“; за обидите на Путин да ја избегне војната со договорите Минск 1 и Минск 2 за автономија за руското население во Донбас и за неутралност на Украина; за несериозноста на гаранторите Германија и Франција кон словото на тие договори и како договорите биле, според Меркел, само „купување време“ да се вооружа Украина; за поготвеноста на Москва да склучи мир во Турција еден месец по инвазијата и за улогата на Борис Џонсон, наречен Боџо, во одвраќањето на Зеленски од мировен договор, во прилог на војната. Протекоа информации и за ароганцијата на американската моќ и нејзините политички претставници и улогата на Вашингтон во рушењето на претседателот Јанукович кој се определи за неутралност на Украина; за улогата на „онаа ужасна жена“од Стејт департментот, Викторија Нуланд, како што ја нарече режисерот Оливер Стоун, која телефонски му порача на американскиот амбасадор да „го донесе комедијантот на власт“ и „да ја е.. ЕУ“…

„Руската агресија“ или „конфликтот во Украина“, носи многу поуки од областа на меѓународната политика. Најважната за Македонија како мала држава на европскиот континент без излез на море, е да мисли со своја глава и внимателно да го пресмета својот интерес. Во новиот ривалитет меѓу Америка и ЕУ власта се определи за Америка. Таа определба, традиционално, беше заради американската поддршка за членство во ЕУ на нашата држава, што беше и официјална американска политика. Која е сегашната политика на Америка кон ЕУ допрва ќе видиме, но според првите потези, неќе да е на арно. Ние не сме членка на ЕУ и немаме влијание на тој процес, рече американската амбасадорка Агелер некни. Повеќе од ова дипломат не смее да каже како предупредување. Но ние можеме да додадеме на нејзината реченица:„ …особено не сега под водство на Трамп“. Можеме и да се прашаме: А што ако беспоговорните поддржувачи на Трамп, како Унгарија, Словачка, Србија и Македонија, се само негови Тројански коњи за рушење на ЕУ? И што ќе биде со нас ако трајно ги нарушиме односите со ЕУ во време кога Америка се конфронтира со Европа? Дилемата е идентична со онаа на Макијавели чија основна задача, како министер за надворешни работи на малата Фиренца во средновековна Италија, заради опстанокот на својот град-држава, била точно да ги предвиди настаните во ривалитетот помеѓу тогашните големи европски сили. Да се надеваме дека определбата на новата власт во Македонија за Трамп и неговите политики е плод на сериозна анализа, а не на некакви лични познанства, нешто во што се сомневам. Денко Малески

  

Најново

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

Sase Ivanovski

Иванов: Со законските измени за електронски комуникации, се спречува нелегалното онлајн коцкање и се овозможува заштита на личните податоци

Sase Ivanovski

Герасимовски до управителите: Противпожарната безбедност не смее да се игнорира

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го зголеми капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија за 33 % од 75 на 100 денари, додека за стоматологија за 23 % од 61 на 75 денари, следува трансформација и реформи во здравствениот систем

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: За отвореното како пупка судство на Заев, младиот живот изгубен на пешачки од несовесен возач вреди две години, а за ќебапи пет години затвор

Sase Ivanovski

Создавање на атмосфера на линч кон д-р Петар Богојески и неговото семејство

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не се откажува од Филипче, тој му средуваше тендери во 4 очи, за сега Заев да гради згради во Дубаи

Sase Ivanovski

Том Брејди носеше часовници вредни над 4 милиони долари на Супер Боул

Sase Ivanovski

Цените во маркетите во Србија се за 100% зголемени во однос на 2019-та година

Sase Ivanovski

ШТО СЕ СЛУЧУВА КОГА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ЛЕВИЦА И ГРОМ – Стевчо Јакимовски, Амар Мециновиќ – Стадион на Канал77

Sase Ivanovski

Кина стана најголем извозник на автомобили, ги надмина Јапонија и Германија

Sase Ivanovski

Герасимовски на средба со Секторот за инспекциски работи, со голем дел од управителите на станбени и станбено-деловни објекти, како и со претседатели на куќни совети тема предизвиците во делот на противпожарна заштита и одржување на фасадите

Sase Ivanovski

Млади македонски артисти се дел од втората Стрип школа која ја води Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“

