Го стартуваме празнувањето по повод Деновите на Општина Ѓорче Петров
Подготвивме богата забавна, културно – уметничка програма за сите генерации која ќе трае скоро цел месец.
Почнуваме уште вечерва на Корзото во паркот каде на платформата пред “Тинекс” во : часот ќе имаме можност да го проследиме настапот на бендот „ Retro Vibes “. Гарантирана забава за ѓорчепетровци
Сабота е резервирана за кино на отворено на игралиштето „Бранители“ во Волково со почеток од : часот со проекција на филмот „Те дуа, жими мене“ во режија на Марјан Гавриловски.
Недела е ден за последните подготовки пред учебната година. За најмладите подготвивме незаборавна забава – Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ како еден од најдобрите во Македонија. Стартот е во реонскиот парк со почеток од часот. За љубителите на автомобилската историја на Корзото во Ѓорче од часот, истиот ден, ќе бидат изложени над 60 модели на историски возила, стари над 40 години, а изложбата ќе биде од меѓународен карактер со возила од соседните земји (Србија, Бугарија, Косово и Хрватска).
„Денови на општина Ѓорче Петров“ ќе траат се до 20 септември, проследени со уште многу настани. Ги повикувам сите граѓани на Општина Ѓорче Петров, Скопје и пошироко да бидат дел од богатата програма. На Ѓорче му недостигаа вакви настани.
Придружете ни се на забава – Градонаачалник Александар Стојкоски.