Агенцијата за национална безбедност е за генерален ремонт. Ова би било накусо пораката на „изворот” на информацијата која ја објави Призма. Во врска со „изворот” кој и да е информацијата ја пласирал со најпринципиелни намери веројатно после многу укажувања упатени по формални канали дека Македонија како земја членка на НАТО има обврска институциите да и функционираат согласно стандардите на оваа најмоќна воено политичка организација.Медениот месец во кој домашните институции имаа рок самите себе да се проверат кој е, што е, каков е, и како работи заврши а таа обврска очигледно не си ја завршиле. Наместо тоа ако се сеќавате се сведе на оговарачка сесија во која се подметнуваа разни шпекулации, за тоа кој добил а кој не добил безбедносен сертификат од НАТО.Нејсе, дојде време кога како држава треба да ги преземеме сите обврски кои произлегуваат од привилегијата да се биде под безбедносниот чадор на НАТО кој патем деновиве не прави и така комотни во околности кога стотина километри од нас на север може да се запукаат Косоварите и Србите во секој момент. Ситуации кои инаку во некои други времиња предизвикуваа голема вознемиреност кај нас.Да се вратам на генералниот ремонт. Обидот да се заврши приказната со префрлање на вина на еден или двајца и тоа во секторот за соработка со пријателските служби едноставно нема шанси да заврши успешно. Овој пат таа работа околу одговорноста ќе треба да оди многу подлабоко во ткивото на Агенцијата за национална безбедност .Ако внимателно ја слушнете изјавата на директорот на АНБ , Виктор Димовски тој самиот кажува дека одговорноста паѓа на ова четврто, сега суспендирано ниво во АНБ за соработка со пријателски служби, само доколку првите три нивоа изразиле некаква сомнеж околу апликацијата на рускиот – украинскиот „коњаник” околу неговиот профил. Впрочем зошто ние воопшто би имале некакви „служби” и „нивоа” ако целата работа се сведува на тоа што ќе ни кажат нас пријателските служби за било кого кој бара државјанство во Македонија. Патем во случајот целава работа можел да ја изврши било кој шалтерски службеник во МВР кој знае странски јазик и знае што е Гугл пребарувач кој во најмала рака ќе дадеше информации за тоа дека апликантот “коњаник’ е сомнителен.Од она што го добивме како информација „коњаникот“ прошол „мазно“ на сите три витални нивоа на АНБ кои како што е познато го ставиле својот потпис давајќи и зелено светло на апликацијата . Ниту еден од нив не изразил никаков сомнеж или потреба за консултација за да се направи подетална проверка.Потфрлањето на најмалку десетина вработени во АНБ од неколку витални сегменти на организациската структура на ова институција ја прави дури неверојатна, за нас фолклорната опција дека во позадината стои лукративен интерес. Случајот е многу полош од обичен корупциски скандал бидејќи открива целосна нефункционалност на една оваа институција од витален интерес за државата.Случајот е црвен картон за АНБ која по се мора да оди на целосен ремонт за да се извади од инерцијата на „светлите славни традиции” на институција во која се мати водата за да се покријат и задоволат нечии дневно политички агенди или бизнис интереси на „широкогради” транзициски бизнисмени. Воедно случајов е жолт картон за политичката власт која после овој скандал мора да сфати дека членството во НАТО не е банер и материјал за ПР агенција за привлекување на гласачи туку сериозна обврска од цивилизациски карактер која бара целосна посветеност на принципите на чија основа е создадена оваа воено политичка организација.Кога сме кај политичките власти треба да биде јасно дека аферата е толку голема што истрагата за неа ќе треба многу јасно да утврди дали во целиот хаос има и рака на политички интерес или манипулација. Доколку такво нешто исплива на површина не постои бројка на пратеници во Собранието кои би можеле да го спасат падот на владата. Како и да е, членството во НАТО фала на Бога стана реалност од која нема бегање. Владата деновиве треба да одлучи кој ќе биде новиот прв човек на АНБ. Во позадината на аферата стои и многу видлива порака дека новиот шеф на АНБ ќе треба да биде човек кој не припаѓа или е близок на еден или друг политички моќник туку дека е личност со професионален интегритет кој не би бил спорен дури ни за опозицијата.Би сакал што поскоро да добиеме и порака „добродојдовте во ЕУ” со она што следи по скринингот кога вакви мочуришта како ова во АНБ ќе бидат откриени во многу други институции на кои исто така им престои генерален ремонт.Прашање е на време кога ќе се помириме со фактот дека ние немаме проблем со Бугари , Грци….и останати туку самите со себе , со сопствениот човечки материјал, интегритет и професионалност како автентичен израз на државотворна супстанца.
Најново
СДСМ за Димитриевски: Човекот кој ја градеше кариерата како силен борец против ДУИ, сега ведне глава пред ВЛЕН
ТРАМП ОТКРИ ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ ВРЗ ТЕХЕРАН „Не беа спремни да го преместат ураниумот, истураа бетон за да го затворат влезот“
ВМРО ДПМНЕ: Како е можно сите проекти на СДС во нивното владеење да се завршени 90%, а ни еден 100%?