Sase Ivanovski

Сирискиот претседател Ахмед ал Шара присуствуваше на четвртиот форум за дипломатија во Анталија на 11 април 2025 година

Sase Ivanovski

СЕ ПРОШИРУВА ИСТРАГАТА ЗА КОЧАНИ: УАПСЕН СЕГАШЕН МИНИСТЕР ВО ВЛАДАТА НА МИЦКОСКИ И ДВА ПОРАНЕШНИ МИНИСТРИ ОД ВЛАДИТЕ НА ГРУЕВСКИ

Sase Ivanovski

(ФОТО) 11 автобуси од Македонија тргнаа сабајле да му дадат поддршка на Претседателот на Република Србија кој ќе го направи најголемиот сесрпски собир кој ќе започне во Белград од 19 часот

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: За првпат во Македонија, ,,City and me” – паметна, еколошка и граѓански ориентирана платформа!

Sase Ivanovski

Источна порта на Белград, Згради Рудо, (Источна Капија) Белград, Србија, изградена во 1976 година

Sase Ivanovski

Стефковски на Политичката академија 2025 – Зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа организирана од Фондација Конрад Аденауер и Партискиот истражувачки и аналитички центар ,,Љубиша Георгиевски”

Sase Ivanovski

Секоја трета белграѓанка неомажена, во Србија се повеќе сингл личности и самохрани родители

Sase Ivanovski

Муцунски: Интеграцијата во Европската Унија останува стратешка цел, а унапредувањето на регионалната соработка – клучен приоритет во надворешната политика на државата

Sase Ivanovski

Чадиковски: 15 години посветеност. 5 години исцелување на најмалите срца. Од моите први чекори во Аџибадем Систина до секое отчукување на срцето во детската кардиохирургија – патување исполнето со предизвици, надеж и живот. Благодарност за секое дете чие срце чука посилно денес. Ова не е само професија. Ова е мисија. Продолжуваме понатаму…

Sase Ivanovski

Силен земјотрес го погоди Пакистан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Јокиќ продолжува да доминира: Со нов трипл-дабл настап повторно испиша историја

Sase Ivanovski

Упасени се Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири – проширена истрагата за пожарот во Кочани

Sase Ivanovski

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ТЕМПЕРАТУРИ И ДО 25 СТЕПЕНИ Но, времето ќе биде променливо и нестабилно

Sase Ivanovski

САД ЌЕ ГО АНЕКТИРААТ ГРЕНЛАНД БЕЗ ВОЕНА ИНТЕРВЕНЦИЈА Белата куќа разви официјален план како да го добие арктичкиот остров

Sase Ivanovski

„Смедеревка“ медиуми, од Мрзенци

Sase Ivanovski

Иран и САД денеска во Оман ги започнуваат преговорите за нуклеарната програма

Sase Ivanovski

Трамп нема план за царините, тивко стравуваат менаџери на фондови: „Може да е ненормален“

Sase Ivanovski

Кит Келог: Украина може да се подели како Берлин по Втората светска војна

Sase Ivanovski

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој ќе одговара за последниот смртен случај на Кардиохирургија?

Sase Ivanovski

Богојески ќе тужи, вели се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

Sase Ivanovski

Муцунски ќе учествува на Дипломатскиот форум во Анталија

Sase Ivanovski

Протест на семејствата на загинатите денеска во Кочани!

Sase Ivanovski

Американски официјални лица: Повеќе од сто кинески платеници се борат за Русија

Sase Ivanovski

Иран и САД ги продолжуваат нуклеарните преговори во Оман

Sase Ivanovski

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“ во Белград, Вучиќ ќе зборува на централниот собир пред Народното собрание

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Расцветано судство по примерот на пупките на Заев влева недоверба и ја убива надежта кај граѓаните

Sase Ivanovski

Богојески ќе тужи, вели се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

Sase Ivanovski

Орбан тврди дека Киев го запрел транзитот на руски гас „во дослух со бриселски бирократи“, за да се вовлечат Унгарија и Словачка во конфликтот

Sase Ivanovski

Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна, вели Келог, емисарот на Трамп

Sase Ivanovski

Apple пренесе 600 тони ајфони во САД за да се обиде да ги надмине тарифите на Трамп додека клиентите се обидуваат да обезбедат уреди пред евентуални зголемувања на цените

