Од 11 до 13 ноември во Струга се одржа VI конгрес на инфектолози, на кој учество зедоа многу доктори од земјава и регионот. На овој значаен конгрес, од Клиничка болница „Аџибадем Систина“ присуствуваа: д-р Валерија Кирова-Урошевиќ, д-р Ивана Јовановска-Христова, д-р Ивица Димитров, под водство на д-р Патриција Каламарас и д-р Никола Шиков.
„Активното учество на Конгресот на инфектолози претставува осврт на успешната соработка меѓу одделите за инфектологија, кардиологија и анестезиологија, ја истакнува важноста од соработката и е успешен пример на мултидисциплинарен пристап во работата на амбулантските и хоспиталните пациенти во ‘Аџибадем Систина’“ – изјавија претставниците од „Аџибадем Систина“.
Темите што ги обработија нашите доктори беа новите модалитети на имиџинг во дијагностика на компликации од ковид-19 и употреба на современи лабораториски параметри во следењето на тешки болни во болница.