МНР го потврди загинувањето на 9-годишната Адна во Италија: Конзулатот е во комуникација со семејството
Рекорден мај со ВЛТ добивки: Видеолотарија Касинос Австрија на играчите им исплати над еден милион евра
(ВИДЕО) Маалски муабети на Герасимовси со жителите на Градски ѕид: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите
ЛЕКОТ PAXITACEL Е НАРАЧАН, ЗА НЕГО ИМА ЗАМЕНА Сите пациенти ја добиваат потребната терапија, велат од Онкологија
МИЦКОСКИ: Денес остварив средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, @MartaKosEU, која престојува во дводневна посета на земјава по повод лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан
СИЉАНОВСКА: Денеска, на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот, ја споделив нашата визија за посветена, правична и одржлива иднина
РУЧАТЕ ВО ОХРИД, А ПЛАЌАТЕ КАКО ВО МОНТЕ КАРЛО Туристите се жалат на високите цени, угостителите креваат раменици
НАЈЏЕЛ ФАРАЖ И ЕДИ РАМА СЕ СКАРАА ЗА АЛБАНСКИТЕ ЗАТВОРЕНИЦИ, ПА СЕ ОПКЛАДИЈА Кој изгуби и што треба да направи губитникот?
ИРАН СЕРИОЗНО ПОДДРЖУВА СВЕТ БЕЗ ОРУЖЈЕ ЗА МАСОВНО УНИШТУВАЊЕ Министерот Аракчи потсети на иранскиот напад со хемиско оружје врз Сардашт
ИЗРАЕЛ ИЗВРШИ 50 ВОЗДУШНИ НАПАДИ ВРЗ ГАЗА ПО ЗАКАНАТА ЗА ПРИНУДНА ЕВАКУАЦИЈА Растат стравувањата од посилен удар
ИРАН МУ ЗАБРАНИ ПРИСТАП НА ДИРЕКТОРОТ НА МЕЃУНАРОДНАТА НУКЛЕАРНА АГЕНЦИЈА Не дозволува ниту надзорни камери
„НЕ СУМ ОБАМА, ПА ДА МУ НУДАМ НЕШТО НА ИРАН“ Трамп вели дека не разговара со Техеран по американските напади
ААВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА КОСТАДИНОВ КОН ЛАТАС „Политичарите треба да дадат пример за достоинствена комуникација“
(ВИДЕО) 50.000 ЛИЦА ЕВАКУИРАНИ ВО ШУМСКИТЕ ПОЖАРИ ВО ТУРЦИЈА Горат Измир, Маниса, западот и југоистокот на земјата
ЌЕ ОСТАНЕМЕ БЛОКИРАНИ АКО БУГАРИЈА НЕ СЕ ОТКАЖЕ ОД БИЛАТЕРАЛИЗАЦИЈАТА Процесот на евроинтеграции е жив, а бугарското вето е пречка само за отварање на преговорите според рамката
(ВИДЕО) Филипче: Електронскиот попис не може да обезбеди точни податоци за место на живеење и да потврди националност
(ВИДЕО) Мицкоски: Пуштен е во употреба експресниот пат Фариш- Дреново, во вредност од речиси 45 милиони евра
Петрушевски: СДС и Филипче, преку Костадинов се закануваат на новинари, сакаат да ги исплашат и да внесат несигурност
Мега скандал: ВМРО-ДПМНЕ прави грабеж и во Карбинци, превоз на ученици што чини 50 денари градоначалникот го наплаќа за 1.013 денари
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува повикот за убиство и линч врз новинар од страна на Костадин Костадинов, институциите да реагираат
ВМРО ДПМНЕ: Коленичењето е одлика на СДС, за да не им падне владата коленичеа пред ДУИ и молчеа за криминалот на Груби
„Хаос на Онкологија, пациентите со рак на бели дробови власта повторно ги остави без терапија“, велат од СДСМ
НАША ГОГА НА МАСА СО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА И ШЕФОТ НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ: Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО
ИРАНСКИ ВРХОВЕН ШИИТСКИ СВЕШТЕНИК ИЗДАДЕ „ФАТВА“ ПРОТИВ ТРАМП И НЕТАНЈАХУ Експерти ова го толкуват како повик на тероризам
УКРИНА ИЗГУБИ УШТЕ ЕДЕН Ф-16 ЗАГИНА УКРАИНСКИ ПИЛОТ ОТКАКО СОБОРИЛ 7 ДРОНОВИ Русија нападнала над 500 воздушни цели во најмасовниот удар досега
ИЗРАЕЛ НАРЕДИ ЕВАКУАЦИЈА ВО ГАЗА, ТРАМП БАРА КРАЈ НА ВОЈНАТА Палестинците и ОН предупредуваат дека никаде во енклавата не е безбедно
СДСМ: Најдобриот виц оваа година е дека Максим Димитриевски бил коректор на власта, тој е обичен приврзок на Мицкоски
ВИДЕО: Со оро и порака „Ќе ве блокираме додека не ги тргнете машините“ се протестираше за спас на Дошница
ВМРО ДПМНЕ: Помина мандатот на Сашко Митовски, а освен скандали и празни ветувања, граѓаните не видоа ништо, време е за промени во Крива Паланка
Николова до Јаневска: Зошто се намалуваат критериумите за ангажирање образовни асистенти, децата со попреченост заслужуваат максимални услови!?
Судијата не знае да чита пресуди од Стразбур, преместете го да не ја брука државата: Апасиев за спорот меѓу Мицкоски и Петровска
На денешен ден – 30 јуни: Во Скопје била изведена првата балетска премиера „Валпургиска ноќ“ од францускиот композитор Шарл Гуно
„ОВА ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ГОДИНИ НА ГРЧКА ГРАНИЦА СО ЧЕКАЊЕТО ПО 10 СААТИ Е НАДВОР ОД УМОТ!“Македонец со апел, бара поддршка за решавање на проблемот со чекањето на Евзони!
(Видео) Коли без таблички пред влезот на кочанската полиција за „одбрана“ од мајките што протестираат?!
Небезбедно Охридско пристаниште – капетаните предупредуваат на сериозни ризици за патниците и бродовите
ВЈТ Белград: Приведени осуммина подготовувале напади врз државни институции; Блокади на граѓани низ цел Белград
Вчитувам....