Sase Ivanovski

Хрватските газди се жалат како овдешните: „Минималната плата ни е сериозен товар“

Sase Ivanovski

МВР кривично ќе гони своја службеничка од Куманово под сомнение дека несовесно работела

Sase Ivanovski

Герасимовски: Преку едукативни и практични активности ја зголемуваме свеста кај учениците за безбедно учество во сообраќајот

Sase Ivanovski

Украина е подготвена да плати до 50 милијарди долари на САД за поголема воздушна одбрана и помош

Sase Ivanovski

Венко Крстевски – кандидат за в.д. градоначалник на Кочани

Sase Ivanovski

Протестен марш поради труењето на Крива Река од рудникот „Тораница“ и одговорот на институциите

Sase Ivanovski

Им доцни платата на околу 1300 врабодени во Здравствен дом Скопје поради пад на системот

Sase Ivanovski

Затворени се 28 објекти без лиценца и технички услови за работа

Sase Ivanovski

ММФ ќе ѝ позајми нови 20 милијарди долари на Аргентина, земјата ја напушта контролата на валутата

Sase Ivanovski

Коцевски го побарал предметот за Пајазити, кој ја прегази Теодора

Sase Ivanovski

Се надевам дека сме заедно, рече Таравари пред состанокот на ВЛЕН

Sase Ivanovski

Само авторката Павловска и граѓански здруженија реагираат откако беше уништен споменикот на децата-бегалци од Егејска Македонија спроти Собранието

Sase Ivanovski

Заврши состанокот на ВЛЕН, работни групи ќе бараат решение

Sase Ivanovski

Лукаревска: Гледаме селективна истрага за трагедијата во Кочани, семејствата заслужуваат правда и одговори

Sase Ivanovski

Политико: На вработените во Стејт департментот им е наредено да пријавуваат колеги со антихристијански ставови

Sase Ivanovski

(Видео) Мал авион се урна на автопат на Флорида – загинаа најмалку три лица

Sase Ivanovski

Денеска нè очекува променливо време, ќе има и сонце и дожд и ветер

Sase Ivanovski

Државата ќе пресметува колку пари му требаат на трочлено семејство – цигарите и алкохолот ќе бидат луксуз

Sase Ivanovski

Средбата меѓу Путин и американскиот пратеник Виткоф заврши по повеќе од четири часа

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Бомба експлодира пред седиштето на „Грчки железници“ во Атина

Sase Ivanovski

Петар Арсовски: Медиумска сцена: Заматување или разбистрување?

Sase Ivanovski

Горица Анѓелковска сопруга на починатиот Тони Анѓелковски распали по министерот Таравари

Sase Ivanovski

Преку четири часа траеја разговорите на Путин и пратеникот на Трамп

Sase Ivanovski

Лидерите на партиите од „Вреди“ се договориле работни групи да ги решаваат отворените прашања

Sase Ivanovski

Вработените во Стејт департментот добиле наредба да пријавуваат колеги со „антихристијански тенденции“, пишува „Политико“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Топ Тема со Сања Лукаревска

Sase Ivanovski

Четири автомобиле се судриле во Влае, еден заминал, никој не е тешко повреден

Sase Ivanovski

Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори

Sase Ivanovski

Горан Михајловски: ВО ПЕРИМЕТАРОТ – Еднаш еден државен директор ми рече „Лесно е да критикуваш. Победи на избори, па и тебе ќе ти чуваат маса во кафеана“ – Да бидем искрен, ме остави без зборови

Sase Ivanovski

Григор Бишев: “Трговскиот конфликт на Трамп не носи бенефит никому“

Sase Ivanovski

Лукаревска: Семејствата во Кочани заслужуваат неселективна правда и одговори за трагедијата

Sase Ivanovski

Отворен првиот Центар за поправки во Скопје-„Ништо ново“

Sase Ivanovski

Посебен режим на сообраќај

Sase Ivanovski

Муртезани домаќин на унгарскиот министер за ЕУ прашања, Јанош Бока

Sase Ivanovski

Вчера 707 сообраќајни прекршоци на територија на цела држава, 218 за брзо возење

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пред велигденските празници ќе бидат достапни сите лекови за онколошките пациенти во количини за наредните 12 месеци

Sase Ivanovski
Вчитувам....